Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Январь
2019

Новости за 31.01.2019

Безбедносни служби на САД: Ниско ниво на ризик од насилство на Балканот

SlobodnaEvropa.mk 

Во извештајот на американскиот директор на Националните разузнавачки служби Даниел Коатс, во кој се прикажани безбедносните проценки за закани во светот во 2019 година, за Балканот се наведува дека постои ниско ниво на ризик од насилство. „На Западен Балкан речиси сигурно и понатаму ќе остане некој ризик од ниско ниво од избувнување на насилство и можност од отворен воен судир во текот на 2019 година“, се наведува во извештајот. Во документот се посочува дека Русија и понатаму ќе инсистира да... Читать дальше...

Увозните такси за Србија ја разнишаа косовската влада

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерите на најголемите партии од владејачката коалиција, премиерот Рамуш Харадинај од Алијансата за иднината на Косово (ААК), претседателот на Собранието, Кадри Весели од Демократска партија на Косово (ПДК) и вицепремиерите Фатмир Лимај од Социјалдемократска иницијатива (Нисма) и Беџет Пацоли од Алијансата Ново Косово (АКР), вечерва повторно се собраа на средба кај претседателот на државата Хашим Тачи. Веста, како што јави дописникот на МИА од Приштина, ја објави агенцијата Косовапрес, напоменувајќи... Читать дальше...

Врховниот суд го ограничи СЈО, кој ја направил пензиската дупка?

SlobodnaEvropa.mk 

Врховниот суд одлучи дека СЈО не може да поднесува обвиненија по истекот на рокот на 18 месеци, со што многумина политичари ќе се спасат од истраги и обвиненија. Весниците пишуваат и за аферата во пензискиот фонд.



Филип Петровски сака да се кандидира за претседател

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот пратеник Филип Петровски поднесе кандидатура во ВМРО-ДПМНЕ за претседателски кандидат на оваа партија. „Апелирам ВМРО-ДПМНЕ да ја прифати мојата кандидатура и заедно да го поразиме Зоран Заев“, рече Петровски. Минатата недела, и пратеникот Влатко Ѓорчев објави дека се кандидира на огласот во неговата партија ВМРО-ДПМНЕ за изборот на нивни кандидат за претседател на државата. ВМРО-ДПМНЕ ќе го избере својот кандидат за претседателските избори на партиската конвенција закажана за 16 февруари во Струга.

Спасовски – Луѓе од МВР им даваат информации на ВМРО-ДПМНЕ

SlobodnaEvropa.mk 

Постојат луѓе и во Министерството за внатрешни работи и во други државни институции кои се задолжени и даваат информации за состојбите во институции до ВМРО-ДПМНЕ, односно до група за проценка во партијата, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на пратенички прашања за објавените извештаи во порталите подготвени од, како што рече, одредени лица за следење на активности на политичкиот противник, но и внатре во ВМРО-ДПМНЕ. Според Спасовски, „со активностите на партиските... Читать дальше...

Ципрас следната недела ќе ја посети Турција

SlobodnaEvropa.mk 

Грчкиот премиер Алексис Ципрас на 5 и 6 февруари ќе престојува во Турција, при што е предвидена средба со турскиот претседател и со Вселенскиот патријарх, јави дописничката на МИА од Атина. На покана од претседателот на Турција, Реџеп Таип Едоган, Ципрас во вторник ќе биде во Анкара, соопшти портпаролот ја грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос на денешниот брифинг со новинарите. По средбата Ердоган – Ципрас, предвидена е прес-конференција и работна вечера. На 6 февруари грчкиот премиер ќе замине... Читать дальше...

Заев - Ако има можности, ќе ги декласифицираме документите од преговорите за името

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев најави дека ако постојат законски можности ќе им препорача на институциите да бидат декласифицирани документите од преговорите за името со Грција, од 1992 година до склучувањето на Договорот од Преспа. „Ако постојат можности во соодветен момент којшто не би нанел штета на државата ниту на односите со Грција, лично би им препорачал на институциите да ги декласифицираат и објават податоците“, рече Заев во одговор на пратеничко прашање од пратеничката Нола Исмајловска Старова. Читать дальше...



Дескоска – Ако не може да гони СЈО, може основното обвинителство

SlobodnaEvropa.mk 

Ниту еден криминал не смее да остане неказнет, не смее да се бараат процедурални причини за вакво или такво постапување со цел да се избегне одговорноста. Одговорност за сторените кривични дела мора да постои и очекувам дека Јавното обвинителство ќе продолжи со гонење, без оглед каков ќе биде нивниот понатамошен став – кој ќе го продолжи гонењето. Ова го истакна министерката за правда Рената Дескоска одговарајќи на новинарско прашање во врска со вчерашната одлука на Врховниот суд за Специјалното... Читать дальше...

Независните од ВМРО-ДПМНЕ бараат почитување на Законот за амнестија

SlobodnaEvropa.mk 

Независната пратеничка група на ВМРО–ДПМНЕ преку соопштение наведува дека Јавното обвинителство не го испочитува Законот за амнестија, кој произлезе од процесот за помирување. Во соопштението наведуваат дека на денешното рочиште за 27 април, Обвинителството не ги испочитувало одредбите од член 1 од Законот за амнестија, каде многу прецизно било дефинирано за какви дела треба да продолжи судскиот процес. Од независната група велат дека „почитувањето и спроведувањето на законот е императив за владеење на правото“. Читать дальше...

Ѕанакопулос - Во следните денови ратификација на Протоколот за прием на Северна Македонија Во НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

Во текот на следните денови Протоколот за членство во НАТО ќе биде ратификуван од грчкиот Парламент, рече портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос на денешниот редовен брифинг со новинарите и ги објасни обврските и следните чекори за Грција, јави дописничката на МИА од Атина. „Во текот на следните денови Парламентот ќе го ратификува Протоколот за прием на Северна Македонија во НАТО, а во продолжение ќе се испрати Вербална нота од Министерството за надворешни работи... Читать дальше...

Мијалков не му верува на Лазаревски

SlobodnaEvropa.mk 

Тензични противници во судот, мирни соговорници за спорт надвор од него. Дел од обвинетите на кратките паузи од повеќечасовното испрашување на свиркачот Ѓорѓи Лазаревски опуштено разговараа со дел од обвинителите од СЈО. Во судницата пак, Мијалков во неколку наврати го презема испрашувањето на сведокот во обид да го дискредитира неговиот исказ.

Русија утврдила „одредени прекршувања“ кај Би би си

SlobodnaEvropa.mk 

Руското медиумско регулаторно тело соопшти дека утврдило „одредени прекршувања“ од страна на светскиот сервис на Би би си кој функционира во Русија. Роскомнадзор сега размислува како да продолжи со случајот, без да соопшти детали за какви прекршувања се работи. Роскомнадзор претходно овој месец соопшти дека го истражува британскиот медиум под сомнение за промовирање исламистички екстремизам и дека ќе бидат прегледани емитувањата на Би би си во Русија од 14 до 31 јануари. Во декември Роскомнадзор... Читать дальше...

Трамп оптимист за преговорите со Кина

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп e оптимист за преговорите со кои треба да се стави крај на шестмесечниот трговски спор со Кина, кој ги потресе економиите на двете земји, но и глобалните пазари. Трамп на Твитер напиша дека состаноците се одвиваат добро. Денеска е вториот ден од разговорите меѓу американските и кинеските преговарачи во Вашингтон. Во друга порака, тој напиша дека „нема конечна спогодба“ додека не се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг. Двете страни имаат еден месец да постигнат решение. Читать дальше...

Европскиот парламент го призна Гваидо за претседател на Венецуела

SlobodnaEvropa.mk 

Парламентот на ЕУ гласаше да го признае Хуан Гваидо за привремен претседател на Венецуела, како симболичен чекор да се изврши притисок врз оспоруваниот претседател на оваа земја, Николас Мадуро. Пратениците од Европскиот парламент усвоија необавезна резолуција и ги повикаа владите на земјите членки да го сторат истото. Документот беше усвоен со 439 гласа наспроти 104, а 88 пратеници беа воздржани. Гваидо е лидер на опозицијата и претседател на парламентот. Тој неодамна се прогласи за шеф на... Читать дальше...

Вучиќ му пишал на Трамп

SlobodnaEvropa.mk 

Српскиот претседател Александар Вучиќ испратил писмо до американскиот колега Доналд Трамп, во кое бара поддршка за наоѓањето трајно и одржливо решение за Косово. Вучиќ во писмото го поканил Трамп да ја посети Србија. Како што соопштија од кабинетот на Вучиќ, тој на Трамп му се заблагодарил за поддршката што САД ја даваат на европскиот пат на Србија, особено во поддршката на напорите за зачувување на мирот и стабилноста во регионот на Западен Балкан. Вучиќ во писмото наведува дека Србија е посветена на дијалогот... Читать дальше...

Мијалков го испрашува Лазаревски за прислушувањето

SlobodnaEvropa.mk 

Откако утврдиле дека системот за прислушување се злоупотребува со прислушување на јавни личности, Звонко Костовски на Ѓорги Лазаревски му рекол дека се прислушуваат актуелните министри. „Ми рече - нема некој што не е прислушуван. Тогаш го замолив во 2010 да собира докази“, рече Лазаревски во денешното сведочење пред Суд. Тој одговарајќи на прашањата на одбраната посочи дека по сознанијата што ги добил заедно со неговиот колега Звонко Костовски барале начин како да пристапат во вториот систем каде што биле следени нелегално комуникациите. Читать дальше...

Дебарскиот совет го избра Екуран Дука за ВД градоначалник

SlobodnaEvropa.mk 

Во тензична атмосфера денеска советот на Општина Дебар за ВД градоначалник го избра Екуран Дука од ДУИ. Откако почина избраниот градоначалник на ова општина Ружди Лата, Советот на општината двапати бираше привремни градоначалници. Прво беше избран Еуген Цами од Алијанса за Албанците, а откако се смени мнозинството во Советот за ВД градоначалник беше избран Дука од ДУИ, по што следеа партиски препукувања. На денешната седница присуствуваа и претставници на ОБСЕ. Советот прво го разреши Цами, па повторно го избра Дука. Читать дальше...

Јанева и Јовески ќе ја почитуваат одлуката на Врховниот суд

SlobodnaEvropa.mk 

Шефицата на СЈО, Катица Јанева денеска остварила средба со јавниот обвинител Љубомир Јовески со кој разговарала за одлуката на Врховниот суд, соопштија од СЈО. Врховниот суд донесе одлука дека СЈО може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражната постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите од негова надлежност. Во тој контекст, како што наведуваат од СЈО, Јовески и Јанева се согласиле дека постапувањето по предметите ќе продолжи согласно позитивните законски прописи. Читать дальше...


Музыкальные новости
Сергей Трофимов

Сергей Трофимов выступит с летним концертом в Зеленом Театре ВДНХ





Персональные новости
Динамо

"Динамо" и "Зенит" назвали стартовые составы на матч 26-го тура РПЛ





Клиниката за стоматологија се дезинфицира по случајот со бактеријата МРСА

SlobodnaEvropa.mk 

Откако кај еден вработен во Стоматолошката клиника беше откриена бактеријата МРСА од Клиниката соопштија дека тој не доаѓа на работа, а клиниката се чисти и дезинфицира. Од таму посочуваат дека нема новопријавени случаи и дека ги очекуваат останатите резултати од санитарниот преглед на вработените. Во соопштението на Клиниката апелираат до јавноста да нема сомнеж за сигурно и квалитетно давање на стоматолошки здравствени услуги.

Русковска бара казни за обвинетите за „27 април“, очекува и истрага за организаторите

SlobodnaEvropa.mk 

Обвинителката Вилма Русковска во завршни зборови пред Судот побара на обвинетите за насилствата во Собранието на 27 април 2017 година да им изречат казни со кои ќе се постигне целта за делото за кое се обвинети, односно за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата. За ова кривично дело, според законот, е предвидена минимална затворска казна од 10 години. Таа побара судот при носење на пресудата да ги цени како отежнителните, така и олеснителните околности и да им изрече казна со што ќе бидат постигнати целите. Читать дальше...

Лазаревски во системот за прислушување влегол во 2008

SlobodnaEvropa.mk 

„Свиркачот“ Ѓорѓи Лазаревски, од МВР, во Оперативниот систем за прислушување влегол со лозинска и корисничко име и го ископирал тоа што му требало. За корисничко име го искористил главниот администраторски влез во системот. Тој денеска во Кривичниот суд сведочеше во случајот Таргет - Тврдина“. „Никаква друга активност во системот не направив, освен копирањето на посочените логови“, потенцира Лазаревски. Системот за следење бил набавен во 2000 година и логовите биле незаштитени за администраторот... Читать дальше...

Вакцините се уредни тврдат од Министерство за здравство

SlobodnaEvropa.mk 

Заменик министерот за здравство Асим Муса вели дека вакцините што се во употреба во здравствените институции се уредни и ги исполнуваат европските стандарди. Тој на денешната собраниска седница одговарајќи на прашање на пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека ова одговорно го тврди. Муса додаде дека вакцините што беа со погрешни декларации се повлечени од здравствените институции. „Дека вакцините во нашите здравствени установи се целосно уредни и воопшто не се поинакви од вакцините... Читать дальше...

Џафери собраниската седница ја води на албански јазик

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Собранието Талат Џафери денешната седница за пратенички прашања за започна на албански јазик. Тој тоа го најави претходно денеска на средба со новинарите. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски имаше забелешки за чекорот на Џафери велејќи дека го крши Деловникот, законите и Уставот. На тоа претседателот на собранието одговори дека постапува според законот за употреба на јазиците кој е на сила. Претходно Џафери на средба со новинарите рече дека за поставувањето... Читать дальше...

Случај 27 април - Сведок тврдел дека Груевски ги давал наредбите

SlobodnaEvropa.mk 

На 27 април 2017 за време на насилствата во Собранието обвинетиот Митко Чавков, кој тогаш бил прв човек на БЈБ бил во штабот на ВМРО-ДПМНЕ и од таму давал наредби за пасивно делување, рекоа обвинителките на денешното судење. Чавков откако добил порака дека ќе се избира претседател на Собранието, истата порака му ја препратил на поранешниот премиер и тогашен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тоа било утврдено преку вештачењето на телефонот на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски. Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

Московские школьники стали победителями всероссийской олимпиады по математике


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Даниил Медведев

Медведев рассказал, что у него не получилось в первом сете матча с Арнальди в Мадриде


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

В Москве прошел ливень «летней интенсивности»





Путин в России и мире
Москва

Путин поздравил Леонида Рошаля с днем рождения


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Это - война: литовские беспилотники попытались атаковать Минск




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире

Навальный в России и мире
Москва

Продюсера Reuters арестовали за публикацию материалов на YouTube-канале «НавальныйLIVE»



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Певица

Певица Ольга Бузова прошла плановый осмотр в больнице



Москва

Синоптик Шувалов рассказал о похолодании в Москве

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net