Напад на бунтовниците врз воена база во Јемен, шестмина загинати
Најмалку шестмина војници загинале, а 12 се ранети во напад со беспилотно летало врз воена парада во јужен Јемен, соопштуваат болнички извори. Меѓу жртвите има офицери и локални функционери.
Мета на нападот била најголемата база во Јемен Ал-Анад, која претходно ја користеа припадниците на американските специјални единици за потрага по џихадистите на Ал Каеда во Јемен.