Вучиќ му пишал на Трамп
Српскиот претседател Александар Вучиќ испратил писмо до американскиот колега Доналд Трамп, во кое бара поддршка за наоѓањето трајно и одржливо решение за Косово. Вучиќ во писмото го поканил Трамп да ја посети Србија.
Како што соопштија од кабинетот на Вучиќ, тој на Трамп му се заблагодарил за поддршката што САД ја даваат на европскиот пат на Србија, особено во поддршката на напорите за зачувување на мирот и стабилноста во регионот на Западен Балкан.
Вучиќ во писмото наведува дека Србија е посветена на дијалогот, никако што вели, не може сама да го реши овој тежок проблем.