123ru.net
World News in Macedonian
Январь
2019

Новости за 15.01.2019

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да ги бојкотира претседателските избори

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека партијата нема да ги бојкотира претседателските избори. Мицкоски во Отворено студио на телевизија Алфа порача дека изјавата на генералниот секретар на партијата Игор Јанушев била погрешно протолкувана и намерно спинувана. Тој уште еднаш побара заедно со претседателските истовремено да се одржат и предвремени парламентари избори. Мицкоски порача и дека со денешното објавување во Службен весник на Законот за јазици претседателот на Собранието... Читать дальше...

Меј ги повика пратениците да донесат историска одлука за Британија

SlobodnaEvropa.mk 

Британскиот премиер Тереза Меј ги повика пратениците да го поддржат нејзиниот предлог за напуштање на земјата на ЕУ, велејќи дека се работи за историска одлука која ќе ја постави иднината на генерациите кои доаѓаат. Меј пред гласањето порача дека Владата мора да работи повеќе со Парламентот за Брегзит. Таа предупреди дека гласањето против владиниот предлог го доведува под прашалник заминувањето на земјата од Унијата. Според неа, тоа би било „изневерување на гласот на Британците“. Последен рок за... Читать дальше...

Најмалку 5 жртви во напад на луксузен хотел во Кенија

SlobodnaEvropa.mk 

Во напад на луксузен хотелски комплекс во Најроби загина најмалку пет лица. Нападот го извршиле милитанти од сомалиската група Ал Шабаб која е поврзана со Ал Каеда. Пукотници и експлозии се слушале од реонот Вестленд во главниот град на Кенија каде се наоѓа хотелскиот комплекс. Се уште не се знае точната бројка на повредени. Милитантите на Ал Шабаб претходно извршија напад во трговски центар во Најроби при кој загинаа 67 луѓе.



Една скала им го менува животот на лицата со инвалидитет

SlobodnaEvropa.mk 

Неопходни се пристапни рамки за пристап на лицата со инвалидитет до јавните објекти. Лицата коишто не се соочуваат со инвалидност не можат да замислат дека една скала може комплетно да му го промени животот на лицето со инвалидност, велат активистите.

Канческа Милевска: Не сум уценета и стојам цврсто зад одлуката за уставни измени

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска по денешното рочиште за случајот „Тендери“ на СЈО изјави дека никој не ја уценил за да гласа за усвојување на уставните измени во Собранието. „Ниту сум уценета, ниту пак ќе дозволам да бидам уценета за било што и било како. Едно е уставните измени и моето гласање во таа насока и ставањето на државните интереси пред се. Значи стојам цврсто, јасно и гордо зад таа моја одлука“, рече Канческа Милевска пред Кривичниот суд. Канческа Милевска... Читать дальше...

Предлог законот за спречување на корупцијата со европско знаменце

SlobodnaEvropa.mk 

Владата на денешната 115-та редовна седница донесе одлука на Собранието да му предложи Предлог-законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси да се донесе по скратена постапка и со европско знаменце. Како што соопштуваат од владината прес-служба, целта е законот да се донесе што е можно побргу со цел зајакнување на ефикасноста и независноста на Државната комисија за спречување на корупцијата и зајакнување на правната и институционална антикорупциска рамка за поефикасна превенција и борба против корупцијата.

Димовска: Сакавме да го разбудиме интересот кај младите творци за екс либрис

SlobodnaEvropa.mk 

Во Отвореното графичко студио при Музеј на град Скопје, овој четврток, на 17 јануари ќе биде затворена 4-та Меѓународна биенална изложба на екс либрис, една од ретките во регионот и манифестацијата на која беа претставени 237 дела на стотина уметници од 26 земји во светот.

САД: Русија и натаму го прекршува нуклеарниот договор

SlobodnaEvropa.mk 

Русија и натаму го прекршува Договорот за уништување и забрана на производство на проектили со кус и среден дострел (ИНФ), соопштија САД по новата рунда билатерални разговори кои завршија без договор. Американски и руски дипломати се сретнаа во Женева во услови на зголемена загриженост за иднината на билатералниот договор. Американскиот претседател Доналд Трамп во октомври изјави дека Вашингтон ќе се повлече од договорот доколку Русија и не ги почитува неговите одредби. Русија на обвинувањата... Читать дальше...



Косово нема да ги укине таксите за Србија и покрај барањето на САД

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај потврди денеска дека САД официјално побарале неговата земја да ги укине таксите од 100 отсто за производи од Србија. Тој очекува договорот за меѓусебно признавање со Србија да биде постигнат, а ако тоа не се случи до 2022 година, таксите ќе останат на сила. Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, им понудил на двете земји да посредува во трговскиот спор со цел одблокирање на Дијалогот за нормализација на односите.Во интервјуто за МИА, Хан истакнува дека „за... Читать дальше...

За Мицотакис договорот од Преспа претставува голема национална отстапка

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на најголемата грчка опозициска партија, Нова демократија, Кирјакос Мицотакис на денешната расправа во грчкиот Парламент за гласање доверба на Владата, го повтори неговиот став дека давањето глас за доверба значи „да“ за Договорот од Преспа. Тој на грчкиот премиер Алексис Ципрас му одговори дека договорот претставува голема национална отстапка. Мицотакис упати обвинувања и до неодамнешниот коалициски партнер во Владата, Панос Каменос, за кој рече дека заедно со Ципрас се соработници и ќе треба да се оправдаат пред грчкиот народ... Читать дальше...

Филипче со санкции и казна за погрешните декларации на вакцините

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека околу 65 кутии вакцини имале погрешни декларации. Тој порача и дека ќе ги повикаат директорите на здравствените домови и тие кои ја примиле пратката со вакцини, да им укажат на пропустите и ќе преземат санкции кон одговорните. Според Филипче, официјалните претставници на компанијата „Глаксо Смит Клајн“, имале увид во самата вакцина, пакувањето и рокот и ги увериле дека тоа е нивен производ, дека рокот е добар и квалитетот е согласно нивните стандарди... Читать дальше...

Ѓурчиновски на заседание на Воениот Комитет на НАТО во Брисел

SlobodnaEvropa.mk 

Началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски денеска во седиштето на НАТО во Брисел изјави дека македонската армија со учеството во мисијата „Одлучна Поддршка“ во Авганистан дала огромен придонес. На заседанието на Воениот Комитет на НАТО, тој посочил дека придонесот на АРМ не се огледа само со учеството во мисиите од самиот почеток, туку и со оствареното зголемување на персонал за 20 проценти. Како што соопштија од АРМ, пред учесниците на сесијата, од страна на военото и цивилно раководство... Читать дальше...

Рускиот суд им го продолжи притворот на украинските морнари

SlobodnaEvropa.mk 

Судот во Москва го продолжи притворот за 12 украински морнари кои беа заробени заедно со уште 12 нивни колеги од страна на руските сили откако три украински бродови беа нападнати во Црното море во ноември. Притворот на морнарите им е продолжен до 24 април. Некои од присутните во судот извикуваа „Слава за Украина. Се очекува судот да го продолжи притворот и за останатите 12 морнари. Сите 24 морнари соопштија дека сметаат дека нивното затворање е политички мотивирано.

Во Австралија температури до 50 степени

SlobodnaEvropa.mk 

Австралиските власти ги предупредија граѓаните да не престојуваат на отворено поради рекордно високите температури во некои делови од земјата кои ќе се задржат, а ќе бидат во пораст во следните неколку дена. Во делови од најнаселената сојузна држава Нов Јужен Велс и во делови од Западна Австралија забележани се ноќни рекордни температури од 33 Целзиусови степени, а максималната дневна температура може да достигне и повеќе од 45 степени. Во градот Марбел Бар беа измерени дури 49,3 степени. Невообичаено... Читать дальше...

Каменос: Грешка на премиерот е поддржувањето на веќе мртвиот Договор од Преспа

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на Независни Грци, Панос Каменос денеска на Твитер упати критики до грчкиот премиер, Алексис Ципрас за Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина. „Грешка на премиерот е поддржувањето на веќе мртвиот Договор од Преспа“, напиша лидерот на Независни Грци, Панос Каменос на неговиот официјален Твитер профил, веднаш по говорот на Алексис Ципрас во грчкиот Парламент. Претходно грчкиот премиер истакна дека не се согласува со ставот на лидерот на Независни Грци во однос на прашањето за името... Читать дальше...

Двојазичноста стапи во сила, дилеми кој го прекршил Уставот

SlobodnaEvropa.mk 

Уставна или не е постапката за објавување на Законот за јазиците во Службен весник без потпис на претседателот на државата, е тема на прекупување меѓу власта од една страна и претседателот на државата и опозицијата од друга. Законот е објавен само со потпис на претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој вели дека имал уставна надлежност да го стори тоа. Од Владата ја поддржуваат неговата постапка. Претседателот Иванов и опозицијата велат дека тоа е неуставно и претставува основа за кривично гонење.

Израел ќе продолжи да ги напаѓа иранските сили во Сирија

SlobodnaEvropa.mk 

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговите трупи ќе продолжат да ги напаѓаат иранските сили на територијата на Сирија. Ова предупредување доаѓа откако началникот на израелските сили призна дека Израел гаѓал ирански трупи стотина пати во Сирија. „Ви кажувам, веднаш излезете од таму. Нема да престанеме да ве напаѓаме“, изјави Нетанјаху. Toj го исмеa иранскиот функционер кој го негираше присуството на ирански војници во Сирија и рече дека Иран имал само советодавна позиција. „Тие секогаш лажат. Читать дальше...

МНР: Жалиме што Русија негативно ги толкува процесите кои водат кон стабилна Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за надворешни работи на Република Македонија со жалење констатира дека Департманот за информирање на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација повторно, во негативен контекст, апострофира автентични политички процеси во две соседни земји, кои водат кон решавање на проблеми, зацврстување доверба и градење пријателство, реагира министерството за надворешни работи по повод коментарот на Департманот за информирање на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација... Читать дальше...

Џафери: Не чувствувам одговорност, му дадов доволно време на Иванов да ги потпише указите

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Собранието Талат Џафери на прес конференција за новинарите изјави дека не чувствува одговорност за тоа што ги потпишал указите за законот за употреба на јазиците и законот за ратификација на договорот од Преспа по што истите беа и официјално објавени во Службен весник, без потписот на претседателот на државата Ѓорге Иванов. “Не чувствувам одговорност, јас постапив според моите надлежности. На претседателот му оставив доволно време за двата указа. За првиот имаше една година, за вториот шест месеци... Читать дальше...


Музыкальные новости
Пётр Чайковский

В Воткинске могут благоустроить набережную в районе музея-усадьбы Петра Чайковского





Персональные новости
Желдорреммаш

На ЧЭРЗ приступили к реорганизации производственной площадки





Почна расправата во грчкиот Парламент за доверба на Владата на Ципрас

SlobodnaEvropa.mk 

Со говор на грчкиот премиер Алексис Ципрас, започна расправата во грчкиот Парламент за гласање на доверба на Владата. Претседателот на Парламентот Никос Вуцис на почетокот на пленарната седница, рече дека расправата ќе заврши најдоцна утре на полноќ со гласање на пратениците. Ова предизвика реакции кај опозициските партии, кои бараа расправата да трае три дена колку што е законски најдолгиот дозволен рок, со образложение дека така ќе имаат можност да земат збор што повеќе пратеници, јави дописничката на МИА од Атина. Читать дальше...

20 години од масакрот кој доведе до пресврт во војната на Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Пред 20 години, 45 албански цивили беа убиени во косовското село Рачак од страна на српските безбедносни сили. Масакрот беше и една од главните причини за интервенцијата на НАТО во 1999-та година, по што заврши двегодишната војна на Косово.

Иванов: Објавувањето на законите во Службен весник е незаконско

SlobodnaEvropa.mk 

Објавувањето на Законот за употреба на јазиците и на Законот за ратификација на спогодбата од Преспа во Службен весник без потпис на указ од Претседателот на Република Македонија се противуставни, вели претседателот Ѓорге Иванов, откако денеска во Службен весник беше објавен Законот за употреба на јазиците, на кој стои само потписот на претседателот на Собранието Талат Џафери. Еден ден претходно во Службен весник беа објавени и уставните измени со кој се менува името на државата во Република Северна Македонија. Читать дальше...

Законот за јазиците објавен во Службен весник, уставно или не?

SlobodnaEvropa.mk 

Постапката за објавување на Законот за јазиците во Службен весник без потпис на претседателот на државата за дел познавачи е редок случај, кој не треба да се применува во правото, други пак мислат дека нема ништо спорно во тоа. Владејачките партии честитаат, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека објавувањето на законот во Службен весник е кривично дело.

По убиството на градоначалникот, повици за нови убиства во Полска

SlobodnaEvropa.mk 

По убиството на градоначалникот на Гдањск, Павел Адамовиќ, полицијата во Полска уапсила три лица кои повикувале на нови убиства преку социјалните мрежи. Адамович, беше нападнат со нож во неделата вечер на хуманитарен настан. Тој веднаш по нападот, на кој беше прободен со нож во срцето, беше пренесен во болница и беше подложен на операција, но набргу им подлегна на повредите. Засега не е познато на чие убиство повикувале уапсените, објави агенцијата Асошиејтед Прес.

Меѓународниот суд го ослободи Лорен Гбагбо

SlobodnaEvropa.mk 

Меѓународниот кривичен суд во Хаг го ослободи поранешниот претседател на Брегот на Слоновата Коска, Лорен Гбагбо. Тој беше обвинет за злосторства против човештвото во врска со насилството по спорните избори во 2010 година. Во насилните настани по изборите загинаа 3.000 лица, а околу 500 000 се раселени. Гбагбо беше уапсен во 2011 година во бункер на претседателската палата, во акцијата на ОН и силите поддржани од француските сили и од неговиот ривал, Аласан Уатара. Судиите на МКС пресудија... Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

Блиц-матч по шахматам между двумя командами провели в павильоне «Спорт для каждого»


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

Виктория Азаренко вышла в полуфинал турнира WTA-1000 в Майами


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

В Москве прошла эковыставка Hydrate The World





Путин в России и мире
Москва

Наблюдательная миссия ЕС в Армении превращается в миссию НАТО.


Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

«Зеленский кричит»: польский генерал рассказал, что творится в Киеве


Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Виктор Пинчук

Творческая встреча с искателем приключений состоится в Симферополе



Москва

В Москве начали работать камеры для фиксации нарушений при езде на самокатах

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net