Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Январь
2019

Новости за 25.01.2019

СДСМ најверојатно на 3. март ќе го избере својот кандидат за претседател

SlobodnaEvropa.mk 

На 3. март годинава најверојатно ќе биде закажан Конгрес, на кој ќе биде избран кандидатот на СДСМ за претседател на Република Македонија – изјави вечерва Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, по состанокот на Извршниот одбор на партијата. На Извршниот одбор, според Кирацовски, се дискутирало за актуелната политичка ситуација во државата, а бил разгледуван и предлогот за одржување предвремени парламентарни избори, заедно со претседателските. "На Централниот одбор СДСМ ќе ги разгледува... Читать дальше...

Кирацовски: Се надевам дека Централниот одбор вечерва ќе ја донесе одлуката

SlobodnaEvropa.mk 

Седницата на Централниот одбор на СДСМ ќе се одржи и покрај тоа што премиерот Зоран Заев поради невремето слета на софискиот аеродром и во моментов со возило се движи кон Македонија и се очекува да стигне во доцните часови, најави генералниот секретар на СДСМ, Алексадар Кирацовски по завршувањето на Извршниот одбор на партијата. Тој посочи дека на седницата на Централниот одбор ќе се разгледаат неколку точки меѓу кои и за избор на кандидат за претседател на државата, како и за носење одлука дали... Читать дальше...

Трамп: Постигнат е договор за привремена деблокада на Владата

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е постигнат договор за привремено укинување на блокадата на средствата на федералната администрација на три недели до 15-ти февруари. Тој го повика лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот Мич Меконел веднаш да го стави ова барање на гласање. Трамп рече дека комисијата составена од претставници на двете страни почнала да го разгледува неговото барање за гранична безбедност. Тој изрази верување дека е можен голем, сеопфатен договор... Читать дальше...



Болтон: Ратификацијата на договорот ќе донесе просперитет на Балканот

SlobodnaEvropa.mk 

Советникот за национална безбедност на САД, Џон Болтон им честита на премиерите на Грција и Македонија, Алексис Ципрас и Зоран Заев, откако Парламентот во Атина го ратификува Преспанскиот договор. ЌСАД го поддржуваат ова извонредно постигнување, кое ќе донесе стабилност и просперитет на БалканотЌ, напиша Болтон на Твитер

Нимиц: Договорт означува почеток на ера за консолидација на мирот на Балканот

SlobodnaEvropa.mk 

Претставникот на ОН, кој посредуваше во спорот за името, Метју Нимиц ја поздрави ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент. "Би сакал да го поздравам визионерскиот чекор на Парламентот и Владата на Грција. Овој историски договор меѓу двете соседни земји ја отвора вратата и им овозможува нови односи на земјите, и истовремено означува почеток на нова ера за консолидација на мирот и безбедноста на Балканот" посочи Нимиц. Тој дополни дека со нетрпение го очекува заокружувањето на... Читать дальше...

САД ја поздравуваат одлуката на Парламентот на Грција за ратификација на Договорот

SlobodnaEvropa.mk 

САД ја поздравуваат одлуката на Парламентот на Грција да го ратификува Договорот од Преспа, изјави денеска американскиот државен секретар Мајк Помпео. Во изјава за МИА, Помпео укажа дека грчките лидери покажале визија, храброст и истрајност во определбата за изнаоѓање на решение за проблемот со името. "Ова решение ќе и овозможи на Република Северна Македонија да го заземе своето вистинско место во НАТО и ЕУ", вели Помпео. Во изјавата понатаму се вели дека САД аплаудираат на оваа историска можност за унапредување на стабилноста... Читать дальше...

Продолжен притворот на Мијалков, Камчев и другите од „Империја“

SlobodnaEvropa.mk 

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје го продолжи куќниот притвор за обвинетите во предметот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Како што соопштија од судот за МИА, постапувајки по предлог на Јавното обвинитество за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, за продолжување на мерката куќен притвор во случајот за јавноста познат како „Империја“, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје го прифати предлогот... Читать дальше...

Владимир Темков - Кавадарци е град ателје

SlobodnaEvropa.mk 

Шеесет дела создадени минатото лето ја чинат изложбата „Лет во место“ со која сликарот на радоста и светлината Владимир Темков, во галеријата при Домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци од 18 јануари, одбележува два значајни јубилеја – четири децении творештво и 60 години живот.



Албанската опозиција најави масовен антивладин протест на 16 февруари

SlobodnaEvropa.mk 

По одлуката на здружената опозиција за масовен антивладин протест на 16 февруари, лидерката на Социјалистичкото движење за интеграција, Моника Круемади, ги повика албанските граѓани да се придружат на протестите, зашто, како што рече, „национална мисија е заминувањето на премиерот Еди Рама“. „Заминувањето на овој човек е национална мисија, бидејќи секој ден сè повеќе и повеќе овој човек не само што ја ограбува Албанија, не само што ги ограбува сиромашните, не само што ја уништува Албанија, туку овој човек сè повеќе го уништува своето семејство... Читать дальше...

Поради невремето авионот на Заев слета во Софија

SlobodnaEvropa.mk 

Авионот со кој патуваше премиерот Зоран Заев и дел од владината делегација, кои се враќаа од економскиот самит во Давос, Швајцарија не можеше да слета поради снежното невреме во Скопје. Поради ова слетувањето е пренасочено на аеродромот во Софија. Од СДСМ за МИА потврдија дека авионот безбедно слетал во Софија и Заев тргнал на пат кон Скопје. "Причината за пренасочување се интензивните снежни врнежи и немањето услови за слетување на скопскиот аеродром" рекоа од СДСМ. Заев треба вечерва да пристигне во партсикото седиште на СДСМ... Читать дальше...

Кацин: Словенија наскоро ќе го ратификува протоколот за членство на Македонија во НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

Словенечкиот амбасадор при НАТО, Јелко Кацин, порача дека по денешната ратификација на Преспанскиот Договор во Грција, Македонија може да стане членка на НАТО за помалку од една година, јави  МИА во Брисел. Кацин за медиумите рече дека ако сѐ оди како што сите посакуваат, „македонското знаме би можело да се вее пред седиштето на НАТО до крајот на оваа година, најдоцна на почетокот на 2020“. Македонија ќе стане членка на Алијансата „де факто наскоро, но де јуре откако сите сојузници ќе го ратификуваат пристапниот протокол“. Читать дальше...

Стоун пуштен со кауција

SlobodnaEvropa.mk 

Долгогодишен соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, Роџер Стоун  кој беше уапсен од американското Федерално биро за истраги (ФБИ), денеска е ослободен со кауција  од 250.000 долари. Стоун е обвинет за  кривични дела поврзани со давање лажни изјави и влијанија врз сведоци Ова обвинение е прв јавен потег кој го направи специјалниот советник Роберт Милер во последните неколку месеци. Милер поранешен директор на ФБИ ја презеде исрагата на Министерството за правда за евентуален долсух... Читать дальше...

Германија надмина 83 милини жители поради мигрантите

SlobodnaEvropa.mk 

Населението во Германија на крајот на минатата година достигна 83 милиони, покажуваат податоците на државната статистика. Тоа се 200 илјади луѓе повеќе од пред една година, соопшти Федералната статистичка служба. По обединувањето на Германија, земјата во 1990 година имаше 79,3 милиони жители. Минатата година во Германија биле родени меѓу 785 и 805 илјади бебиња, а умреле меѓу 950 и 970 илјади луѓе. Во земјата пак имигрирале меѓу 340 и 380 илјади луѓе, што е помалку од 2017 година, кога во земјата дошле 416 илјади мигранти. Читать дальше...

Мас: Ратификацијата на договорот е одлична вест и за Европа

SlobodnaEvropa.mk 

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас порача дека денешната ратификација на Преспанскиот Договор во грчкиот Парламент е одлична вест и за Европа. "Одлични вести за Европа и голема победа на дипломатијата", напиша Мас на неговиот твитер профил

Досега 29 жртви на епидемијата на грип во Хрватска

SlobodnaEvropa.mk 

Според податоците на Заводот за јавно здравје на Хрватска, во последните седум дена од грип починале уште 20 луѓе, со што вкупниот број на жртви на грип до вчера достигнал 29 лица. Претставници на Заводот рекле дека динамиката на движењето на бројот на болни од грип годинава е на ниво од претходната. Исклучок е втората седмица од почетокот на сезоната во која е регистриран поголем број заболувања во споредба со истиот период минатата сезона. Докторот Фран Михаљевиќ од Инфективната клиника изјави дека епидемијата го достигнала врвот... Читать дальше...

Влада: Со договорот од Преспа светот доби нов модел за пријателство

SlobodnaEvropa.mk 

Владата на Република Македонија силно ја поздравува одлуката на Парламентот на Република Грција да го ратификува историскиот Договор од Преспа, со кој се става крај на тридецениски спор кој го попречуваше развојот во регионот. Владата, како што соопшти нејзината прес-служба, им честита на сите граѓани на двете земји за мирот, прогресот и развојот кои ги носи овој Договор и ги охрабрува да ги интензивираат соработките, поврзувањата и пријателствата. "Преку изнаоѓањето на македонско – грчкото решение... Читать дальше...

Заев му се јавил и му честитал на Ципрас

SlobodnaEvropa.mk 

"Ми се јави да ми честита, исто како што направија и други лидери, рече грчкиот премиер по ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент , одговарајќи на новинарско прашање дали разговарал со неговиот македонски колега, Зоран Заев, јави МИА од Атина. Во изјавата, Алексис Ципрас го повтори она што претходно го напиша на неговиот официјален Твитер профил дека денес е историски ден за Грција, бидејќи „се става крај на голем нерешен проблем што и тежеше на надворешната политика“, но е и историски ден и за Балканот. Читать дальше...

Катругалос ја потпиша ратификацијата на Договорот од Преспа

SlobodnaEvropa.mk 

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос ја потпиша ратификацијата на Договорот од Преспа, јави  МИА од Атина. "Штотуку го потпишав ратификуваниот закон на историскиот Договор од Преспа. Грција е протагонист во мирот и стабилноста на Балканот и Европа. Нова ера во нашите односи со нашите соседи", напиша Катругалос на неговиот официјален Твитер профил.

Ракетниот договор во опасност

SlobodnaEvropa.mk 

Состанокот помеѓу претставниците на НАТО и на Русија не даде резултат во решавањето на спорот околу новата руска крстосувачка ракета, за која Алијансата тврди дека е закана за Европа, рече денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. По разговорите во Брисел, Столтенберг рече дека еден од главните ракетни договори од Студената војна сега е во опасност и оти досега нема напредок. Договорот за нуклеарни сили со среден досег меѓу тогашниот СССР и САД од 1987 година забранува производство... Читать дальше...


Музыкальные новости
Александр Розенбаум

«Это не бомжовые заведения»: 72-летний Александр Розенбаум зарабатывает миллионы на пивном бизнесе





Персональные новости
Сергей Собянин

Собянин: Москва завершает переход на новый стандарт экстренной медпомощи





Коѕијас – Политиката на мирот триумфираше

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот шеф на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, кој го потпиша Договорот од Преспа, по неговата ратификација во грчкиот парламент на Твитер напиша дека политиката на мирот триумфираше. „Сега треба итно да се усвојат, заедно со нашите пријатели од Северна Македонија, сите позитивни мерки предвидени со Договорот од Преспа, нашата заедничка иднина. Зоран и Никола, историјата е училиште, не затвор. Заедно стоиме на вистинската страна од историјата“, напиша Коѕијас. Грчкиот парламент денеска... Читать дальше...

Европските социјалисти ја поздравија ратификацијата на Преспанскиот договор

SlobodnaEvropa.mk 

Партијата на европските социјалисти срдечно ја поздрави денешната ратификација на Преспанскиот договор во грчкиот парламент за да му се стави крај на долготрајниот спор меѓу Грција и Македонија. ПЕС ги пофали обете влади и парламенти за нивните напори за надминување на деценискиот историски спор меѓу двете земји. „Горди сме што овој историски договор, постигнат меѓу премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев, конечно е ратификуван од сите страни. Ова е јасен доказ за тоа како земјите можат да ги надминат децениските спорови“... Читать дальше...

Ципрас - Денес е историски ден, Северна Македонија ќе биде земја пријател

SlobodnaEvropa.mk 

Северна Македонија, која се роди денес, ќе биде земја пријател, напиша премиерот на Грција, Алексис Ципрас, на неговиот официјален Твитер профил, кусо по соопштувањето на резултатите и зеленото светло од грчкиот Парламент за Договорот од Преспа. Тој додаде дека денес е историски ден и денес „се пишува нова страница за Балканот“. „Следните генерации и во двете земји им должат благодарност на пратениците кои со храброст и смелост ги поставија темелите за иднина на мир, солидарноста и хармоничен соживот меѓу двата народи. Читать дальше...

Столтенберг - Со нетрпение чекам Северна Македонија да стане членка на НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на Твитер исто така го поздрави усвојувањето на Преспанскиот договор во Грција. „Важен придонес за стабилноста и просперитетот на целиот регион. Со нетрпение ја челам идната Северна Македонија да стане членка на НАТО“, пишува Столтенберг. Грчкиот парламент денеска со 153 гласа „за“ и 146 „против“ го ратификува Договорот од Преспа.

Димитров - Храброста и надежта го поразија стравот

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот на дипломатијата Никола Димитров на Твитер напиша дека храброста и надежта го поразиле стравот, откако грчкиот парламент до 153 гласа „за“ го ратификува Договорот од Преспа. „Како што Никос често вели, историјата треба да биде учителка, а не затвор. Јас сум горд на тоа што го направивме. Да живее нашето пријателство и пријателството меѓу нашите земји. Да живее визионерскиот патриотизам“, пишува Димитров во пораката на англиски јазик упатена до Алексис, Џорџ и Никос, веројатно мислејќи на грчкиот премиер Алексис Ципрас... Читать дальше...

ЕУ - Атина и Скопје испишаа нова страница на нашата заедничка ЕУ иднина

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, високата претставничка за надворешна политика, Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан „топло го поздравија“ новиот чекор во усвојувањето на Преспанскиот договор, со кој земјата станува Северна Македонија. „Од самиот почеток ЕУ силно го поддржа историскиот договор потпишан од премиерите Ципрас и Заев под водство на ОН. Потребна беше политичка храброст, лидерство и одговорност од сите страни за да се надмине еден од најтешките спорови во регионот. Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

Учитель из Бутово стала «Гуру физкультуры»


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

Линетт сыграет против Соболенко во втором круге турнира WTA в Мадриде


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Учения по ликвидации лесных пожаров прошли в Богородском округе





Путин в России и мире
Москва

Путин поздравил Леонида Рошаля с днем рождения


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Это - война: литовские беспилотники попытались атаковать Минск




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире

Навальный в России и мире
Москва

Продюсера Reuters арестовали за публикацию материалов на YouTube-канале «НавальныйLIVE»



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Филипп Киркоров

Киркорова оштрафовали на 6 тысяч рублей из-за неуплаченного штрафа в 3 тысячи



Москва

За молчание — золото: неуведомление МЧС о походе обернется штрафами

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net