Ѕанакопулос - Во следните денови ратификација на Протоколот за прием на Северна Македонија Во НАТО
Во текот на следните денови Протоколот за членство во НАТО ќе биде ратификуван од грчкиот Парламент, рече портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос на денешниот редовен брифинг со новинарите и ги објасни обврските и следните чекори за Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
„Во текот на следните денови Парламентот ќе го ратификува Протоколот за прием на Северна Македонија во НАТО, а во продолжение ќе се испрати Вербална нота од Министерството за надворешни работи на Грција до Министерството за надворешни работи на Северна Македонија и со тоа, автоматски стапуваат во сила уставните измени и секако промената на името“, но рече дека нема конкретен датум за ратификација на протоколот.