Вакцините се уредни тврдат од Министерство за здравство
Заменик министерот за здравство Асим Муса вели дека вакцините што се во употреба во здравствените институции се уредни и ги исполнуваат европските стандарди. Тој на денешната собраниска седница одговарајќи на прашање на пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека ова одговорно го тврди.
Муса додаде дека вакцините што беа со погрешни декларации се повлечени од здравствените институции.
„Дека вакцините во нашите здравствени установи се целосно уредни и воопшто не се поинакви од вакцините во здравствените институции во европските земји, потврди и комисијата од произведувачот на вакцините што беше дојдена во Македонија“, рече Муса.