САД бараат Русија да го уништи новиот ракетен систем
САД денеска ја повикаа Русија да го уништи новиот ракетен систем, кој, според нив, претставува континуирано кршење на Договорот за уништување и забрана на производство на проектили со кус и среден дострел (ИНФ). Амбасадорот за разоружување на САД, Роберт Вуд изјави дека рускиот систем претставува „директна закана за Европа и Азија“, бидејќи домет на нуклеарните боеви глави изнесува од 500 до 1500 километри. Русија го одби барањето, кое, како што соопштија властите, е неприфатливо.
САД претходно го отфрлија рускиот предлог за спасување на клучниот договор за контрола на оружјето од Студената војна. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги обвини САД дека се обидуваат да ги нарушат воените пактови и порача дека Москва сака да го зачува договорот.