Меркел во Атина
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ја почнува дводневната посета на Атина. Портпаролката на германската влада Мартина Фиц во петокот изјави дека не знае дали Меркел во Атина ќе разговара за Договорот од Преспа за името, но наведе дека Берлин „го поздравува договорот и продолжува да се надева оти овој децениски спор ќе биде решен“. Сепак, според некои дипломатски извори, Меркел решила да ја посети Атина за да му даде поддршка на грчкиот премиер Алексис Ципрас пред ратификацијата на договорот од страна на грчкиот парламент и да испрати порака дека грчката економија е на патот кон закрепнување.