Јужна Кореја бара Пјонгјанг да преземе похрабри чекори за денуклеаризација
![Јужна Кореја бара Пјонгјанг да преземе похрабри чекори за денуклеаризација](https://gdb.rferl.org/032B610B-3430-4FB8-88E6-734515101294_cx0_cy5_cw0_w800_h450.jpg)
Северна Кореја мора да преземе „похрабри чекори“ за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров, изјави денеска претседателот на Јужна Кореја Мун Џае Ин. Тој пред новинарите рече дека посетата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун на Пекинг оваа недела е знак дека претстои друг самит меѓу него и американскиот претседател Доналд Трамп.
Јужнокорејскиот претседател, на годишната конференција за новинари, рече и дека ќе се заложи за исклучоци од меѓународните санкции за повторно да се покренат замрзнатите проекти од економската соработка со Северот.