Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Январь
2020

Новости за 13.01.2020

Трамп: Солејмани беше закана за САД

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја бранеше неговата одлука за убиство на иранскиот генерал Касем Солејмани кој според него, претставувал закана за САД. Но, тој додаде и дека тоа не е важно, со оглед на историјата на Солејмани. „Медиумите кои шират лажни вести и демократските партнери работат напорно за да утврдат дали идниот напад на терористот Солејмани бил непосреден или не, и дали мојот тим имал договор“, напиша Трамп на Твитер. Администрацијата на Трамп тврди дека убиството... Читать дальше...

Новиот премиер на Малта положи заклетва на функцијата

SlobodnaEvropa.mk 

Адвокатот Роберт Абела денеска положи заклетва на премиерската функција во Малта на која ќе го наследи Џозеф Мускат кој поднесе оставка поради критиките за истрагата за убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција. Абела претходно беше избран за лидер на владејачката Работничка партија. Тој е син на поранешен претседател на Малта, а беше избран за пратеник во 2017 година со мало политичко искуство. Абела вети поголем фокус на социјални прашања, посебно животниот стандард и пензиите и предложи бесплатни медицински услуги за пензионери. Читать дальше...

СДСМ: Поканата од Вселенскиот Патријарх Вартоломеј беше упатена до Заев

SlobodnaEvropa.mk 

Од СДСМ денеска по критиките упатени од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека лидерот на партијата Зоран Заев бил поканет од Вселенскиот Патријарх г.г.Вартоломеј додека тој бил премиер на Република Северна Македонија, а додека се договарала нејзината реализација, Оливер Спасовски бил избран за премиер во техничката Влада. „Сите трошоци за патувањето со комерцијален лет, сите трошоци за сместувањето беа подмирени лично од претседателот Заев, нешто што беше незамисливо за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ“, соопштија од владејачката партија. Читать дальше...



Новинарката Костиќ по четири децении работа заминува во пензија

SlobodnaEvropa.mk 

Радионовинарката Мира Костиќ заминува во пензија по 43 години работа. Целиот свој работен ангажман таа го помина во истата куќа, Македонското радио. Костиќ е специфична и по тоа што речиси три децении е собраниски известувач што ја прави и новинарка со најдолг стаж во парламентот.

Преговорите за примирје во Либија без договор

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека разговорите за постигнување на прекин на огнот во Либија не биле успешни и покрај добриот напредок кој бил остварен. Според него, некои страни во конфликтот го потпишале договорот за примирје, но Халифа Хафтар, командантот на либиската Национална армија, која се обидува да го освои главниот град Триполи побарал повеќе време за да го разгледа прашањето. Турскиот премиер Мевљут Чавушоглу изјави дека Хафтар побарал рок до четврток по што ќе се изјасни за договорот. Читать дальше...

Трамп и Меркел разговарале за ситуацијата на Блискиот Исток

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп и германската канцеларка Ангела Меркел разговарале за безбедноста на Блискиот Исток, Либија и други прашања, соопшти Белата куќа. Двајцата лидери разговараа и минатата недела за тензичната ситуација со Ирак и Иран. Односите меѓу Вашингтон и Техеран се затегнати откако во напад со американско беспилотно летало беше убиен водачот на иранската Револуционерна гарда, генерал Касем Солејмани.

Чулев го доставил барањето до ДИК за назначување на шеф на СВР-Скопје

SlobodnaEvropa.mk 

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев денеска го доставил барањето за мислење до Државната изборна комисија за назначување на Ристо Ставревски за шеф на СВР- Скопје. Одлуката за негово назначување на функцијата не беше потпишана од дополнителната заменик министерка во МВР Славјанка Петровска. Седницата на ДИК ќе се одржи утре. Петровска изјави дека не се согласува со таквата одлука, бидејќи за Ставревски имало аудио снимки од кои можело да се чуе дека тој врши притисоци врз гласачи. Читать дальше...

Џафери: блокадите во Собранието се во рамки на изборната кампања

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска изјави дека „нема проблем“ со законот за поништување на лустрацијата. Блокадите во Собранието што се случуваат поради одредени законски решенија, како ова за поништување на лустрацијата, според првиот парламентарец се поради извесноста од предвремените парламентарни избори и оти тоа е се во рамки на кампања. За можноста законот за поништување на лустрацијата да предизвика уште една блокада во Собранието и за тоа како ќе се справи со тоа тој вели... Читать дальше...



ВМРО-ДПМНЕ: Во кое својство Заев се сретна со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј?

SlobodnaEvropa.mk 

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски денеска рече дека владата се потчинува на Зоран Заев и се однесува како воопшто да нема техничка влада и технички премиер за спроведување на фер и демократски изборен процес. „Владата и лично Оливер Спасовски мора да одговорат, во кое својство Оливер Спасовски го однесе партискиот лидер Зоран Заев на средба со Вселенскиот Патријарх г.г.Вартоломеј, во седиштето на Цариградската патријаршија во Истанбул? Поканата од Вселенскиот патријарх се однесува на премиерот како политичка функција... Читать дальше...

Лустрацијата ги скара пратениците

SlobodnaEvropa.mk 

Поради немање кворум и неприсуство на пратеници од ДУИ, од Демократската партија на Турците (ДПТ) и опозициската ВМРО-ДПМНЕ не започна денешната седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на која требаше да се разгледа Предлог-законот за поништување на лустрацијата. Претседателот на Комисијата, Александар Кирацовски на прес-конференција во Собранието изјави дека „кон опструкцијата на законот“ на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, попладнево се приклучиле и пратениците од ДУИ и ДПТ. Читать дальше...

Медена земја номиниран за Оскар во две категории

SlobodnaEvropa.mk 

Македонскиот документарен филм „Медена земја“ е номиниран во две категории за филмската награда Оскар. Филмот на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов е номиниран во категориите најдобар документарец и најдобар странски филм, објави пред малку американската академија. „Пред сѐ, би сакале да им се заблагодариме на членовите на Американската Академија (AMPAS) за тоа што го вклучи „Медена Земја“ во трката за најпрестижната филмска награда на светот. Преку жената која случајно ја сретнавме... Читать дальше...

Словачка- осомничен за убиството на новинарот Куцијак призна вина

SlobodnaEvropa.mk 

Еден од осомничените за убиството на словачкиот истражувачки новинар Јан Куцијак во 2018 година, денеска на судењето се изјасни за виновен. Поранешниот професионален војник, 37 годишниот Мирослав Марчек рече дека бил еден од двајцата кои ги убиле Куцијак и неговата свршеница Мартина Куснирова во нивниот дом во близина на главниот град Братислава. Марчек рече дека го убил новинарот застрелувајќи го во градите во моментот кога тој ја отворил вратата од неговиот дом, но додаде дека имало уште едно... Читать дальше...

Продолжуваат протестите во Иран

SlobodnaEvropa.mk 

Антивладините протести во Иран продолжуваат трет ден по ред поради револтот од начинот на кој иранските власти се справуваат со падот на украинскиот авион минатата недела кој беше урнат поради грешка на иранските воздушни сили. Денеска протести има во два универзитети во Техеран, а демонстрантите извикуваат слогани против иранските власти. На снимките од претходните протести се гледа како полицијата и безбедносните сили пукаат од оружје и со солзавец за да ги растераат демонстрантите, но властите негираат дека полицијата отворила оган. Читать дальше...

Спасовски и Заев на средба со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Оливер Спасовски во придружба на претседателот на СДСМ Зоран Заев и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски денеска се сертнаа со Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј во седиштето на Цариградската Патријаршија во Истанбул. Средбата, како што соопшти владината прес-служба, се остварила како резултат на поканата што Вселенскиот Патријарх му ја упатил Заев додека беше премиер. Премиерот Спасовски го поканил Патријархот Вартоломеј да ја... Читать дальше...

Лидерот на Абхазија поднесе оставка

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на самопрогласената отцепена грузиска република Абхазија, Раул Хаџимба денеска си поднесе оставка по четири дена протести во главниот град Сукуми. Поранешниот абхазиски премиер Сергеј Шамба ја прочита оставката на Хаџимба пред насобраните демонстранти во близина на претседателската резиденција. И претседателот на парламентот го потврди таквиот потег на досегашниот лидер наведувајќи дека се уште не се знае кој ќе ја извршува сега функцијата претседател. Кризата во отцепената грузиска република... Читать дальше...

Персиската моќ: Колку е силна Иранската војска?

SlobodnaEvropa.mk 

Техеран многу заостанува зад своите регионални непријатели како Саудиска Арабија, која троши 70 милијарди и Израел 18,5 милијарди долари наменети за одбраната. САД е без конкуренција, со повеќе од 700 милијарди долари за одбраната.

Политичките препукувања за „Рекет 3“ не стигнаа до Обвинителство

SlobodnaEvropa.mk 

Стечајот и ликвидацијата на Бетон Штип или задоцнувањето на изградбата со клиничката болница во Штип, кој е вистинскиот интерес на политичките препукувања? Опозицијата обвинува за нова афера „Рекет 3“, додека пак, власта тврди дека пролонгирањето е поради лошиот проект на претходната власт.

Малкумина граѓани се убедени дека правдата пристигна

SlobodnaEvropa.mk 

Повеќе од половина од македонските граѓани или сметаат дека Владата не направила доволно за случајот „Рекет“, покажа најновата анкета на МЦМС и Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје. Анкетираните граѓани за РСЕ велат дека неказнивоста на криминалот и корупцијата се одомаќинија во општеството.

Кривичен суд: предупредувањата за одолговлекување на „ТНТ“ излегоа на виделина

SlobodnaEvropa.mk 

Предупредувањата на Кривичниот суд за евентуални притисоци и закани како и обиди за одолговлекување на постапката во предметот „ТНТ“, а за кои Судот побара да бидат преиспитани од надлежните институции, денеска излегоа на виделина, се наведува во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје. Судот, соопштението, го објави веднаш по одложувањето на денешното рочиште за „ТНТ“ до кое дојде откако поротничката Лилјана Ивановска Кочковска даде неотповиклива оставка со што предметот се врати од почетокот. Читать дальше...


Музыкальные новости
Певица

Певица Анастасия Стоцкая появилась на публике в откровенном наряде





Персональные новости
Сбер

Сбер подарил Орлу умный фонтан





ВМРО-ДПМНЕ бара Дескоска да го образложи укинувањето на лустрацијата

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на собраниската Комисија за политички систем Александар Кирацовски го одложи почетокот на седницата на која на дневен ред е Законот за поништување на лустрацијата, на барање на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ предложениот текст пред нив да го образложи министерката за правда Рената Дескоска. Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека со овој закон на кодошите кои напредувале во кариерата врз таа основа им се овозможува дури и обештетување. Пратениците од опозициската партија на седницата... Читать дальше...

Шпанската влада положи заклетва

SlobodnaEvropa.mk 

Дваесет и двајцата членови на шпанскиот владин кабинет денеска положија заклетва. Шпанскиот крал Фелипе Шести ја водеше кратката церемонија за инаугурација на кабинетот предводен од социјалистичкиот лидер Педро Санчес, во кој има партии од центарот до крајната левица. Пет министри во коалициската влада доаѓаат од партијата Обединети можеме, а нејзиниот лидер Пабло Иглезијас е еден од четворицата заменици премиери во новиот проширен кабинет. Санчес како приоритети на новата влада ги постави социјалните реформи... Читать дальше...

„ТНТ“ се враќа од почеток, поротничката поднесе оставка

SlobodnaEvropa.mk 

Судењето за предметот „ТНТ“ за уривањето на комплексот „Космос“ на инвеститорот Фијат Цановски се враќа од почеток, откако Судот добил писмено барање од судијата – поротник Лилјана Ивановска Кочковска, со кое таа дава неотповиклива отставка. Во писмото од поротничката, посочи судијата Огнен Ставрев, таа наведува кога дала заклетва и кога и прекинала функцијата, како и дека има здравствени проблеми. „До одбраната. Ако е како што тврдевте, дека вашите барања изминатите два месеца биле за целисходноста на постапката... Читать дальше...

Граѓаните не им веруваат на новинарите и на полицијата

SlobodnaEvropa.mk 

Коментарите на Фејсбук страницата на РСЕ покажуваат дека граѓаните немаат доверба во новинарската фела, по информацијата дека новинари трпат закани. А според коментарите може да се заклучи дека не ѝ веруваат ниту на полицијата која, според луѓето кои коментирале, е партизирана и корумпирана.

Либиските завојувани страни на мировни преговори во Москва

SlobodnaEvropa.mk 

Руското министерство за надворешни работи соопшти дека либиските завојувани страни денеска ќе се сретнат на мировни разговори во Москва. На разговорите ќе присуствуваат Фајез ал-Сарај, кој е на чело на либиската влада која е признаена од Обединетите нации и Калифа Хафтар, командант на самопрогласената Либиска национална армија. Претходно денеска министрите за надворешни работи и за одбрана на Русија и Турција одржаа состанок за случувањата во Либија. Портпаролката на руското министерство за надворешни... Читать дальше...

Трудо вети правда за загинатите во украинскиот авион во Иран

SlobodnaEvropa.mk 

Канадскиот премиер Џастин Трудо рече дека ќе бара правда за луѓето кои загинаа во украинскиот авион кој беше погоден од Иран минатата недела. Тој денеска, на бдеењето за 57 Канаѓани жртви во несреќата, рече дека нема да се откажат додека не добијат одговори. Во меѓувреме во Иран втор ден продолжуваат антивладините протести кои избувнаа во земјата поради начинот на кој власта се справува со последиците од авионската несреќа. Иранската војска соопшти дека воздушните сили ненамерно го погодиле авионот... Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

Команда подмосковного главка Росгвардии заняла призовое место на чемпионате Центрального округа по стрельбе из боевого ручного стрелкового оружия


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Елена Рыбакина

«Был риск завершить борьбу еще в первом матче». В России оценили победу Рыбакиной в Штутгарте


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Компания ICDMC стала победителем престижной премии в сфере ЗОЖ – Green Awards 2023/24





Путин в России и мире
Москва

Эксперт: корректировка порогов крупного и особо крупного ущерба по экономическим статьям оправдана и своевременна


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Лукашенко рассказал о планах расширения НАТО




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Захарова: встречи по продвижению "формулы Зеленского" дают Киеву чувство вседозволенности


Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Анастасия Волочкова

«Разрешаю им делать вообще все»: Волочкова рассказала об отношениях единственной дочери с бойфрендом



Москва

Спрос на новостройки в столице упал на 44%, но цены продолжают расти

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net