Тројца загинати на протестите во Судан
Тројца луѓе загинаа, а повеќемина се повредени кога полицијата интервенираше да ги растера антивладините демонстранти во Судан, информираат тамошните власти. Полицијата употреби солзавец против учесниците на неодобрениот протест во градот Омдурман.
Полицијата соопшти дека дополнително добиле информација дека тројца демонстранти загинале и дека во тек е истрагата за случајот.
Од 19 декември во Судан се одржуваат протести поради поскапувањето на лебот, но прераснаа во општи протести против власта.