Собранието утре ќе продолжи со седницата за уставни измени
Собранието денеска нема да одржи седница на која на дневен ред се уставните амандмани. Продолжението на седницата неколкупати беше одложувана за во текот на денот, по што е одложено за утре напладне.
Во текот на денот премиерот Зоран Заев разговара со претставници на Движењето Беса за изнаоѓање техничка формулација во однос на државјанството со цел обезбедување на потребните 80 пратеници за донесување на уставните амандмани.
Во меѓувреме, пред Собранието се одржува протест против промена на името во организација на здруженијата „Tврдокорни” и „Македонија блокира“. На протестите од вчера им се приклучи и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. А се очекува говор да одржи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За Подобра Македонија“, Христијан Мицкоски.