Втор ден протести пред Собранието против уставните измени
Група граѓани, и покрај студеното време и снегот, и денеска излегоа на протест пред Собранието против уставните измени. Тие велат дека протестот е за одбрана на македонското име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ и против, како што наведуваат, „најголемото национално предавство“.
На протестот учествуваат членови на граѓанските здруженија „Македонија блокира“, „Христијанско братство“, партијата „Единствена Македонија“, „Тврдокорни“.
Улицата пред Собранието е целосно блокирана, а се забележува и зголемено присуство на полицијата.
Македонското Собрание денеска треба расправа за уставните измени. Седницата требаше да почне во 13 часот, но беше одложена за во 15 часот.