Мијалков не му верува на Лазаревски
Тензични противници во судот, мирни соговорници за спорт надвор од него. Дел од обвинетите на кратките паузи од повеќечасовното испрашување на свиркачот Ѓорѓи Лазаревски опуштено разговараа со дел од обвинителите од СЈО. Во судницата пак, Мијалков во неколку наврати го презема испрашувањето на сведокот во обид да го дискредитира неговиот исказ.