123ru.net
World News in Macedonian
Январь
2019

Новости за 01.01.2019

Автомобил влета во луѓе во Германија – четворица повредени

SlobodnaEvropa.mk 

Четири лица ноќеска биле повредени во градот Ботроп во централниот дел на Германија, кога возач намерно влетал во насобраните луѓе, а според првичните информации, мета на нападот биле странци, информира германската полиција. Локалната полиција соопшти дека 50-годишен маж со Мерцедес намерно влетал во луѓето нешто по полноќ. Возачот удрил во еден Сириец и Авганистанци. Полицијата брзо го фатила возачот, чиј идентитет не се соопштува. Локалните власти соопштија дека за време на апсењето возачот имал негативни коментари на сметка на странците.

Пукајќи петарди во тенџере, дете заврши во штипската болница

SlobodnaEvropa.mk 

Дванаесетгодишно момче од Штип синоќа е повредено по пукање петарди. Момчето и неговите другари во текот на новогодишната ноќ ставиле неколку петарди во тенџере, но по пукањето на петардите тенџерето летнало и удрило директно во главата на момчето по што завршило на Одделението за хирургија во клиничка болница – Штип. Момчето е во добра здравствена состојба. Екипата на штипската Итна медицинска помош ноќеска имала 40 амбулантски прегледи и 13 домашни посети на пациенти. Според портпаролот на СВР-Штип... Читать дальше...

Владина делегација положи цвеќе на гробот на поранешниот претседател Глигоров

SlobodnaEvropa.mk 

Владина делегација положи цвеќе на гробот на поранешниот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров. „Како прв претседател на самостојна и независна Република Македонија, Глигоров имаше клучна улога во процесот на политичкото осамостојување на Македонија и нејзиното меѓународно признавање. Остануваат запаметени, меѓу другото, и неговите ставови за добрососедските односи дека „ние со сите наши соседи сакаме да имаме добри, пријателски односи, да имаме што поотворени граници, и да се свртиме кон оние проблеми кои не обединуваат... Читать дальше...



Бебе спасено од урната зграда во Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Руските спасувачи пронашле живо 11 месечно бебе под урнатите на станбената зграда која се урна по експлозија на плин во рускиот град Магнитогорск. Бебето било пронајдено по 35 часа од несреќата во услови на температури под нулата. Најмалку осум луѓе загинаа, а десетици сè уште се под урнатините. Урнати се 26 станови во кои имало 46 жители. Магнитогорск се наоѓа на 1700 километри југоисточно од Москва.

Иванов - Очекуваме годинава да станеме членка на НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Македонија и врховен командант на вооружените сили на АРМ, Ѓорге Иванов придружуван од началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски денеска ги посети и им ја честита Новата 2019 година на припадниците на АРМ во касарната „Чеде Филипоски -Даме“ во Кичево. Претседателот Иванов на сите припадници на АРМ им искажа огромна благодарност за сето она што го прават за Република Македонија извршувајќи ги професионално своите обврски и при тоа на војниците во Кичево им подари телевизор. Читать дальше...

Спасовски: Новогодишната ноќ помина мирно

SlobodnaEvropa.mk 

Новогодишната ноќ помина мирно без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој денеска го посети граничниот премин „Богородица“ кај Гевгелија. Тој изрази очекување дека новата година ќе биде успешна година. На новинарско прашање дали ќе се кандидира за претседател на државата, Спасовски одговори дека во моментот размислува исклучиво на реформите во МВР, да се подобрат условите за работа и да завршат процесите кои ќе значат напредок за Република Македонија.

Тачи: 2019 година на конечен договор меѓу Косово и Србија

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот претседател Хашим Тачи честитајќи им ја Новата година на граѓаните порача дека 2019 ќе биде година на постигнување конечен договор меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. „Додека 2018 беше година на Војската на Косово, годинава која штотуку започна ќе биде година на отворање на границата меѓу Косово и Албанија и на постигнување конечен договор меѓу Косово и Србија“, напиша косовскиот претседател на Фејсбук.

На Токсикологија примени 24 пациенти

SlobodnaEvropa.mk 

На Клиниката за токсикологија ноќеска се примени 24 пациенти, сите во алкохолизирана состојба. Тие се веќе пуштени на домашно лекување. Хоспитализирани се и тројца корисници на психоактивни супстанци, од кои двајца се веќе дома, а една пациентка се уште е на опсервација. Како што изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, во Ургентниот центар во Скопје за време на новогодишната ноќ биле третирани околу 60 пациенти, главно повредени во сообраќајки, при физички напад, од посекотини од стакло и пиротехнички средства... Читать дальше...



Талибанците нападнале безбедносни пунктови во Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Неколку припадници на авганистански безбедносни сили се убиени од страна на талибанските милитанти во новите напади врз неколку безбедносни контролни пунктови во северната провинција Сар е-Пул, информираа авганистанските власти. За новинската агенција Асошиејтед Прес портпаролот на талибанците, Кари Јусуф Ахмади, изјавил дека тие се одговорни за нападите.

Најмалку осум загинати при уривање на зграда во Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку осум луѓе загинае, а десетици се водат за исчезнати откако се урна дел од станбена зграда по експлозија на гас во рускиот град Магнитогорск, во пресрет на новогодишната ноќ. Операциите за спасување привремено биле прекинати поради стравувањата дека може да се урнат и други делови од зградата, изјави рускиот министер за вонредни состојби, Евгениј Зиничев, на 1-ви јануари. Од Министерството за вонредни ситуации соопшти дека биле уништени 26 станови во кои имало 46 жители.

Првото бебе во 2019 година е машко

SlobodnaEvropa.mk 

Првото бебе родено годинава во Скопје е машко. Родено е една минута по полноќ на Клиниката за Гинекологија и акушерство во Скопје. Мајката на бебето е од скопската населба Хиподром, а ова е прво нејзино дете.

Димитров - Договорот за името е најдоброто можно решение за двете страни

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за надворешни работи Никола Димитров вели дека со Договорот од Преспа е постигнато најдоброто за Македонија, секако и за Грција и дека е направен баланс. „Договорот е најдоброто можно решение за двете страни и ако се помести балансот за да биде подобар за едната или за другата страна, нема да има договор, туку национални позиции“, вели Димитров во интервју за МИА. Тој за процесот на уставни измени во Собранието вели дека моментот е истористи и со тоа се наметнува потреба од голема мудрост... Читать дальше...

Дежурни пунктови за деца во три поликлиники во Скопје

SlobodnaEvropa.mk 

Од денеска почнуваат да функционираат три дежурни пунктови во Здравствениот дом Скопје и тоа во поликлиниките Бит Пазар, Јане Сандански и во Ѓорче Петров, каде граѓаните најпрво ќе може да побараат здравствена помош за своите деца наместо да одат во Клиниката за детски болести или во Детската болница Козле. Пунктовите ќе функционираат од понеделник до сабота од 19:30 до 07:30 часот, а лабораториите ќе работат секој ден до 23:30 часот. Во недела пунктовите ќе работат 24 часа, а лабораториите ќе работат од 8 до 23:30 часот. Читать дальше...

Романија ќе претседава со ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Романија го презеде ротирачкото претседателство со Европската унија во време кога Унијата се соочува со претстојното заминување на Британија и со зголемувањето на национализмот во многу земји-членки. Шестмесечното претседателствување е по мотото „ Зближувањето - заедничка европска вредност“. Ова е првпат Романија да го преземе претседателството. Пред два дена во интервју за германски медиум, претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека „владата во Букурешт не сфатила целосно што значи да претседава со земјите од ЕУ“. Читать дальше...

Ципрас - Договорот од Преспа ќе биде ратификуван од грчкиот Парламент

SlobodnaEvropa.mk 

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во неговата новогодишна порака до Грците рече дека е убеден оти Договорот од Преспа ќе биде ратификуван од грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина. Ципрас во обраќањето до граѓаните рече дека 2019 ќе биде година на големо надградување на меѓународниот углед и меѓународната улога на Грција, на европско и меѓународно ниво, „како сила на стабилност, мир и соработка во поширокиот дестабилизиран регион“. „Во овој обид, важен чекор е Договорот од Преспа, кој ќе биде ратификуван од грчкиот Парламент... Читать дальше...

Денеска сончево, од утре многу студено и со снег

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен повремено засилен ветер од северен правец. Дневната температура ќе се движи од 1 до 7 степени. Во Скопје дневната температура ќе достигне 5 степени. Висината на снежната покривка до седум часот е 13 сантиметри на Попова Шапка, девет во Маврово и Крушево, како и пет во Лазарополе. Под влијание на студен и влажен бран од утре попладне и во наредните денови времето ќе биде променливо облачно и многу студено со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Читать дальше...

Среќна нова „историска“ 2019 година

SlobodnaEvropa.mk 

Се зготви новото име со уставните амандмани. Пратениците кои на 27 април им ги отворија вратите на насилниците во Собранието, потоа ги отклучија портите на Македонија за влез во ЕУ и НАТО, за ним да им се откучат портите од Идризово. Груевски доби затвор за тоа на М, па се „оддалечи“ во Унгарија.

Спорт в России и мире
Москва

Эксперт рассказала, как правильно выбрать одежду для спортзала


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Елена Рыбакина

Появилось «закулисное» видео Елены Рыбакиной


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Литва настраивает темп российским путешественникам





Путин в России и мире
Москва

Путин всё знал, но никого не предупредил: Немцы обвинили Москву в прорыве израильского Купола


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Лукашенко сравнил Всебелорусское народное собрание с «пустотой»




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Владимир Зеленский подтвердил ракетный удар по аэродрому в Джанкое


Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Иоганн Себастьян Бах

Бах vs Бетховен в Петрикирхе



Москва

InfoBrics: Москва держится необычно. Запад озадачен новостями из Капустина Яра

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net