123ru.net
World News in Macedonian
Январь
2019

Новости за 09.01.2019

Заев: Се уште нема мнозинство за усвојување на уставните измени

SlobodnaEvropa.mk 

Двотретинско мнозинство за усвојување на уставните измени се уште нема, изјави вечерва премиерот Зоран Заев во интервју за Сител и додаде дека тоа ќе се знае на самиот чин на гласање. Сепак изрази верување дека целиот процес ќе помине и во Македонија, но и во соседна Грција, бидејќи двете земји сакаат конечно да се стави крај на речиси тридеценискиот спор. Појасни дека секој амандман се утврдува со обично мнозинство, потоа се отвора општиот претрес, па претресот по текстови и секој амандман поединечно се гласа со двотретинско мнозинство. Читать дальше...

Борба против конкуренцијата - Собирачите ги уништуваат кантите за селектиран отпад

SlobodnaEvropa.mk 

Во Тетово речиси и да не може да се видат кантите за отпад во разни бои во кои може посебно да се фрла стакло, хартија и пластика. Компаниите за рециклирање се жалат дека кантите се уништуваат од неформалните собирачи на отпад.

Прославен контроверзниот "Ден на Република Српска"

SlobodnaEvropa.mk 

Во Република Српска денеска се прослави 9 Јануари, како Ден на Република Српска и покрај тоа што Уставниот суд на Босна и Херцеговина во 2015 година го прогласи за неуставен. Низ главната улица на Бања Лука продефилираа 15 ешалони припадници на ентитетското Министерство за внатрешни работи и дури 23 ешалони граѓански организации, меѓу кои пожарникари, демобилизирани борци, припадници на цивилната заштита и други организации и здруженија. На дефилето присуствуваше и српската премиерка Ана Брнабиќ, како и министри од нејзиниот кабинет. Читать дальше...



Македонија под снег, апел за внимателно возење

SlobodnaEvropa.mk 

Градоначалниците и општините да ги преземат сите неопходни мерки за расчистување на снегот и снежните наноси, заради нормално одвивање на сообраќајот и заштита на населението согласно обврските од Законот за заштита и спасување, апелираше вечерва Дирекцијата за заштита и спасување. Оттаму истакнуваат дека будно ја следат состојбата со временските услови во целата држава. Како што информира Автомотосојузот на Македонија, снег со променлив интензитет врне низ цела држава. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица. Читать дальше...

Мицотакис го нападна Каменос дека помогнал за Договорот од Преспа

SlobodnaEvropa.mk 

Панос Каменос требаше пред неколку месеци да си замине од Владата, доколку навистина сакаше да го спречи Договорот од Преспа. Со тоа што остана во Владата, му го даде пенкалото на Алексис Ципрас да потпише, а според тоа е целосно одговорен и самиот тој, рече претседателот на Нова демократија, говорејќи на политичкиот комитет на партијата, јави дописничката на МИА од Атина. Кирјакос Мицотакис упати остри критики до актуелната Влада и до Панос Каменос по најавите дека тој веројатно ќе се повлече од коалицијата поради Договорот од Преспа. Читать дальше...

Заев: Пратениците да ја препознаат историската одлука

SlobodnaEvropa.mk 

Собраниската седница на која на дневен ред се уставните измени започна денеска попладне со обраќање на премиерот Зоран Заев, кој пратениците ги повика да донесат историска одлука која ќе ја однесе Македонија во ЕУ и НАТО, бидејќи во спротивно земјата ќе биде изолирана и заборавена.

Седницата за уставните измени продолжува утре, Заев побара позитивна одлука

SlobodnaEvropa.mk 

Вашата позитивна одлука тука во Собранието денеска ја приближува Македонија до членството во НАТО, до моментот кога македонското знаме гордо ќе се вее на јарболот во Брисел со знамињата на останатите земји-членки, но исто така и ја прави извесна можноста во јуни да ги отвориме првите поглавја во преговорите со Европската унија, кои треба да ги затвориме во 2025 година. Ова го порача вечерва премиерот Зоран Заев од собраниската говорница, обраќајќи им се на пратениците на 75. седница на која се расправа за уставните измени во трета фаза... Читать дальше...

Почна собраниската седница за уставните измени

SlobodnaEvropa.mk 

Со доцнење од повеќе од еден час попладнево почна собраниската седница на која на дневен ред се уставните измени. На неа пратениците ќе ги утврдуваат предлог – амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија, по што следува нивно донесување па прогласување. Вкупно 78 пратеници гласаа „за“ дневниот ред, што претходно го прочита претседателот на Собранието Талат Џафери. За прогласување на амандманите е потребно двотретинско мнозинство, односно за нив да гласаат 80 од вкупно 120 пратеници во Законодавниот дом. Читать дальше...



Тевдовски: Министерството за финасии има кредибилна проекција за растот на БДП

SlobodnaEvropa.mk 

Тоа што одиме со проекција за раст на БДП од 3,2 отсто за 2019 година, што е многу блиску до проекциите на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), а е пониско од проекцијата на Народната банка на РМ (НБРМ), покажува дека имаме кредибилна проекција, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски во коментар на последните оценки на Светска банка во јануарскиот Глобален извештај според кои Македонија лани имаше раст од 2,5 отсто, а во 2019-та ќе достигне до 2,9 проценти. “Проекциите на... Читать дальше...

Невработеноста во еврозоната 7,9 отсто, најмала во изминатите 10 години

SlobodnaEvropa.mk 

Стапката на невработеност во еврозоната во ноември минатата година е намалена на 7,9 отсто, што е најниска во изминатите 10 години, иако постои загриженост дека поради економските перспективи, нема да паѓа многу пониско од тоа. Статистичката служба на ЕУ соопшти дека бројот на невработени паднал за 90 илјади, со што и стапката на невработеност се намалила за 0,1 отсто од октомвриските 8 отсто. Претходните денови се појавија повеќе показатели дека економијата во еврозоната ја изгубила динамиката на крајот на 2018 година, особено во Германија.

Кремљ - Ердоган наскоро ќе ја посети Москва

SlobodnaEvropa.mk 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган наскоро ќе ја посети Москва за да разговара со шефот на руската држава Владимир Путин, соопшти денеска Кремљ. Во соопштението на Кремљ се нагласува дека точниот датум на посетата на Ердоган на Русија сè уште не е договорен. Русија и Турција се едни од клучните актери во конфликтот во Сирија. Двете земји лани во септември договорија создавање демилитаризирани зони во реоните на линијата на фронтот меѓу сириските владини сили и бунтовниците. Ваквиот договор меѓу... Читать дальше...

Мицкоски утре ќе се обрати пред Собранието

SlobodnaEvropa.mk 

Од ВМРО-ДПМНЕ попладнево преку соопштение најавија дека нивниот претседател Христијан Мицкоски пред Собранието ќе се обрати утре. “Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес јасно го изрази својот и ставот на партијата дека ВМРО нема да поддржи уставни измени и нема да даде легитимитет на нешто што нема легитимитет од народот. Во текот на утрешниот ден Мицкоски, во својство на еден од многуте граѓани, ќе се обрати пред Собранието на Република Македонија”, наведуваат од опозициската партија. Читать дальше...

Уште две деца заразени од мали сипаници

SlobodnaEvropa.mk 

Уште две деца од Скопје се заразени со морбили. Тие се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Откако Министерството за здравство прогласи епидемија на морбили, во оваа здравствена установа се лекувани 13 лица. Вчера на домашно лекување се пуштени четири деца. Од почетокот на епидемијата досега се вакцинирани 10 отсто од невакцинираните деца или околу 1.300 деца. “Контролите за вакцините МРП со погрешни декларации ќе завршат до крајот на денот, а за тоа кој го направил пропустот ќе каже истрагата. Читать дальше...

Костадинов – Мицкоски има цел да ја оддалечи Македонија од ЕУ и НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

Пратеникот Костадин Костадинов, кој е и портпарол на СДСМ,денеска го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека работи против Македонија и интеграцијата во ЕУ и НАТО. „Мицкоски не отстапува од замислите да ја оддалечи Македонија од НАТО и ЕУ. Мицкоски и раководството на ВМРО ДПМНЕ имаат цел да предизвикуваат тензии, омраза, насилство, со кои ќе ја блокираат иднината на Македонија. Мицкоски работи по директива на неговите шефови, кои работат против Македонија“, рече Костадинов на прес-конференцијата во Собранието. Читать дальше...

Генерален штрајк на косовските адвокати поради забраната за пристап во судовите без покана

SlobodnaEvropa.mk 

Адвокатската комора на Косово денеска стапи во генерален штрајк, откако не беше исполнето нејзиното барање за укинување на одлуката на Судскиот совет на Косово, со која на сите судови им се наредува да не им дозволуваат пристап на адвокатите без покана или без дозвола од судија. Оценувајќи дека таквата одлука е неприфатлива и дека претставува „газење на основните принципи за пристап до правдата“, Комората претходно побара повлекување на одлуката до 8 јануари, наведувајќи дека во спротивно нејзините членови ќе стапат во генерален штрајк. Читать дальше...

Светска банка - Македонската економија годинава со раст од 2,9 отсто

SlobodnaEvropa.mk 

Македонија минатата година забележа економски раст од 2,5 отсто, а во 2019-та ќе достигне 2,9 проценти, објави Светска банка во јануарскиот Глобален економски извештај. За 2020 година Светска банка предвидува раст на македонскиот БДП од 3,2 отсто, а во 2021 од 3,3 проценти. Владата, пак, за годинава очекува економски раст од 3,2 проценти. Проекциите на банката за Македонија се коригирани во нагорна линија за 0,2 процентни поени. Во извештајот на Светската банка се наведува дека економскиот... Читать дальше...

Мицкоски – Уставот се менува насилно, отпорот е тоа што ни останува

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека уставот се менува „не по демократски пат, туку преку акт на насилство врз процедурите, уцени и закани врз пратениците и нивни блиски“. Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да учествува во тој „срамен процес“ и нема да му дадат легитимитет. Според Мицкоски, до промена на името се доаѓа „преку пазарења, драконски уцени и за таа цел има масовна злоупотреба на обвинителството и судскиот систем“. „На референдум Зоран Заев не доби поддршка за промена на Уставот и името... Читать дальше...

Поранешен израелски министер шпионирал за Иран – ќе добие 11 години затвор

SlobodnaEvropa.mk 

Израелското Министерство за правда денеска соопшти дека е постигната спогодба со поранешниот министер Гонен Сегев, обвинет дека шпионирал за Иран. Во соопштението се наведува дека тој треба да отслужи 11 години затвор, откако призна дека шпионирал и му предавал информации на непријателот. Спогодбата ќе му биде претставена на судот во февруари, а други детали не се соопштени. Сегев е обвинет дека на Иран му пружал информации за „енергетскиот пазар и безбедносните места во Израел“. Тој беше министер... Читать дальше...


Музыкальные новости
Вячеслав Бутусов

Вячеслав Бутусов и Юлия Пересильд выступят фестивале «Дикая Мята» с 14 по 16 июня





Персональные новости
Спартак

Московский «Спартак» разгромил «Ростов» со счетом 5:1





Собраниската седница за уставните измени одложена за 16 часот

SlobodnaEvropa.mk 

Собраниската седница за уставните амандмани е одложена за 16 часот, извести претседателот на Собранието Талат Џафери. Тој не ја посочи причината за одложувањето на седницата. Џафери потоа ја констатира оставката на пратеникот и координатор на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, кој треба да ја преземе функцијата директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство. Неговото место во пратеничките клупи го зазеде Рубин Земон, кој беше посебен советник за развој на мултикултурно општество... Читать дальше...

Протест против уставните измени пред Собранието

SlobodnaEvropa.mk 

Точно напладне здруженијата „Tврдокорни“ и „Македонија блокира“ го започнаа протестот пред Собранието, во пресрет на закажаната седница за последната фаза од уставните измени. Улицата пред Собранието е целосно блокирана, а се забележува и зголемено присуство на полицијата. Протестот, како што велат организаторите, ќе трае до полноќ. Од „Тврдокорни“ и „Македонија блокира“ истакнуваат дека протестот е за одбрана на македонското име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ и против... Читать дальше...

Помпео во ненајавена посета на Ирак

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска допатува во ненајавена посета на Багдад. За време на посетата, тој се сретна со ирачкиот министер за надворешни работи Мохамед Али ал-Хаким, со претседателот на парламентот и со други ирачки претставници. Помпео допатува во Багдад од Аман, каде што вчера ја започна регионалната турнеја. Тој дојде во Ирак две недели по ненајавената посета на претседателот Доналд Трамп на американските војници. Посетата на Трамп на Ирак наиде на критики зашто не се сретнал со ирачките претставници.

Кирацовски – Убедивме доволен број пратеници за бенефитите од ЕУ и од НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

Пратеникот Александар Кирацовски од СДСМ денеска изјави дека „убедиле доволен број пратеници за бенефитите од членството во ЕУ и во НАТО“ и очекува уставните измени да бидат изгласани најдоцна до петок. Тој рече дека верува оти убедиле нешто над 80 пратеници да ги поддржат уставните измени кои произлегуваат од Договорот од Преспа со Грција. Денеска треба да започне собраниската седница на која ќе се гласа за измените во уставот.

Израелските власти одлучни во сузбивањето на полигамијата кај бедуините

SlobodnaEvropa.mk 

Полигамијата во Израел е забранета неколку децении, но оваа пракса сепак е распространета во сиромашната бедуинска заедница во земјата. Израел се обидува да стави крај на овој стар обичај, па за прв пат пред суд изведува бедуини осомничени за полигамија. Сепак, многумина бедуини гледаат на оваа мерка како начин за намалување на бројот на припадници на бедуинските задници и судско гонење на нивните членови. Претставничката на израелското Министерство за правда Еми Палмор, која ја предводи кампањата против полигамијата... Читать дальше...

Средба Ципрас-Каменос за иднината на грчката Влада

SlobodnaEvropa.mk 

Коалициските партнери во грчката Влада, Алексис Ципрас и Панос Каменос веројатно в петок ќе одржат средба за иднината на нивната соработка, на која, како што се приближува моментот кога Договорот од Преспа ќе стигне на грчки терен, се чини дека ѝ се гледа крајот, јави дописничката на МИА од Атина. Иако се споменуваше дека средбата ќе се одржи во текот на вчерашниот ден, пред состаноците на партиските органи на Независни Грци закажани за денеска, според медиумите во Грција, посетата на Меркел на... Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

Фитнес-эксперт Каневский назвал далеко не новым трендом копирование детьми поведения животных


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
ATP

Медведев остался лучшим среди россиян в обновлённом рейтинге ATP, Рублёв — восьмой


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Эксперты рассказали, как вести себя при встрече с летучей мышью





Путин в России и мире
Москва

Гарантные манеры: Алиев оценил роль Москвы в поддержании мира на Кавказе


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Сегодня президент Беларуси Александр Лукашенко встретился в Минске с губернатором Поморья Александром Цыбульским




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Захарова: "формулой Зеленского" США отвлекали внимание от нового транша Киеву


Навальный в России и мире
Москва

Мосгорсуд оставил в СИЗО журналистку Фаворскую, обвиняемую в экстремизме за репортажи о Навальном



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Стас Пьеха

«В чем угодно, только не в красных стрингах!» Стас Пьеха рассказал о фотосессии на «Фабрике звезд» в шоу «УТРО. ТНТ»



Москва

Публичная и тайная жизнь одного из самых ярких российских адвокатов XIX века в новом историческом детективе “Плевако”

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net