123ru.net
World News in Macedonian
Январь
2019

Новости за 04.01.2019

Косово- проширена истрагата за убиството на Оливер Ивановиќ

SlobodnaEvropa.mk 

Косовското Специјално јавно обвинителство ја прошири истрагата за убиството на еден од лидерите на косовските Срби, Оливер Ивановиќ, врз основа на информации добиени од една странска разузнавачка агенција. Како што јави РТК, Специјалното обвинителство информирало дека од разузнавачката агенција биле добиени извештаи и фотографии, кои ќе станат дел од материјалите во истрагата за убиството на Ивановиќ. Според овие нови сознанија, групата што го извршила убиството на Ивановиќ се состоела од пет лица... Читать дальше...

Тевдовски тврди дека прогресивниот данок нема да предизвика зголемување на цените

SlobodnaEvropa.mk 

Прогресивниот данок нема да се одрази врз животниот стандард на населението и од неговото воведување не може да се очекува никакво зголемување на цените, бидејќи станува збор за данок на доход што ќе го плаќаат само околу еден отсто од најбогатите, рече вечерва министерот за финасии Драган Тевдовски. Тој во интервју за ТВ Канал 5 истакна дека прогресивен данок има во сите земји од Европската унија кон која ние се стремиме, како и во САД. Нагласи дека очекува да биде остварена проекцијата за раст... Читать дальше...

Кумановци ќе плаќаат повисока цена за такси услуги

SlobodnaEvropa.mk 

Корисниците од следната година ќе плаќаат по десет денари повеќе во старт, односно 60 денари, а за секој поминат километар по 30, наместо досегашните 25 денари. Корекција на цената е на барање на Здружението на такси превозниците во Куманово.



Заврши средбата Заев-Касами, договорен уште еден состанок до вторник

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев и претседателот на партијата Беса Билал Касами денеска се сретнаа од Владата. Како што соопштија од владиниот кабинет двајцата разговарале за барањата на Беса предводена од Касами во позитивна и пријателска атмосфера, при што се разговарало за причините и за содржината на самите барања. “На средбата е договорено да се одржи уште еден состанок најдоцна до вторник, на работна група составена од претставник од Кабинетот на Претседателот на Владата на Република Македонија, како... Читать дальше...

Во Шведска изолиран пациент за кој се сомнева дека има ебола

SlobodnaEvropa.mk 

Шведските власти соопштија дека денеска во болница е примен пациент со симптоми на ебола, многу заразно заболување кое го има во Конго. Болницата во градот Успала соопшти дека ги очекува резултатите во текот на денот и дека засега се сомневаат дека се работи за ебола иако постои можност пациентот да има друга болест со слични симптоми. Пациентот, додаваат од болницата, се наоѓа на инфективното одделение, но е изолиран од другите пациенти. Во епидемијата од ебола во источниот дел од Конго починаа 360 луѓе.

На Црна Гора и требаат околу 20 000 работници од странство

SlobodnaEvropa.mk 

Квотата за привремен престој и работа на странци во Црна Гора за 2019 година, со одлука на црногорската Влада, е утврдена на 20.454 дозволи, што е за 2.371 помалку од минатата година. Како што е предвидено, 5.000 дозволи се во резерва кај Министерството за труд за дополнително распоредување, во текот на годината, во согласност со потребите на пазарот на трудот. За вработување на странци, утврдени се 11.902 дозволи, а за сезонско вработување 3.552. За градежништво, туризам, угостителство и трговија... Читать дальше...

Финансиската полиција лани поднела 74 кривични пријави

SlobodnaEvropa.mk 

Управата за финансиска полиција во текот 2018 година до надлежните јавни обвинителства поднесе 74 кривични пријави против 68 правни лица и 163 физички лица со кои е нанесена штета на Буџетот на Република Македонија во вкупен износ од 3.018.354.504 денари или 48.919.846 евра. Како што информираат од Управата, бројот на поднесени кривични пријави за 2018 година во однос на претходната година е зголемен за 51 процент, а во споредба со 2016 година за 80 проценти. За „злоупотреба на службена положба... Читать дальше...

Меркел идната недела во Грција

SlobodnaEvropa.mk 

Германската канцеларка Ангела Меркел на 10 и 11 јануари ќе престојува во Грција, соопшти попладнево Мартина Фиц, заменичка портпаролка на германската влада. Според неа, а како што пренесува грчката агенција АНА-МПА, Меркел ќе се сретне со грчкиот премиер Алексис Ципрас по што ќе имаат и заедничка прес конференција, а ќе биде примена и од претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос. Меркел ќе се сретне и со лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис. Прашана дали ќе се разговара и за Договорот од Преспа... Читать дальше...



До 15 часот 939 деца примиле вакцина против морбили

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за здравство попладнево соопшти дека до 15 часот вакцинирани се 939 деца со МРП вакцина. Од таму наведуваат и дека во моментов, нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници) и повторуваат дека МРП вакцина е висококвалитетна и ефективна, а производител е Глаксо Смит Клајн од Белгија. Вакциналните пунтови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“, викендов, на 5 и 6 јануари ќе работат во две смени, во периодот од 07:30 до 19 часот. В понеделник... Читать дальше...

Кабинет на Ципрас: Заев ги разби сите аргументи на Мицотакис

SlobodnaEvropa.mk 

Во денешното интервју за „Ефимерида тон синдактон“, премиерот на ПЈРМ Зоран Заев, ги разби сите аргументи на Кирјакос Мицотакис против Договорот од Преспа, коментираат од кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас, јави дописничката на МИА од Атина. Во соопштението наведуваат и делови од интервјуто на македонскиот премиер поврзани со државјанството, јазикот, дека припаѓа во словенската група јазици и ставот дека „го признавме посебното културно наследство, посебната античка грчка историја во регионот“. Читать дальше...

Заев - Посакувам консензуален кандидат за претседател

SlobodnaEvropa.mk 

Посакувам да имаме консензуален кандидат за претседател, кој ќе биде татко на нацијата и зад кој ќе застанеме сите, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето на договорот за заем за изградба на фотонапонската централа Осломеј во Владата. „Досега не е отворен процес во врска со утврдување кандидат за претстојните претседателски избори, бидејќи во тек е сериозен процес за завршување на постапката за уставни измени во Парламентот“, рече премиерот и најави дека веднаш потоа ќе ја отворат дебатата. Читать дальше...

По осум дена ослободен киднапираниот грчки бизнисмен

SlobodnaEvropa.mk 

Бизнисменот од Грција, кого четири непознати лица го киднапираа минатата седмица, на 27 декември, денеска беше ослободен, објавија грчките медиуми. Засега не е познато на кој начин 51-годишниот Никос Маврикос бил ослободен, јави дописничката на МИА од Атина.

Британија бара Русија да не игра „дипломатски шах“ преку судбините на поединци

SlobodnaEvropa.mk 

Велика Британија ја предупреди Русија да не игра „дипломатски шах“ по апсењето на Американецот Пол Вилен, кој има и британско државјанство, под обвинение за шпионажа. „Не се согласуваме со тоа поединци да се користат во дипломатските шаховски игри. Ние сме крајно загрижени за него и за неговото семејство“, изјави шефот на британската дипломатија Џереми Хант за Би би си. Руската Федерална служба за безбедност на 31 декември соопшти дека го уапсила поранешниот американски маринец Пол Вилен, кој наводни шпионирал во Москва. Читать дальше...

Кинеските власти приведоа 13 канадски државјани

SlobodnaEvropa.mk 

Кинеските власти привеле 13 канадски државјани од апсењето на ќерката на основачот на кинеската компанија Хуавеи, Менг Венџу во Ванкувер на 1 декември. Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Канада, Гијом Берибе, изјави дека имаат потврда дека 13 Канаѓани биле приведени во Кина и дека осуммина од нив се пуштени од притвор. Апсењето на Менг Ванџу предизвика големо незадоволство кај кинеските власти кои тврдат дека таа не го прекршила законот. Таа може да биде екстрадирана во САД,... Читать дальше...

Семејното насилство меѓу законите и свеста

SlobodnaEvropa.mk 

Зголемениот број на жртви на семејно насилство, според упатените, се должи на неспроведувањето на мерките за заштита на жртвите, на несоодветна правна разрешница на случаите, но и на подигнатата свест кај жртвите да пријавуваат семејно насилство.

Австралија ќе ја брани титулата на Азискиот фудбалски куп

SlobodnaEvropa.mk 

Азискиот фудбалски куп треба да почне утре во Обединетите Арапски Емирати. Ова е најголемо азиско фудбалско првенство досега, а бројот на репрезентациите е зголемен од 16 на 24. Австралија ќе брани титулата освоена на првенството во 2015 на домашен терен. За фаворит се смета Јапонија, која освои најдобар резултат од азиските држави на ланското Светско првенство. Иран, кој е најдобро рангираната азиска држава според ФИФА, исто така е еден од фаворитите за титулата. Овој Азиски куп се одржува во време на големи регионални тензии. Читать дальше...

Заев ќе го убедува Касами да гласа за уставните измени

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев попладнево во неговиот кабинет ќе се сретне со лидерот на БЕСА Билал Касами во рамки на консултациите со политичките партии за обезбедување двотретинско мнозинство за уставните измени, потврдија за МИА од владината прес-служба. Заев вчера изјави дека ќе стори сè да обезбеди двотретинско мнозинство за поддршка на уставните амандмани, на пленарната седница. Тој е оптимист дека процесот ќе заврши успешно, и порано од предвидениот датум за гласање на амандманите предвиден за 15 јануари... Читать дальше...

Над 750 уапсени на протестот поради влегување на две жени во хиндуистички храм во Керала

SlobodnaEvropa.mk 

Индиската полиција денеска соопшти дека уапсила над 750 луѓе на протестот поради тоа што две жени влегле во хиндуистички храм во јужната држава Керала. Полицијата употребила солзавец да ги растера демонстрантите. Протести се одржале и на други места. Повод за протестот е тоа што две жени, со полициска придружба, влегле во храмот каде што им беше забранет влез на девојчињата и жените од 10 до 50-годишна возраст. Влезот за жени од 10 до 50 години во храмот Сабаримала неформално беше забранет многу години... Читать дальше...

Ќе добие ли Македонија годинава датум за преговори со ЕУ?

SlobodnaEvropa.mk 

И политичарите и аналитичарите се надеваат дека Македонија годинава може да добие датум за почеток на преговорите за зачленување во Европската унија. Работите во најголема мера зависат од нас, оценуваат тие, сепак истакнувајќи ги и предизвиците со кои ќе се соочи ЕУ.


Музыкальные новости
Нюша

«Каждый новый день – апгрейд»: Нюша устроила живую премьеру на «Авторадио»





Персональные новости
Италия

Тверская область: ввозили муку из Италии, картофель из Беларуси





Јавните претпријатија во долгови, одговорност нема

SlobodnaEvropa.mk 

Повеќе јавни претпријатија повторно се на листата на најголеми должници на УЈП. Економистите велат дека се додека некој не преземе одговорност за своето лошо работење и не профункционира системот на казни, не може да се очекува промена на ситуацијата.

Џим Веб можен нов секретар за одбрана на САД

SlobodnaEvropa.mk 

Весникот „Њујорк тајмс“ известува дека американскиот претседател Доналд Трамп би можело да го наименува поранешниот демократски сенатор Џим Веб за нов секретар за одбрана. Џим Матис во минатиот месец поднесе оставка од таа функција во знак на протест против политиките на Трамп. 72 годишниот Веб беше секретар на морнарицата во времето на републиканскиот претседател Роналд Реган.

Вашингтон го повика Техеран да не лансира ракети во вселената

SlobodnaEvropa.mk 

Американските власти го повикаа Иран да се откаже од лансирањето ракети во рамките на вселенската програма, оценувајќи дека тоа би било провокација. „Иранското Министерство за одбрана соопшти дека во наредните три месеци планира да лансира три ракети во вселената. Таквата акција е кршење на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН да не спроведува активности со балистички ракети кои можат да носат нуклеарни боеви глави“, изјави амeриканскиот државен секретар Мајк Помпео.

75 насто од Французите се незадоволни од Макрон

SlobodnaEvropa.mk 

Новите анкети покажуваат дека три четвртини од Французите не се задоволни од политиките на претседателот Емануел Макрон и на неговата влада. Франција во изминативе два месеца беше зафатена со протести на таканаречените „жолти елеци“ кои почнаа поради незадоволството од зголемениот данок на горивото. 55 насто од испитаниците сметаат дека овие протести би требало да продолжат.

Претставничкиот дом усвои мерки за крај на делумната блокада на владата

SlobodnaEvropa.mk 

Новото демократско мнозинство во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес одобри две мерки за ставање крај на двонеделното делумно затворање на владата. Сепак, со тоа не се надминува ќор-сокакот околу буџетот, бидејќи претседателот Доналд Трамп најави дека ќе стави вето на овие мерки затоа што со нив не се обезбедуваат пари за ѕидот на границата со Мексико. Сенатот кој е под контрола на републиканците веќе најави дека може и да не гласа за легислативата која мина во Претставничкиот дом. Лидерот... Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

В Екатеринбурге Росгвардия обеспечила охрану порядка на масштабных массовых мероприятиях


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Елена Рыбакина

Елена Рыбакина провела первую тренировку в Штутгарте. Видео


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Сбер собирает волонтёров на весенние «Чистые игры»





Путин в России и мире
Москва

Запад признает, что бывший офицер КГБ В.Путин не дал им подчинить Москву и вернул великую славу России


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Лукашенко подписал указ по реализации до 2028 года нового с РФ проекта в сфере космоса




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Зеленского выпороли ультиматумом: США жестко ответили на наглость и поучения Киева


Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Фёдор Шаляпин

Загадки халатов Федора Шаляпина



Москва

Чемпионами России по хип-хопу стали 20 детей из Ставрополя

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net