123ru.net
World News in Macedonian
Январь
2019

Новости за 05.01.2019

Дачиќ: Решение е можно, ако ја притиснат Приштина

SlobodnaEvropa.mk 

Ако некој не ја притисне Приштина, нема да има ниту дијалог, ниту решение, порача министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ во интервју за српската новинска агенција Танјуг. На прашањето дали се очекува некој вид решение во кој било формат во наредната година, Дачиќ вели дека не се очекува, освен „ако некој не ја притисне Приштина“. Тој притоа потсетува дека новото раководство на американската администрација, на чело со претседателот Доналд Трамп, има желба да го реши ова прашање. Читать дальше...

Реконструкција во албанската влада, Бушати останува министер

SlobodnaEvropa.mk 

Албанскиот претседател Илир Мета, еден ден по доставувањето на предлогот за нови министри во Владата од страна на премиерот Еди Рама, денеска потпиша уредба за смена на шестмина министри, наименување на нови министри и еден вицепремиер. Но Мета не се согласува и не потпиша уредба да биде сменет досегашниот министер за Европа и надворешни работи Дитмир Бушати, на чие место Рама го предлага Гент Цакај, кој до сега беше заменик министер во истото министерство. Ова е прва темелна реконструкција на... Читать дальше...

Судири меѓу полицијата и „Жолтите елеци“ во Париз

SlobodnaEvropa.mk 

Полицијата и демонстрантите од движењето „Жолти елеци“ денеска се судрија на улиците на Париз, јавува новинската агенција Франс прес. Протестот почна мирно, но во близина на брегот на Сена и градското собрание демонстрантите почнаа со камења да ги гаѓаат полицајците, кои возвратија со солзавец. По судирите, полицијата ја мобилизира и единицата за сузбивање нереди. Граѓанското движење „Жолти елеци“ повика на нови протести ширум Франција, пред зградите на градските собранија во Париз, Лион, Бордо, Тулуз, Ница, Безансон и Клермон-Феран. Читать дальше...



Шекеринска: Протоколот за НАТО ќе биде готов веднаш по ратификацијата на Договорот во Грција

SlobodnaEvropa.mk 

Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО ќе биде подготвен во моментот кога Преспанскиот договор ќе биде имплементиран и ратификуван од двете страни. Очекуваме дека нашиот дел од обврските ќе ги спроведеме навреме согласно плановите, и оти истото ќе го направи и Грција, изјави денеска вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска. „Сите претставници на НАТО, почнувајќи од генералниот секретар од самиот почеток на овој процес ја испратија пораката дека протоколот ќе биде подготвен... Читать дальше...

Над 1000 деца примиле вакцина против мали сипаници

SlobodnaEvropa.mk 

Досега се вакцинирани вкупно 1.018 деца против мали сипаници, од кои само во текот на денешниот ден, до 13 часот, 28 деца примиле МРП вакцина.Во моментов, нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници), соопшти Министерството за здравство. Вакциналните пунктови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“, денеска и утре ќе работат во две смени, во периодот од 07:30 до 19 часот. В понеделник, на 7 јануари, овие пунктови ќе работат само прва смена од 07:30 до 13 часот.

Апели да не се палат бадникови огнови на отворено

SlobodnaEvropa.mk 

Граѓаните да се воздржат од палење на бадникови огнови на отворено, за да се избегне дополнително загадување на воздухот, апелира Министерството за животна средина и просторно планирање. Во соопштението, Министерството ја поздравува иодлуката на Град Скопје и скопските општини да не донираат дрва за бадниковите огнови и во исто време апелираат до другите општини во државата да се приклучат кон оваа иницијатива.

Вартоломеј го потпиша декретот за автокефалност на Украинската црква

SlobodnaEvropa.mk 

Цариградскиот патријарх Вартоломеј го потпиша декретот за автокефалност на Православната црква во Украина, со што се стави крај на тривековната руска верска контрола во Украина. На црковната церемонија во Истанбул присуствуваше и украинскиот претседател Петро Порошенко. Декретот ќе му биде предаден на поглаварот на новата украинска црква, митрополитот Епифаниј, утре (6 јануари), со што ќе заврши дводневната духовна церемонија. „Голема чест за мене е да го посетам Истанбул, каде утре ќе се одржи долгоочекуваниот настан“... Читать дальше...

Сообраќајки поради лизгавите патишта

SlobodnaEvropa.mk 

Укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот превој Стража, информираат од ЈП Македонија пат. Претходно беше укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак – Маврово – Дебар. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот по интервенција на екипите на ЈП „Македонија пат“. Од ЈП Македонија пат посочуваат дека нивни дежурни екипи постојано се на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Читать дальше...



Украинската црква викендов ќе стане автокефална

SlobodnaEvropa.mk 

Во Истанбул започна церемонијата за официјално давање независност на Украинската православната Црква. Цариградскиот патријарх Вартоломеј треба да го потпише декретот за автокефалност или независност на новата украинска црква. Тој декрет ќе и биде предаден на украинската црква на 6 јануари, со што ќе се заврши дводневната церемонија. На црковната церемонија присуствува и украинскиот претседател Петро Порошенко. Со години во Украина има три ривалски православни цркви, а најголемата е Московската Патријаршија... Читать дальше...

Харадинај - Ние сакаме сеопфатен договор со Белград

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај посакува стабилност и мир во регионот и како што вели, посакува конечно сите земји да тргнат кон евроатланските интеграции. Тој вели дека односите меѓу Косово и Србија се обременети од поблиското минато. Но Косово има цел да постигне сеопфатен договор со Србија, вели Харадинај во интервју за МИА. „Меѓу Белград и Приштина има долга листа на работи за кои мораме да се договориме: од воена отштета, сукцесијата, трговијата и политиката, правата на српската заедница која живее на Косово... Читать дальше...

Меркел следната недела ќе ја посети Атина

SlobodnaEvropa.mk 

Германската канцеларка Ангела Меркел следниот четврток и петок, на 10 и 11 јануари ќе ја посети Атина. Предвидено е да се сретне со премиерот на Грција, Алексис Ципрас, а ќе биде примена и од грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, јави дописничката на МИА од Атина. Меркел ќе се сретне и со лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис. Заменичката портпаролка на германската влада, Мартина Фиц изјавила дека на агендата средби ќе се најдат билатералните односи и европските и меѓународните прашања, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Пунктовите за вакцинирање ќе работат и викендов

SlobodnaEvropa.mk 

Вакциналните пунктови „Јане Сандански“, „Бит пазар“ и „Букурешт“ ќе работат денеска и утре во две смени, во периодот од 07:30 до 19 часот, информираа од Министерството за здравство. В понеделник, на 7 јануари, пунктовите ќе работат само прва смена од 07:30 до 13 часот.

Температури под нулата, студеното време продолжува

SlobodnaEvropa.mk 

Утрово во Македонија се измерени температури под нулата и врнежи од снег. Најстудено било во Лазарополе, а најмногу снег има во Маврови Анови. Студеното време ќе се задржи до средината на наредната недела. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец, кој вдолж Повардарието повремено ќе засилува. Максималната температура ќе достигне од минус пет до еден степен. Во Скопје максималната температура до нула степени. Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

Фитнес-эксперт Каневский назвал далеко не новым трендом копирование детьми поведения животных


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
ATP

Россиянин Сафиуллин потерял четыре места в рейтинге ATP


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Регоператор провел экологический телемост между школьниками Подольска и Москвы





Путин в России и мире
Москва

Шойгу рассказал о формировании Московского и Ленинградского округов


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Лукашенко ограничил выплату дивидендов гражданам недружественных стран




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Зеленскому предложили не ограничиваться Бандерой и захоронить на капище под Киевом молекулы Гитлера


Навальный в России и мире
Москва

Мосгорсуд оставил в СИЗО журналистку Фаворскую, обвиняемую в экстремизме за репортажи о Навальном



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Концерт

Концерт Дениса Мацуева «Jazz and friends»



Москва

Замминистра обороны РФ задержан по подозрению в получении взятки

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net