Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Январь
2019

Новости за 29.01.2019

Повеќе од 130 мигранти исчезнати на крајбрежјето на Џијаботи

SlobodnaEvropa.mk 

Повеќе од 130 мигранти се водат за исчезнати откако два пренатрупани брода се превртиле во близина на брегот на Џијабути, соопшти Меѓународната организација за миграции. Спасувачките екипи пронашле двајца преживеани и тела на 5 жртви. Според организацијата, еден од преживеаните е 18 годишно момче на чиј брод имало 130 патници, но тој немал информации за вториот брод. Се уште не се знае која националност се мигрантите.

Кавга во Дебар за тоа кој е градоначалник

SlobodnaEvropa.mk 

Советот на Општината прво го избра Еуген Цами за вршител на должноста градоначланик на Дебар, потоа се обезбеди ново мнозинство и го избраа Екуран Дука за прв човек на општината. Околу оваа нејаснотија треба да пресече Министерството за локална самоуправа и надлежните државни инспектори.

Палестинскиот премиер поднесе оставка

SlobodnaEvropa.mk 

Палестинскиот премиер Рам Ал Хамдалах поднел оставка од функцијата што може да има негативно влијание врз напорите за помирување со исламистичката група Хамас, која владее со Појасот Газа. Хамдалах за оставката го известил претседателот Махмуд Абас. Абас соопшти дека ја прифатил оставката и дека владата ќе продолжи да ги извршува своите должности додека не биде биде формирана новата влада. Хамдалах, кој беше малку познат академик ја предводеше владата од 2014 година.



Русија и Кина најактивни за сајбер шпионажа на САД

SlobodnaEvropa.mk 

Директорот на американската разузнавачка служба, Ден Коутс изјави денеска дека Русија и Кина претставуваат најголеми закани за шпионажа и сајбер криминал. Според него, двете земји заедно со Иран и Северна Кореја засилено користат сајбер операции со цел да крадат информации, да влијаат врз граѓаните во САД и да ја нарушат критичката инфраструктура. Во сведочењето пред американските сенатори, тој истакна и дека противниците на САД веќе се обидуваат да се вмешаат во изборите во 2020 година, преку... Читать дальше...

ОЈО отвори предмет за вакцините со погрешни декларации

SlobodnaEvropa.mk 

Основното јавно обвинителство отвори предмет по допрен глас во врска со евентуални неправилности при увозот, дистрибуцијата и употребата на вакцината МРП, во периодот од крајот на 2018 и почетокот на 2019 година. „Со таа цел надлежен јавен обвинител веќе издаде наредба до Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи со која побара да се извршат проверки во правното лице „Македонија лек“, како увозник и дистрибутер на вакцината МРП“, се наведува во соопштението на ОЈО. Проверки... Читать дальше...

ММФ очекува раст на македонската економија од 2,8 проценти

SlobodnaEvropa.mk 

Меѓународниот монетарен фонд во извештајот за Македонија за минатата година ја оценува поставеноста на монетарната политика како соодветна, а банкарскиот сектор стабилен, се наведува во соопштението од НБРМ. Во поглед на макроекономските движења, ММФ очекува економскиот раст годинава да забрза на 2,8 проценти, поддржан од закрепнувањето на инвестициската активност и на 3,4 отсто на среден рок. Според ММФ, зголемениот глобален протекционизам и затегнувањето на меѓународните финансиски услови се... Читать дальше...

Осум истраги на СЈО под знак прашалник

SlobodnaEvropa.mk 

Шефицата на СЈО, Катица Јанева денеска изрази загриженост дека осум истраги на СЈО се под знак прашалник за предмети кои биле преземени од ОЈО, а за кои има прислушувани разговори. Според неа, истрагите зависат од тоа како во новиот закон ќе биде решена одредбата со која се утврдува дека СЈО има рок од 18 месеци од преземање на предметите и материјалите да подигне обвинение за случаите. Таа за време на дебатата во МАНУ, порача и дека Министерството за правда треба да најде начин како ќе се чуваат... Читать дальше...

Бугарија планира да го воведе еврото до 2022 година

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави денеска дека неговата земја се уште има за цел да го воведе еврото до 2022 година и покрај отпорот од некои локални бизнисмени кои стравуваат од поголема контрола врз економијата. Според него, една од главните придобивки од воведување на еврото е тоа што банкарскиот систем на Бугарија ќе биде повеќе дисциплиниран, бидејќи ќе биде надгледуван од Европската Централна банка, а не од властите кои, како што наведе Борисов, знаат понекогаш да бидат поблаги.



Осум жртви во напад на полициска станица во Пакистан

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 8 луѓе загинале во напад на полициска станица во покраината Балочистан во Пакистан додека се одвивала регрутација на полицајци. За време на инцидентот биле присутни околу 900 кандидати за работно место во безбедносните служби, при што било повредено и 21 лице. Нападот го извршиле тројца милитанти кои носеле елеци со експлозивни направи и биле вооружени со автоматско оружје. Двајца од нив го активирале експлозивот, а третиот бил убиен од страна на безбедносните служби.

Димитров - Визионер или политички камелеон

SlobodnaEvropa.mk 

Пратениците во Собранието жестоко дебатираат за интерпелацијата на министерот Никола Димитров која ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ, при што се обвинуваат меѓусебно за предавство на државата поради ратификувањето на Договорот од Преспа.

Османи во одбрана на директорите на ПИОМ од ДУИ, Шекеринска во одбрана на Царовска

SlobodnaEvropa.mk 

Вицепремиерот Бујар Османи денеска рече дека „апсолутно немало никаква злоупотреба“ на пари од Фондот за пензиско, но министерката за одбрана Радмила Шекеринска вели дека е јасно оти злоупотреба имало и таа мора да се истражи.

Нови шест случаи на морбили, меѓу кои и бебе од месец ипол

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за здравство информираше денеска дека шест нови случаи со мали сипаници се регистрирани во Скопје и околината, а меѓу заболените е и бебе од Чаир од месец ипол, кое е на домашно лекување. Според министерството, три деца се на болничко лекување, од кои едното е двегодишно дете од село Моране, другото е двегодишно од Ѓорче Петров, кое не посетува детска градинка, а третото е дете на возраст од 3,5 години, кое исто така не посетувало градинка. Oд почетокот на епидемијата, досега, регистрирани се 117 случаи со морбили.

Формирана комисијата која ќе врши селекција на новите антикорупционери

SlobodnaEvropa.mk 

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ги избра членовите на комисијата кои ќе треба да извршат селекција на пријавените кандидати за Државната комисија за спречување на корупција. Четворица се од редовите на пратениците, односно по двајца од власта и опозицијата, односно Мухамед Зекири од СДСМ, Атран Груби од ДУИ, Зоран Илијоски од ВМРО-ДПМНЕ и Владанка Авировиќ од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ. Останатите тројца членови се Драги Целевски номиниран од Народниот правобранител... Читать дальше...

„Субверзија во црвено“ – македонски претставник на Венециско биенале

SlobodnaEvropa.mk 

„Субверзија во црвено“, проектот на уметницата Нада Прља и на Музејот на современата уметност од Скопје, ќе ја претставува Република Македонија на 58-та Интернационална ликовна изложба во Венеција, што ќе се одржи од 9 мај до 24 октомври годинава.

Меј ги повика пратениците да и покажат на ЕУ каков Брегзит сакаат

SlobodnaEvropa.mk 

Британската премиерка Тереза Меј изјави денеска дека гласањето во Парламентот е шанса да се повлече линија меѓу поделбите, кои предизвикале да не биде одобрен нејзиниот план за Брегзит и е шанса да и се покаже на ЕУ што сакаат пратениците. Таа порача дека и е јасно дека пратениците не го сакаат постоечкиот договор за Брегзит, но сега треба да пратат порака како го замислуваат излегувањето на Британија од ЕУ. Според неа, има волја од страна на ЕУ за постигнување на договор со Британија.

Снимките од Албанија за бегството на Груевски се избришале

SlobodnaEvropa.mk 

Снимките кои Албанија требаше да ги достави до Македонија за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски не се доставени до македонското обвинителство, затоа што биле избришани соопшти денеска државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Тој на денешната конференција одговарајќи на новинарски прашања изјави дека снимките не се обезбедени затоа што, според образложението што го добиле од Албанија, системот не можел да чува голем опсег на податоци и автоматски ги бришел снимките по извесно време. Читать дальше...

Порошенко повторно ќе се кандидира за претседател

SlobodnaEvropa.mk 

Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска најави дека ќе се кандидира за уште еден претседателски мандат на 31 март и вети дека ќе изврши притисок за членство на земјата во ЕУ и НАТО. Тој во својот говор истакна дека чувствува длабока одговорност пред земјата, пред минатите и идните генерации и дека тоа го натерало да се одлучи за да побара од народот уште еден петгодишен мандат на престојните претседателски избори. Тој дојде на власт по проевропските протести во февруари 2014 година откако... Читать дальше...

Сојуз на стопански комори со предупредување до политичарите

SlobodnaEvropa.mk 

Политичката неизвесност го изеде приватниот сектор, голем број на компании се заинтересирани да си ги преселат своите бизниси во соседството, предупредуваат од Сојузот на стопански комори. Стопанските комори на денешната прес конференција испорачаа седум приоритети според кои како што рече претседателката Даниела Арсовска мора да се испочитуваат за да биде годинава економска година. „Обезбедување политичка и правна сигурност, континуиран раст на стопанството, менување на законите исклучиво во консултација со бизнисот... Читать дальше...

Даниелсон - Предвремeни избори ќе го одалечат фокусот од реформите

SlobodnaEvropa.mk 

Прашањето за името е решено, сега останува да се испорачаат реформите во првосудството, борбата против корупцијата, во безбедносните служби и јавната администарција, изјави Директоратот за соседство и преговори за проширување на Европската комисија Кристијан Даниелсон


Музыкальные новости
Анастасия Ивлеева

Суд рассмотрит 25 апреля протокол на Ивлееву за дискредитацию ВС России





Персональные новости
Сергей Собянин

Собянин: Москва завершает переход на новый стандарт экстренной медпомощи





ЕУ бара посилна борба против лажните вести

SlobodnaEvropa.mk 

Европската унија ги повика големите социјални мрежи да ја интезивираат борбата против дезинформациите во пресрет на европските парламентарни избори оваа пролет. Европската комисија денеска го објави овој повик како дел од извештајот за тоа како се справиле минатата година социјалните мрежи во борба со лажните вести он лајн. Во него е наведено дека постои загриженост дека трета страна како на пример Русија би можеле да влијаат на престојните анкети, со цел да ги зајакнат популистичките, евроскептични партии. Читать дальше...

Политиката е против независни антикорупционери

SlobodnaEvropa.mk 

Во земјата има добри закони за борба против корупцијата, но проблемот е што не се спроведуваат, а за тоа клучна е политичката волја, вели претседателката на Транспаренси Интернејшнал Македонија, Слаѓана Тасева. Според најновиот извештај, Македонија се уште е меѓу најкорумпираните држави на Балканот.

Пратениците дебатираат за интерпелацијата на министерот Димитров

SlobodnaEvropa.mk 

Стартуваше седницата за интерпелација на министерот за надворешни работи Никола Димитров. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски кој е и подносител на интерпелацијата од собраниската говорница побара од пратениците да ја изгласат интерпелацијата за Димитров затоа што, како што вели министерот го навредил македонскиот народ од собраниската говорница со тоа што го нарекол „искомплексирана нација“. Тој во својот говор истакна дека Димитров го нарушил угледот и достоинството... Читать дальше...

Русија со критика за САД поради превратот во Венецуела

SlobodnaEvropa.mk 

Руските власти ги критикуваат САД поради превратот во Венецуела при што ја повторија нивната поддршка за оспорениот претседател Николас Мадуро. Москва остро ги критикуваа санкциите кои Вашингтон ги наметна за венецуелската државна нафтена компанија. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го обвини Вашингтон дека „ јавно поставува курс за нелегално менување на режимот“ со признавањето на лидерот на опозицијата Хуан Гваидо за преоден претседател. „ Заедно со другите одговорни членови на светската заедница... Читать дальше...

Повредени полицајци при вчерашниот инцидент во Шуто Оризари

SlobodnaEvropa.mk 

Тројца полицајци се повредени при вчерашниот инцидент во скопската населба Шуто Оризари. Според полицискиот билтен вчера попладне малолетничка тврдела дека видела како непознати луѓе насилно внеле женско лице во комбе, по што вечерта се собрале група револтирани граѓани кои нападнале возило кое било управувано од полицајци кои не биле во тоа време на должност. При инцидентот се повредени двајцата полициски службеници кои биле во автомобилот и еден кој бил службено повикан да интервенира во смирување. Читать дальше...

Нападната полициска станица во Пакистан

SlobodnaEvropa.mk 

При напад на полициска станица во Пакистан, загинале најмалку тројца полицајци а ранети се над 10 цивили велат локалните власти. Неколкумина напаѓачи денеска пукале кон канцеларијата на инспекторот во југозападнатапровинција Балочистан. На нападот му претходела експлозија предизвикана од бомбаш самоубиец.Ниту една милитантна група до сега не преземала одговорност за нападот.

Спорт в России и мире
Москва

Команда подмосковного главка Росгвардии заняла призовое место на чемпионате Центрального округа по стрельбе из боевого ручного стрелкового оружия


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Ига Свёнтек

Свёнтек: я чувствую, что с каждым годом получаю всё большую поддержку


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Huawei представила IDS на 26-м Всемирном энергетическом конгрессе





Путин в России и мире
Москва

Мария Захарова раскритиковала высказывание Нэнси Пелоси о Путине и протестах в США


Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире

Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Баста

"Новосибирск, бро, за всё прости": концерт Басты на "Сибирь-Арене" собрал аншлаг



Москва

Песков заявил об отсутствии конкретики по поводу визита Путина во Вьетнам

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net