Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Январь
2019

Новости за 10.01.2019

Власта тврди - Вработувањата во Царината поради зголемен обем на работа

SlobodnaEvropa.mk 

Огласените нови вработувања во Царинската управа на Македонија се поради зголемен обем на работа. Тоа е нормален процес кој треба да ги зајакне капацитетите во работењето согласно со новите надлежности и претстојните преговори со Европската унија, оценија денеска директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски и премиерот Зоран Заев. Царинската управа сега има 1076 вработени и, како што рече Танасоски, тој број изнесувал 1132 во 2015 година, од кога немало вработувања. Објавен е само еден оглас за советник на директорот... Читать дальше...

Чавушоглу – Вашингтон не може да нè уценува да не купуваме руски ракетен систем

SlobodnaEvropa.mk 

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу денеска изјави дека Турција може да ги купи американските ракетни системи Патриот ако условите ѝ одговараат, но инсистира дека таквиот договор би бил невозможен ако Вашингтон ја принуди Анкара да го откаже договорот за набавка на рускиот ракетен систем С-400. Во денешното интервју за турската телевизија НТВ, Чавушоглу рече дека турската воена операција против курдските Сили за заштита на народот (ЈПГ), која ја најави Турција во северниот дел на Сирија... Читать дальше...

Помпео пристигна во посета на Египет

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот државен секретар Мајк Помпео пристигна во Каиро на разговори со египетските лидери. Посетата на Египет е дел од неговата турнеја низ девет земји на Блискиот Исток со цел да ги увери арапските партнери дека САД не го напуштаат регионот. Посетата на Помпео доаѓа во услови на несигурност околу плановите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување на американските војници од Сирија. Помпео денеска се среќава со египетскиот претседател Абдел-Фатах ал-Сиси... Читать дальше...



Заев - Ако бидеме креативни ќе изнајдеме решение со Беса

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека сè уште се во разговори со БЕСА на Биљал Касами за изнаоѓање техничка формулација во однос на државјанството со цел обезбедување на потребните 80 пратеници за донесување на уставните амандмани. „Беса е принципиелно поставена за ова прашање, како што се и осумтемина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, и се „први кои се за заштита на македонскиот идентитет“. Суштината на Беса е преку формулацијата на македонско/граѓанин на Република Северна Македонија да не се остави впечаток дека Албанците... Читать дальше...

Има ли 80 пратеници за усвојување на уставните амандмани?

SlobodnaEvropa.mk 

Седницата на Собранието на Македонија на која треба да бидат донесени уставните амандмани за имплементација на Договорот од Преспа со Грција продолжува денеска. Истовремено пред Собранието е најавено продолжување на протестите против договорот со Грција за името.

Вебер - Прашањето за името мора да се затвори и Македонија да добие европерспектива

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер, кој e кандидат за претседател на Европската комисија на претстојните избори во ЕУ, изјави дека е неопходно решение за спорот за името меѓу Атина и Скопје и отворање на европерспективата на Македонија. „На сите им е јасно дека прашањето за името мора да биде решено и на Македонија да ѝ се овозможи позитивна економска и европска иднина“, вели во изјава за Еурактив, Вебер, кој беше критикуван дека не се изјаснува за Договорот од Преспа и... Читать дальше...

Тројца загинати на протестите во Судан

SlobodnaEvropa.mk 

Тројца луѓе загинаа, а повеќемина се повредени кога полицијата интервенираше да ги растера антивладините демонстранти во Судан, информираат тамошните власти. Полицијата употреби солзавец против учесниците на неодобрениот протест во градот Омдурман. Полицијата соопшти дека дополнително добиле информација дека тројца демонстранти загинале и дека во тек е истрагата за случајот. Од 19 декември во Судан се одржуваат протести поради поскапувањето на лебот, но прераснаа во општи протести против власта.

Јужна Кореја бара Пјонгјанг да преземе похрабри чекори за денуклеаризација

SlobodnaEvropa.mk 

Северна Кореја мора да преземе „похрабри чекори“ за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров, изјави денеска претседателот на Јужна Кореја Мун Џае Ин. Тој пред новинарите рече дека посетата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун на Пекинг оваа недела е знак дека претстои друг самит меѓу него и американскиот претседател Доналд Трамп. Јужнокорејскиот претседател, на годишната конференција за новинари, рече и дека ќе се заложи за исклучоци од меѓународните санкции за повторно да се покренат замрзнатите... Читать дальше...



Путин и Меркел се за координирани напори во Сирија

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел се согласиле на координирани напори во барањето мир во Сирија, соопшти Кремљ по нивниот телефонски разговор. Тие дискутирале и за формирање Уставен комитет за Сирија кој би работел на нов устав во таа со граѓанска војна погодена земја. До нивниот разговор доаѓа во момент на извесна конфузија во врска со плановите на САД за повлекување на американските војници од Сирија.

Македонија без амбициозен план против климатските промени

SlobodnaEvropa.mk 

Планетата се затоплува, глечерите се топат, расте нивото на морињата. Тоа се последици од климатските промени, за кои научниците велат дека светот има само 12 години да ги спречи најлошите сценарија. Македонија се уште нема амбициозен план со кој значително ќе придонесе кон намалување на емисиите.

Трамп излегол од состанокот со демократите за буџетот

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека излегол од состанокот со конгресмените од Демократската партија откако тие му рекле дека нема да го финансираат ѕидот на американско мексиканската граница. Трамп на твитер по состанокот со сенаторот Чак Шумер и претседавачот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси напиша: „тоа е тотално губење време“. Шумер потврди дека Трамп си заминал откако добил негативен одговор за финансирањето на ѕидот. Со тоа продолжува и делумната блокада на американската влада која трае веќе три недели.

Ципрас: Договорот од Преспа во грчкиот парламент во текот на месецов

SlobodnaEvropa.mk 

„Процесите за ратификација на Договорот од Преспа во Грција, ќе почнат веднаш откако во Скопје ќе завршат уставните измени и резултатот ќе и биде соопштен на официјална Атина“. Ова го изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас во синоќешното интервју за грчката телевизија Опен. Според неговите проценки, во текот на овој месец пратениците во Грција ќе гласаат за ратификацијата на овој договор. Ципрас изрази убеденост дека постои мнозинство во Парламентот како за Договорот од Преспа, така и за доверба на Владата... Читать дальше...

Меркел во Атина

SlobodnaEvropa.mk 

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ја почнува дводневната посета на Атина. Портпаролката на германската влада Мартина Фиц во петокот изјави дека не знае дали Меркел во Атина ќе разговара за Договорот од Преспа за името, но наведе дека Берлин „го поздравува договорот и продолжува да се надева оти овој децениски спор ќе биде решен“. Сепак, според некои дипломатски извори, Меркел решила да ја посети Атина за да му даде поддршка на грчкиот премиер Алексис Ципрас пред ратификацијата на договорот... Читать дальше...

Меркел во Атина и за Договорот од Преспа

SlobodnaEvropa.mk 

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска и утре во Атина ќе оствари средби со грчкиот државен врв, но и со претставници на опозицијата. Според дипломатски извори, Меркел решила да ја посети Атина за да му даде поддршка на грчкиот премиер Алексис Ципрас пред ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот парламент.

Македонските одбојкари за прв пат на ЕП

SlobodnaEvropa.mk 

Одбојкарската репрезентација на Македонија синоќа за прв пат се пласира на Европското првенство откако во последното коло од квалификациите во Скопје ја победи Унгарија со 3:0. Овој резултат на македонската репрезентација иовозможи како една од петте најдобри второ пласирани екипи да се пласира на Европското првенство кое се игра во септември годинава и тоа во четири земји: Словенија, Холандија, Белгија и Франција.

Продолжува собраниската седница за уставните амандмани

SlobodnaEvropa.mk 

Седницата на Собранието на Македонија на која треба да бидат донесени уставните амандмани за имплементација на Договорот од Преспа со Грција продолжува денеска во 13 часот. Вчера премиерот Зоран Заев образложувајќи ги уставните амандмани го повтори ставот дека со нив „се загарантирани македонскиот идентитет, македонскиот јазик, Македонец, и дека Грција еднаш за секогаш го признава нашето право на самоопределување“. Пратениците треба да го утврдат предлогот на амандманите кој се донесува со 61 глас... Читать дальше...

Времето денеска: облачно со врнежи од снег

SlobodnaEvropa.mk 

Во Македонија ќе биде облачно со врнежи од снег, повеќе во западните и северните делови. Снежната покривка во овие делови дополнително ќе се зголеми за 10 до 20 см. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од минус 6 до минус 1, а дневната од минус 3 до 3 степени. Во Скопје и околината слично време со утринска температура од минус 5, а дневната ќе остигне до минус 1 степен.

Спорт в России и мире
Москва

«Евро-Футбол.Ру»: «Спартак» никогда не интересовался Сафоновым


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
ATP

Российский теннисист Медведев опустится на строчку в рейтинге ATP


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Эксперт Президентской академии в Санкт-Петербурге о перспективах развития туризма в Ингушетии





Путин в России и мире
Москва

BNA: Путин и король Бахрейна призвали к деэскалации в секторе Газа


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Путин прилетел в Минск для переговоров с Лукашенко




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире

Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Виктор Цой

Ларисе Гузеевой – 65: как звезда «Жестокого романса» была главной оторвой Ленинграда и дружила с Виктором Цоем



Москва

Трем домам в неоклассическом стиле в центре Москвы вернули исторический облик

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net