Независните од ВМРО-ДПМНЕ бараат почитување на Законот за амнестија
Независната пратеничка група на ВМРО–ДПМНЕ преку соопштение наведува дека Јавното обвинителство не го испочитува Законот за амнестија, кој произлезе од процесот за помирување. Во соопштението наведуваат дека на денешното рочиште за 27 април, Обвинителството не ги испочитувало одредбите од член 1 од Законот за амнестија, каде многу прецизно било дефинирано за какви дела треба да продолжи судскиот процес. Од независната група велат дека „почитувањето и спроведувањето на законот е императив за владеење на правото“.
Тие апелираат до Судот доследно да ги испочитува одредбите од Законот за амнестија, со оглед на доказите кои биле изведени во текот на судскиот процес.