Филип Петровски сака да се кандидира за претседател
Поранешниот пратеник Филип Петровски поднесе кандидатура во ВМРО-ДПМНЕ за претседателски кандидат на оваа партија.
„Апелирам ВМРО-ДПМНЕ да ја прифати мојата кандидатура и заедно да го поразиме Зоран Заев“, рече Петровски.
Минатата недела, и пратеникот Влатко Ѓорчев објави дека се кандидира на огласот во неговата партија ВМРО-ДПМНЕ за изборот на нивни кандидат за претседател на државата.
ВМРО-ДПМНЕ ќе го избере својот кандидат за претседателските избори на партиската конвенција закажана за 16 февруари во Струга.