Путин и Меркел се за координирани напори во Сирија
![Путин и Меркел се за координирани напори во Сирија](https://gdb.rferl.org/9B576CC1-F896-4178-A8C0-C7A4708056B2_w800_h450.jpg)
Рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел се согласиле на координирани напори во барањето мир во Сирија, соопшти Кремљ по нивниот телефонски разговор. Тие дискутирале и за формирање Уставен комитет за Сирија кој би работел на нов устав во таа со граѓанска војна погодена земја. До нивниот разговор доаѓа во момент на извесна конфузија во врска со плановите на САД за повлекување на американските војници од Сирија.