Трамп оптимист за преговорите со Кина
Американскиот претседател Доналд Трамп e оптимист за преговорите со кои треба да се стави крај на шестмесечниот трговски спор со Кина, кој ги потресе економиите на двете земји, но и глобалните пазари. Трамп на Твитер напиша дека состаноците се одвиваат добро. Денеска е вториот ден од разговорите меѓу американските и кинеските преговарачи во Вашингтон. Во друга порака, тој напиша дека „нема конечна спогодба“ додека не се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг. Двете страни имаат еден месец да постигнат решение. Тие во декември си дадоа рок од 90 дена да се договорат.