Скопјанец им се заканувал на пратеници преку „Фејсбук“
Скопјанец, преку споделена објава на Фејсбук, им се заканувал на пратеници во македонското Собрание загрозувајќи им ја сигурноста. Полицијата соопшти дека 49-годишниот маж со иницијали Б.Б. е осомничен за „Загрозување на сигурноста“ и „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
Тој вчера бил повикан на службен разговор во полициска станица, а одземени се и предмети за цел прибирање докази. По документирање на случајот, против Б.Б. ќе биде поднесена кривична пријава.