Чавушоглу – Вашингтон не може да нè уценува да не купуваме руски ракетен систем
![Чавушоглу – Вашингтон не може да нè уценува да не купуваме руски ракетен систем](https://gdb.rferl.org/7E7BD6A2-14B8-4703-A329-DBCC8F9903AB_cx0_cy6_cw0_w800_h450.jpg)
Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу денеска изјави дека Турција може да ги купи американските ракетни системи Патриот ако условите ѝ одговараат, но инсистира дека таквиот договор би бил невозможен ако Вашингтон ја принуди Анкара да го откаже договорот за набавка на рускиот ракетен систем С-400.
Во денешното интервју за турската телевизија НТВ, Чавушоглу рече дека турската воена операција против курдските Сили за заштита на народот (ЈПГ), која ја најави Турција во северниот дел на Сирија, не зависи од повлекувањето на американските сили од тој регион.
Чавушоглу во интервју за турската телевизија НТВ порача дека не е реално да се очекува дека САД целосно да го соберат оружјето, кое им го дале на курдските сојузници, кои Турција ги смета за терористи.