Ципрас следната недела ќе ја посети Турција
Грчкиот премиер Алексис Ципрас на 5 и 6 февруари ќе престојува во Турција, при што е предвидена средба со турскиот претседател и со Вселенскиот патријарх, јави дописничката на МИА од Атина.
На покана од претседателот на Турција, Реџеп Таип Едоган, Ципрас во вторник ќе биде во Анкара, соопшти портпаролот ја грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос на денешниот брифинг со новинарите.
По средбата Ердоган – Ципрас, предвидена е прес-конференција и работна вечера.
На 6 февруари грчкиот премиер ќе замине за Истанбул на средба со Вселенскиот патријарх Вартоломеј.