123ru.net
World News in Macedonian
Январь
2019

Новости за 21.01.2019

Меј со три клучни промени во планот за Брегзит

SlobodnaEvropa.mk 

Британската премиерка Тереза Меј денеска ги отфрли повиците да го одложи излезот на Велика Британија од ЕУ. Таа најави и три клучни промени со цел да биде усвоен нејзиниот план за Брегзит. Според неа, втор референдум би ја нарушил вербата во демократијата и би и штетел на социјалната кохезија. Британските пратеници на гласањето минатиот вторник не го прифатија планот на Меј. Последен рок за излегување на Британија од ЕУ е 29 март годинава.

САД бараат Русија да го уништи новиот ракетен систем

SlobodnaEvropa.mk 

САД денеска ја повикаа Русија да го уништи новиот ракетен систем, кој, според нив, претставува континуирано кршење на Договорот за уништување и забрана на производство на проектили со кус и среден дострел (ИНФ). Амбасадорот за разоружување на САД, Роберт Вуд изјави дека рускиот систем претставува „директна закана за Европа и Азија“, бидејќи домет на нуклеарните боеви глави изнесува од 500 до 1500 километри. Русија го одби барањето, кое, како што соопштија властите, е неприфатливо.   САД претходно... Читать дальше...

Новиот „Глас на трубата“ со Македонската филхармонија

SlobodnaEvropa.mk 

Француската ѕвезда Лусјен Ренодин-Вари ќе биде солистка на труба на престојниот настап на Македонската филхармонија насловен „Слободен и среќен“. Со оркестарот ќе диригира маестро Петер Феранец од Словачка, а концертот ќе се одржи овој четврток, на 24 јануари, во 20 часот.



Во пожар на бродови во близина на Крим загинале 9 морнари

SlobodnaEvropa.mk 

Руските власти соопштија дека во пожар на два комерцијални бродови кои пловеле под знамето на Танзанија и кој се случил во близина на крајбрежјето на полуостровот Крим загинале најмалку 9 морнари. Според властите, 14 лица биле спасени од пожарот кој се проширил од едниот кон другиот брод во Црното море во близина на теснецот Керч. Руското министерство за транспорт соопшти дека на бродовите имало 31 припадник на екипажот, меѓу кои државјани на Турција и Индија. Потрагата по исчезнатите лица е во тек.

Русија најави одговор на новите санкции на ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков денеска изјави дека новите санкции од страна на ЕУ не се важни и додаде дека Британија не обезбедила доволно докази за вмешаноста на руски државјани во нападот на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал. Руското министерство за надворешни работи соопшти дека Москва има право да одговори со соодветни мерки на непријателскиот чекор. Министрите за надворешни работи на ЕУ ги одобрија санкциите за двајца припадници на руската разузнавачка служба, како и за двајца британски... Читать дальше...

Харадинај не одговори дали Косово ќе ги укине таксите кон Србија

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска не одговори на прашањето кога ќе бидат укинати царините на производите од Србија и БиХ. Тој само порача дека го поздравува состанокот што го закажал претседателот на Косовското собрание Кадри Весељи со амбасадорот на САД на Косово Филип Коснет на кој и тој ќе присуствува. „Ја поздравувам средбата на предлог на лидерот на собранието Кадри Весељи. Некогаш и снегот ќе се истопи“, изјави Харадинај по положувањето цвеќе на гробот на поранешниот претседател на Косово, Ибрахим Ругова. Читать дальше...

Османи: ДУИ е за консензуален кандидат за претседател

SlobodnaEvropa.mk 

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска изјави дека ставот на ДУИ е оти е време Македонија да има консензуален кандидат за претседател. Според него, тоа би бил кандидат кој ги надминува етничките и партиските линии, кој ќе спојува и ќе биде гласот во кризни моменти. Османи одговарајќи на новинарски прашања, пред средбата со генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка Мајлинда Брегу наведе и дека претставниците на ДУИ во текот на претстојните денови со нивните... Читать дальше...



Напад на воена база во Авганистан, најмалку 12 жртви

SlobodnaEvropa.mk 

Во напад на воена база во Авганистан загинале најмалку 12 лица, а повеќе од 20 биле повредени. Најголем дел од жртвите во нападот кој го извршиле талибанците биле припадници на воениот персонал во базата. Нападот започнал кога бомбаш самоубиец го активирал експлозивот, по што тројца вооружени мажи влегле во објектот и започнале престрелка со авганистанските безбедносни сили. Тројцата напаѓачи биле убиени во престрелката.

Масовна вакцинација против детска парализа во Пакистан

SlobodnaEvropa.mk 

Пакистан започна нова национална кампања за вакцинација против детска парализа, како дел од ветувањето на владата за искоренување на болеста во земјата до крајот на годинава. Портпаролот на Министерството за здравство, Рана Сафдар, денеска соопшти дека со вакцинацијата ќе бидат бидат опфатени над 39 милиони деца на возраст до 5 години и оти во неа ќе учествуваат над 260 илјади здравствени работници. Пакистан, Авганистан и Нигерија се единствените три земји во светот каде има детската парализа, односно полио. Читать дальше...

Богатите побогати, сиромашните посиромашни

SlobodnaEvropa.mk 

Минатата година 26 најбогати луѓе поседувале богатство колку посиромашната половина планета, односно 3,8 милијарди луѓе, наведува хуманитарната организација Оксфам. Според нив, богатите стануваат сè побогати, а сиромашните повеќе осиромашуваат.

СДСМ реагира дека не е точно оти Законот за јазици е неуставен

SlobodnaEvropa.mk 

Од СДСМ реагираа денеска дека не е точно оти Законот за употреба на јазиците е неуставен како што тврди ВМРО-ДПМНЕ. Од СДСМ по поднесената иницијатива за оцена на уставноста на Законот од страна на опозициската партија наведуваат дека законот ја регулира употребата на албанскиот јазик кој во Македонија е втор официјален јазик уште со амандманите на Уставот од 2001 година. Според владејачката партија, објавувањето на законот во „Службен весник на РМ“ без потписот на претседателот Ѓорѓе Иванов, е поради тоа што тој го прекршил Уставот... Читать дальше...

ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива за уставноста на Законот за јазици

SlobodnaEvropa.mk 

ВМРО-ДПМНЕ денеска до Уставниот суд поднела иницијатива за оцена на уставноста на Законот за употреба на јазиците. Според партијата, законот е противуставен, донесен во нелегална процедура, а со тоа и штетен за државата. ВМРО-ДПМНЕ, како што наведуваат од партијата, бара од Уставниот суд донесување на времена мерка – запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземаат врз основа на Законот за јазици и Указот за прогласување на истиот.

В четврток вечер ратификација на Договорот од Преспа

SlobodnaEvropa.mk 

В среда во 10 часот по локално време започнува расправата во грчкиот Парламент за ратификација на Договорот од Преспа, а гласањето ќе биде в четврток вечер, брифираат извори од грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина. Ова било одлучено на денешниот состанок на претседателот на грчкиот парламент со неговите заменици. Според истите информации, пленарната седница и во среда и в четврток ќе започне во 10 часот наутро по локално време, а ќе трае во зависност од бројот на пратеници кои ќе се пријават за збор. Читать дальше...

ЕУ со санкции против руски и сириски државјани

SlobodnaEvropa.mk 

Министрите за надворешни работи од ЕУ одобрија таргетирани санкции против руски и сириски државјани и правни лица осомничени за вмешаност во хемиските напади. На денешниот состанок во Брисел, министрите одобрија замрзнување на имот и забрана за издавање визи за четири руски и петмина сириски државјани и за едно сириско правно лице. Се очекува денеска да биде објавена листата на погодените од санкциите, кои беа воведени како резултат на употребата на хемиско оружје за која се сомничи сириската влада... Читать дальше...

Кој сè има амбиции за претседател на државата

SlobodnaEvropa.mk 

Петнаесетина имиња на политичари и професори се споменуваат во јавноста како можни кандидати за претседател на државата. Од власта и од опозицијата најавуваат дека кон средината на идниот месец ќе се знаат кандидатите.

Сослушано обезбедувањето, блиски роднини на Груевски нема да сведочат

SlobodnaEvropa.mk 

Јавното обвинителство неделава ќе сослуша „доста сведоци“ во рамки на истрагата за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, а очекува да бидат преземени и доказите барани од Република Албанија, изјави јавната обвинителка Вилма Русковска, која ја води истрагата за бегството на Груевски во Унгарија. Прашана што досега имаат и до каде е истрагата, Русковска рече дека кога ќе имаат нешто поконкретно ќе го соопштат. Во однос на сведоците и дали меѓу нив можеби ќе има блиски роднини на Никола Груевски... Читать дальше...

СДСМ деновиве ќе реши дали е за предвремени парламентарни избори

SlobodnaEvropa.mk 

Оваа недела течат партиските и меѓу коалициските консултации, a викендов или најдоцна до крајот на месецов СДСМ би требало да донесе одлука за можноста заедно со претседателските избори во март да се одржат и предвремени парламентарни избори. Ова го најавуваат партиски извори од владејачката партија не прецизирајќи дали тоа значи дека викендов ќе се одржат седници на Извршниот и Централниот одбор. Дека оваа недела се очекуваат разговори и во рамки на владејачката коалиција и во редовите на СДСМ... Читать дальше...

Јужнокорејски спортистки ги обвинија тренерите за силување

SlobodnaEvropa.mk 

Неколку јужнокорејски спортистки ги обвинија своите тренери за сексуална злоупотреба, откако двојната олимписка шампионка во лизгање Шим Сук-хи изјави дека тренерот ја силувал. Групата „Солидарност за младите лизгачки“ денеска одржа прес-конференција во јужнокорејскиот парламент во Сеул и соопштија дека уште пет лизгачки изнеле исти обвинувања, но не ги открија нивните имиња. Пратеничката Сон Хје-вон на прес-конференцијата рече дека една од наводните жртви рекла дека тренерот ја злоупотребувал... Читать дальше...


Музыкальные новости
Семён Слепаков

Никита Михалков назвал Слепакова талантливым артистом и пожалел его





Персональные новости
ММА

Популярный блогер и боец ММА Саша Стоун выступит на фестивале спорта и контента Yappy x «Наше Дело Россия» в Нижнем Новгороде





Груевски ја повлекол тужбата за клевета против Заев

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот премиер Никола Груевски ја повлекол тужбата за клевета и навреда против актуелниот премиер Зоран Заев, во врска со негова изјава за случајот со продажбата на „Македонска банка“. „Тужителот преку својот полномошник со поднесок го извести Судот дека се откажува од тужбеното барање во целост. Со оглед на наведеното, на 8 јануари 2019 година, вон рочиште донесена е пресуда врз основа на одрекување согласно член 318 од Законот за парнична постапка“, велат од Основниот суд Скопје 2. Тужбата... Читать дальше...

Весели и Харадинај на средба со американскиот амбасадор за укинување на таксата кон Србија

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на косовското Собрание Кадри Весели утре ќе биде домаќин на состанокот со премиерот Рамуш Харадинај и амбасадорот на Соединетите Американски Држави Филип Коснет, на кој ќе се разговара за американското барање упатено до косовската Влада за укинување на таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Приштина. Претставници на Владата одбиваат да се изјаснат во врска со средбата, додека висок претставник на Демократската партија на Косово (ДПК)... Читать дальше...

Бугарскиот патријарх Неофит - Со решавањето на името ќе се придвижи и црковното прашање

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарскиот патријарх Неофит очекува решавањето на прашањето за името на Македонија да го придвижи и македонското црковно прашање. „Сè уште се работи околу името на државата Македонија. Кога ќе се утврдат сите детали, ќе се придвижи сигурно и црковното прашање“, изјави за БГНЕС поглаварот на Бугарската православна црква по денешната литургија во соборната црква Св. Недела во Софија. Прашан каква е позицијата на БПЦ за автокефалноста на украинската црква, патријархот Неофит изјави дека тоа прашање допрва ќе биде разгледано. Читать дальше...

Судењето за 27 април одложено, се чека правосилност на одлуките за амнестијата

SlobodnaEvropa.mk 

Судењето за насилствата во Собранието на 27 април минатата година денеска беше одложено за 31 јануари, зашто сè уште не се правосилни сите одговори по жалбите на одбиените барања за амнестија од Апелациониот суд. На обвинителна клупа остануваат петтемина кои не побараа амнестија: поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, началникот во МВР за униформирани лица Душко Лазаров, еден од водачите на „За заедничка Македонија“ Игор Дурловски, Јане Ченто и Игор Југ од патриотските здруженија... Читать дальше...

Косово од денеска има Министерство за одбрана

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај утрово свечено ја откри таблата на влезот на новото Министерство за одбрана на Косово, со што симболично го одбележа подигнувањето на повисоко ниво на досегашното Министерство за безбедносните сили на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. „Со симболичниот настан на откривањето на таблата со написот „Министерство за одбрана“ од денеска Косово го формализира својот институционален чадор за најмладата војска на светот“, порача Харадинај. Рустем Бериша, кој... Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

В Мордовии пройдёт IX Интеллектуальная олимпиада ПФО среди студентов


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Елена Рыбакина

Рыбакина приблизилась к первой ракетке мира


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

LG ЗАНИМАЕТ ЦЕНТРАЛЬНОЕ МЕСТО НА 37-М МЕЖДУНАРОДНОМ СИМПОЗИУМЕ И ВЫСТАВКЕ ЭЛЕКТРОМОБИЛЕЙ





Путин в России и мире
Москва

Владимир Путин поздравил ветеранов с 50-летием начала строительства Байкало-Амурской магистрали


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Сегодня президент Беларуси Александр Лукашенко встретился в Минске с губернатором Поморья Александром Цыбульским




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Зеленский взял Залужного в заложники? В Киеве начинается новый скандал


Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Тимати

«Это не предел»: полуголый Тимати показал свою физическую форму



Москва

Повышение пенсионного возраста в РФ: кто и когда может выйти на пенсию в 2024 году

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net