Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Январь
2019

Новости за 10.01.2019

Ципрас- Меркел: Договорот од Преспа е во корист на цела Европа

SlobodnaEvropa.mk 

Договорот од Преспа не носи придобивки само за Северна Македонија која може да стане членка на НАТО и ЕУ, туку е во корист и на Грција и на цела Европа, рече германската канцеларка Ангела Меркел по средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас и истакна дека не постои никаква поврзаност меѓу решението на спорот со името со економските реформи во Грција како што тврдеше Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. На средбата во премиерската палата во Атина, грчкиот премиер и германската канцеларка... Читать дальше...

Трамп нема да отпатува за Давос, поради ѕидот со Мексико

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп отпатувал за Тексас за да притисне за остварување на својот контроверзен проект за пограничен ѕид меѓу САД и Мексико. Тој претходно на Твитер објави дека нема да отпатува на економскиот форум во Давос закажан за подоцна во јануари, поради делумното затворање на американската влада. Трамп порачува дека само ѕид на границата со Мексико можат да ги заштитат САД од, како што вели, насилен криминал извршен од илегалните имигранти. Светскиот економски форум во Давос , Швајцарија, трае од 21 до 25 јануари. Читать дальше...

Рама го критикува Мета и неговите поддржувачи

SlobodnaEvropa.mk 

Албанскиот премиер Еди Рама остро и со навреди ги критикуваше поддржувачите на претседателот Илир Мета кој не ја потпише уредбата за именување на Косовецот Гент Цакај за нов министер за Европа и надорешни работи на Албанија. По првичната реакција, во која одлуката на Мета ја оцени како неуставна и срамна и упати извинување до Косово за „овој срам“, Рама повторно преку социјалните мрежи реагираше обвинувајќи го Мета дека „низ нозе зема еден млад човек, најмалку 1000-пати помудар од него“. На ваквите... Читать дальше...



Напад на бунтовниците врз воена база во Јемен, шестмина загинати

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку шестмина војници загинале, а 12 се ранети во напад со беспилотно летало врз воена парада во јужен Јемен, соопштуваат болнички извори. Меѓу жртвите има офицери и локални функционери. Мета на нападот била најголемата база во Јемен Ал-Анад, која претходно ја користеа припадниците на американските специјални единици за потрага по џихадистите на Ал Каеда во Јемен.

Снег и собраниска неизвесност

SlobodnaEvropa.mk 

Македонија, Скопје и речиси сите градови и населени места блокирани од обилен снег, но и од немањето двотетинско мнозинство за последната, трета фаза за усвојување на уставните амандмани – обврска што произлегува од Преспанскиот договор.

Коцијанчич: Дијалогот Белград-Приштина го води Могерини,

SlobodnaEvropa.mk 

Дијалогот Белград-Приштина го води Могерини, САД се само партнери, изјави портпаролката на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, Маја Коцијанчич. Таа вели дека САД се само партнер со кој „постои блиска соработка за низа прашања, вклучувајќи го и Западниот Балкан“. Коцијанчич во изјава за приштински „Газета Експрес“ вели дека ЕУ работи на следната средба на највисоко ниво во рамки на дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, но... Читать дальше...

Груевски до пратениците - Не е ноќ за спиење, туку за последно размислување

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија, на својот фејсбук профил пишува за промената на Уставот и за Преспанскиот договор. Тој им се обраќа на пратениците пред одлуката да гласаат во Собранието за уставните измени и вели да не забораваат дека „ставаат „црн печат“, на една 140 годишна крвава битка за македонското национално прашање“. „За пратениците на мнозинството, ова не е ноќ за спиење. Оваа ноќ е последна шанса за размислување и премислување со ставањето на националниот пред партискиот и/или личниот интерес. Читать дальше...

Мицкоски: Заев го менува името на државата со уцени и закани

SlobodnaEvropa.mk 

Мицкоски пред Собранието порача дека име со „дугме“ не се менува и обвини дека премиерот Зоран Заев тргува со националните интереси. Стотина демонстранти на снежното студено време излегоа да кажат „не“ на уставните измени. Тие најавија дека ќе продолжат со протестите.



Лукашенко ѝ се заканува на Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска ја предупреди Русија дека би можела да изгуби сојузник ако не понуди компензација за зголемените цени на нафтата. Москва и Минск имаат спор за енергенсите кој може да ги расипе односите меѓу двата соседи и сојузници. Лукашенко наведе дека одбивањето за надоместок на Русија може да доведе до „губење на единствениот сојузник на западот“. Белорускиот лидер, кој владее со земјата скоро 25 години, се потпира на заемите и на евтините енергенси од Русија. Читать дальше...

Мета не ја потпиша уредбата за нов министер за надворешни работи

SlobodnaEvropa.mk 

Албанскиот претседател Илир Мета го потпиша указот за именување на новите министри во Владата на премиерот Еди Рама, освен за Генц Цакај, кого Рама го предлага за нов шеф на дипломатијата. Претседателот наведува дека Цакај нема искуство и оти е неприфатлив неговиот став за прашањето за косовските граници. Косовецот Цакај е предлог за местото на Дитмир Бушати, кој заедно со уште неколку министри ги опфати Рама со реконструкцијата на 28 декември. Мета на петти јануари потпиша уредба за смена на министрите... Читать дальше...

Орбан – Целта на Унгарија е антиимигрантските сили да надвладеат во сите институции во ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Целта на Унгарија на претстојните избори за Европскиот парламент е „антиимигрантските сили“ да станат мнозинство во сите институции на Европската унија, вклучувајќи ги Европскиот парламент и Европската комисија, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан. Тој предвидува дека во Европа ќе има две цивилизации – една која ја гради својата иднина мешана исламско-христијанска коегзистенција и друга во Централна Европа, која ќе биде само христијанска. Орбан на изборите во април го освои третиот... Читать дальше...

Одложена собраниската седница - нема договор за уставни амандмани

SlobodnaEvropa.mk 

Седницата на Собранието на која треба да бидат донесени уставните амандмани е одложена за утре. Премиерот Зоран Заев се уште е во разговори со Беса за техничка формулација во однос на државјанството со цел обезбедување на потребните 80 пратеници за донесување на уставните амандмани.

Мицкоски - Ќе сториме сè Договорот за името да не се случи

SlobodnaEvropa.mk 

„Јас сум против промена на името, не затоа што сум против ЕУ, туку затоа што си ја сакам Македонија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред Собранието на Македонија. Вчера тој им се придружи на протестите против уставните измени. Тој вели дека Договорот за името е штетен и дека како партија ќе сторат сè што е во нивна моќ, тој Договор да не се случи. „Потребно е масовно обидување, да си подадеме рака меѓусебе, љубовта кон татковината е поголема од сите разлики, сакаат да не разделат за да полесно им минува предавството... Читать дальше...

Лавина кај Бигорски манастир го прекина сообраќајот од Маврово кон Дебар

SlobodnaEvropa.mk 

Снежна лавина која се струполила врз коловозот на регионалниот патен правец Маврови Анови – Дебар предизвика целосен прекин на сообраќајот во овој регион. Засега нема информации колкава количина на снег, камења и дрвја паднала на коловозот, но се знае дека екипи на „Македонија пат“ и друга механизација се упатени на местото за да обезбедат проодност. Лавината паднала во близина на Бигорскиот манастир, неколку стотини метри пред бензинската станица. Инаку, снежните врнежи го блокираа сообраќајот... Читать дальше...

Скопјанец им се заканувал на пратеници преку „Фејсбук“

SlobodnaEvropa.mk 

Скопјанец, преку споделена објава на Фејсбук, им се заканувал на пратеници во македонското Собрание загрозувајќи им ја сигурноста. Полицијата соопшти дека 49-годишниот маж со иницијали Б.Б. е осомничен за „Загрозување на сигурноста“ и „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Тој вчера бил повикан на службен разговор во полициска станица, а одземени се и предмети за цел прибирање докази. По документирање на случајот, против Б.Б. ќе биде поднесена кривична пријава.

Собранието утре ќе продолжи со седницата за уставни измени

SlobodnaEvropa.mk 

Собранието денеска нема да одржи седница на која на дневен ред се уставните амандмани. Продолжението на седницата неколкупати беше одложувана за во текот на денот, по што е одложено за утре напладне.  Во текот на денот премиерот Зоран Заев разговара со претставници на Движењето Беса за изнаоѓање техничка формулација во однос на државјанството со цел обезбедување на потребните 80 пратеници за донесување на уставните амандмани. Во меѓувреме, пред Собранието се одржува протест против промена на... Читать дальше...

Џафери - Во Собрание не се држат заклучени пратеници

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, најостро ги демантира информациите изнесени од лидерот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, дека претставници од американската амбасада, по налог на американскиот амбасадор Џес Бејли држат тројца пратеници заклучени во Собранието, соопштуваат собраниските служби. Од таму велат дека се работи за класична дезинформација, која, како што велат, има за цел да нанесе штета на угледот на Собранието и на процесот на интегрирање во ЕУ и НАТО. „Во Собранието на... Читать дальше...

Седницата за уставните измени никако да почне

SlobodnaEvropa.mk 

Продолжението на седницата на која треба да се усвојат уставните амандмани не е почната, иако беше најавено дека треба да почне во 15 часот. Првично, седницата беше најавена за во 13 часот, па беше одложена за во 15, но сè уште не е почната. Премиерот Зоран Заев претходно денеска изјави дека сè уште се во разговори со БЕСА на Биљал Касами за изнаоѓање техничка формулација во однос на државјанството со цел обезбедување на потребните 80 пратеници за донесување на уставните амандмани. Заев претходно... Читать дальше...

Грција бара отстранување на античко грчките симболи и картите на Голема Македонија од учебниците

SlobodnaEvropa.mk 

Наставниците и професорите во предавањата да избегнуваат материјали што содржат иредентизам, од учебниците да се исфрлат античко грчките симболи и картите на Голема Македонија, биле трите барања на грчката страна на состанокот со колегите експерти од нашата земја, брифираат официјални грчки дипломатски извори, јави дописничката на МИА од Атина. Првата средба на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти од Македонија и Грција за историски, археолошки и образовни прашања одржан во ноември во Солун поминал во многу позитивна клима... Читать дальше...


Музыкальные новости
Булат Окуджава

«Классика Победы» в колледже Коркино: памяти поэтов-фронтовиков Юлии Друниной и Булата Окуджавы





Персональные новости
РПЛ

Генсек РФС Митрофанов заявил, что РПЛ не будут расширять до 18 команд





Помпео - Повлекувањето од Сирија ќе се случи

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска изјави дека повлекувањето на американските војници од Сирија, најавено од претседателот Доналд Трамп минатиот месец, ќе се случи и покрај критиките. „Одлуката на претседателот Трамп за повлекување на нашите војници е донесена. Ќе го сториме тоа“, рече Помпео на заедничката прес-конференција со неговиот египетски колега, Самех Шукри, во Каиро. Посетата на Египет е дел од турнејата на Помпео низ девет земји на Блискиот Исток со цел да ги увери... Читать дальше...

Серија напади врз владините сили во Авганистан, 32 убиени

SlobodnaEvropa.mk 

Властите во четири провинции во Авганистан соопштија дека во серијата талибански напади врз безбедносни пунктови рано утринава биле убиени 32 припадници на авганистанските безбедносни сили и провладините милиции, а десетици се ранети. Нападите се случиле во провинциите Кундуз, Баглан, Тахар и Бадгис. Авганистанските власти велат дека биле убиени и десетици талибански борци.

Седум деца од Ново Лисиче на Инфективна клиника со симптоми на морбили, досега 30 заболени

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за здравство соопшти дека денеска до 13 часот, на Инфективната клиника во Скопје се хоспитализирани седум деца на возраст од две години со симптоми на мали сипаници (морбили). Сите деца се од населбата Ново Лисиче од Скопје и ја посетувале детската градинка „Сонце“. За овие седум пријавени случаи се чека лабораториска потврда. Инаку, досега се заболени осум деца од оваа градинка, сите невакцинирани со МРП вакцината. Во групата имало 28 деца, сите невакцинирани. Од 16 декември... Читать дальше...

Втор ден протести пред Собранието против уставните измени

SlobodnaEvropa.mk 

Група граѓани, и покрај студеното време и снегот, и денеска излегоа на протест пред Собранието против уставните измени. Тие велат дека протестот е за одбрана на македонското име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ и против, како што наведуваат, „најголемото национално предавство“. На протестот учествуваат членови на граѓанските здруженија „Македонија блокира“, „Христијанско братство“, партијата „Единствена Македонија“, „Тврдокорни“. Улицата пред Собранието е целосно блокирана... Читать дальше...

Откажани стотици летови во Германија поради штрајк

SlobodnaEvropa.mk 

Персоналот задолжен за безбедноста на германските аеродроми денеска стапи во штрајк, поради што е најавено откажување на стотици летови. Германскиот синдикат на безбедносниот персонал ги повика вработените на аеродромите во Дизелдорф, Келн и Штутгарт да ја прекинат работата на 24 часа. Во Дизелдорф се откажани 350 летови, 142 во Штутгарт и 131 на аеродромот Келн-Бон. Германската новинска агенција ДПА јави дека и во Берлин се откажани 90 летови, а во Минхен 100, иако некои од летовите се одложени поради невремето на југот на Германија. Читать дальше...

Седницата за уставните измени одложена за 15 часот

SlobodnaEvropa.mk 

Продолжението на седницата на која треба да се усвојат уставните амандмани е одложена за во 15 часот, јавува известувачот на Радио Слободна Европа од Собранието. Премиерот Зоран Заев претходно денеска изјави дека сè уште се во разговори со БЕСА на Биљал Касами за изнаоѓање техничка формулација во однос на државјанството со цел обезбедување на потребните 80 пратеници за донесување на уставните амандмани. Седницата на Собранието на Македонија на која треба да бидат донесени уставните амандмани за... Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

Поцарапанному пандой Катюшей киперу подарили футболку с извинениями


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

Саснович вышла в третий раунд турнира WTA-1000 в Риме


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Крылатчан попросили с пониманием отнестись к спортивному ориентированию





Путин в России и мире
Москва

Кировчанин с позывным Струна стоял рядом с Владимиром Путиным 9 Мая в Москве


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Лукашенко высоко оценил организацию парада Победы в Москве




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире

Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Алла Пугачёва

Особняк Аллы Пугачёвой выставлен на продажу за 132 миллиона рублей



Москва

На Земле началась грандиозная магнитная буря

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net