123ru.net
World News in Macedonian

Новости за 16.01.2020

Сенатот го одобри трговскиот договор меѓу САД, Канада и Мексико

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот Сенат денеска со убедливо мнозинство го усвои Северноамериканскиот трговски договор, со кој се ревидираат трговските правила со Канада и Мексико. Договорот е изгласан со 89 гласови за и 10 против, а тој претходно беше усвоен и во долниот дом на Конгресот. Усвојувањето е голема победа на политиката на претседателот Доналд Трамп во момент кога сенаторите ќе го насочат нивното внимание кон судењето за импичментот. Документот сега оди на потпис кај Трамп и со тоа се менува претходниот... Читать дальше...

Почна процесот за импичмент на Трамп

SlobodnaEvropa.mk 

Сенатот на САД денеска формално го отвори процесот за импичмент на претседателот Доналд Трамп, откако Претставничкиот дом вчера изгласа резолуцијата формално да биде испратена во горниот дом на Конгресот, а именувани се и членови на Претставничкиот дом кои ќе ја застапуваат резолуцијата во постапката, пренесува Гласот на Америка. Членовите на Претставничкиот дом, таканаречените „менаџери“, церемонијално ја внесоа резолуцијата за отповикување во Сенатот. Таа резолуција ќе има улога на „обвинение“... Читать дальше...

Десетици илјади на протест против пензиската реформа во Франција

SlobodnaEvropa.mk 

Неколку десетици илјади луѓе на повик на синдикатите се собраа денес на протести низ Франција против најавената пензиска реформа, заради која шест недели трае штрајкот на железниците. Собирите се одржани во големите градови низ Франција, а во Париз се собраа 250.000 луѓе, според проценките на синдикатот ЦГТ, пренесува Бета. Меѓу демонстрантите има просветни работници, адвокати, работници во железниците и студенти. После неколкуте протести од 5 декември кога почна и штрајкот во железниците и кога на улица излегоа околу 805.000 луѓе... Читать дальше...




Нови паркинзи во Куманово за ублажување на хаосот со паркирањето

SlobodnaEvropa.mk 

Куманово годинава треба да добие нови 600 паркинг места, со што ќе се ублажи проблемот со паркирање и сообраќајниот хаос. Запрашаните кумановци велат дека со оглед на бројот на возилата во сообраќајот, паркингот секогаш ќе биде проблем, но сепак очекуваат промена.

Спасовски на средба со германскиот амбасадор Герберих

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот на техничката Влада Оливер Спасовски денеска се сретна со германскиот амбасадор во земјава Томас Герберих, на која констатирале дека Северна Македонија и Германија имаат одлични билатерални односи карактеризирани со динамичен дијалог и стабилно партнерство, соопшти прес-службата на македонската Влада. Премиерот Спасовски му се заблагодарил на Герберих за континуираната поддршка од страна на Германија, посебно во остварувањето на главните стратешки цели на Северна Македонија како членството во ЕУ и НАТО. Читать дальше...

Нов притисок врз Иран за соборувањето на украинскиот авион

SlobodnaEvropa.mk 

Министрите за надворешни работи на петте земји кои изгубија свои граѓани во соборувањето на украинскиот патнички авион минатата недела, се собраа денеска во Лондон да дискутираат за нивниот одговор на трагедијата. Министрите од Авганистан, Британија, Канада, Шведска и Украина се очекува да извршат нов притисок врз Иран, за да дадат целосна пресметка за она што му се случи на авионот „Боинг 737-800“ на „Украина Интернешнал Арлајнс.“ Авионот на 8 јануари тргна на пат од Техеран кон Киев, кога беше... Читать дальше...

СИРИЗА ќе гласа за Сакеларопулу за претседател на Грција

SlobodnaEvropa.mk 

Најголемата грчката опозициска партија СИРИЗА ќе гласа позитивно за предлогот на Нова демократија, Екатерини Сакеларопули да биде претседателка на Грција, според она што го соопшти лидерот на партијата и поранешен премиер, Алексис Ципрас, јави дописничката на МИА од Атина. Ципрас рече дека тие во Парламентот ќе дадат можност Сакеларопулу да биде избрана за претседателка со широко мнозинство и истакна дека оваа одлука на партијата е чин на одговорност. Според ова, двете најголеми партии во грчкиот... Читать дальше...

Расте бројот на заболени од грип во Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Регистриран е пораст на бројот на заболени од грип во државава. Изминатата недела (од 6 јануари до 12 јануари), се регистирани 583 заболени од грип, што е зголемување за речиси три пати споредено неделата пред неа кога беа регистрирани 207 случаи. Ова денеска го изјави денеска епидемиологот Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје, која посочи и дека сепак ова не е бројка која го поминува прагот на сезонската активност на грипот. Кузмановска прецизираше дека најголем број случаи се пријавени... Читать дальше...






Потпишан договор за изградба на два километра од автопатот Скопје-Блаце

SlobodnaEvropa.mk 

Договор за изградба на првите два километра од автопатската делница Скопје – Блаце денеска во Владата потпишаа директорот на ЈП за државни патишта (ЈПДП) Зоран Китанов и генералниот директор на изведувачот на работите А.Д. „Гранит“, Зоран Милковски. Согласно договорот делот од автопатот од граничниот премин Блаце до клучката Блаце во вредност од 12,2 милиона евра што се обезбедени од буџетот на ЈПДП, треба да се реализира во наредните 18 месеци. Паралелно со изградбата на првиот дел од делницата... Читать дальше...

Украина отвори истраги за можно следење на поранешната амбасадорка на САД во Киев

SlobodnaEvropa.mk 

Украинската полиција денеска соопшти дека отвориле две истраги за можноста поранешната американска амбасадорка во Украина Мари Јованович да била негално следена пред да биде отповикана од позицијата минатата година. Денешното соопштение доаѓа два дена откако пратениците од американската демократска партија објавија документи од кои се гледа дека Лев Парнас, соработник на Руди Џулијани, адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, разговара за можноста за отповикување на Јованович од позицијата амбасадор во Украина. Читать дальше...

Како руските медиуми известуваа за соборениот украински авион

SlobodnaEvropa.mk 

Руските про-владини телевизии ги исмеваа изјавите на западните лидери дека украинскиот авион бил соборен од Иран се до признанието на Техеран дека го направиле тоа. Но, насоката на известување сега продолжи во обвинувања дека САД се виновни за трагедијата поради убиството на генералот Солејмани.

Руската дума го изгласа Мишустин за премиер

SlobodnaEvropa.mk 

Долниот дом на рускиот парламент, државната дума, со мнозинство гласови го избра Михаил Мишустин за нов премиер. Тој беше номиниран од претседателот Владимир Путин. На денешното гласање, кое беше пренесувано во живо на државната телевизија, 383 пратеници беа за неговото именување, а 41 беа воздржани. Путин го предложи поранешниот шеф на Федерална даночна служба за позицијата премиер, откако претходно владата на досегашниот, Дмитри Медведев поднесе оставка. Тој потег, пак, следуваше по обраќањето... Читать дальше...

Вархеји побарал од Европскиот парламент 28 милиони евра за Албанија

SlobodnaEvropa.mk 

Еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји денеска престојува во прва посета на Албанија откако стапи на должноста. По средбата со премиерот Еди Рама, тој на заедничката прес конференција, рече дека се надева дека одлука за преговорите со Скопје и Тирана ќе биде донесена пред самитот во Загреб кој треба да се одржи во мај. Вархеји додаде дека ценејќи ја работата на Албанија побарал помош за земјата од 28 милиони евра. Вчера во Скопје, пак, еврокомесарот најави дека побарал... Читать дальше...

Грчките пратеници идната недела ќе гласаат за претседател на државата

SlobodnaEvropa.mk 

Во среда, на 22 јануари 2020 година, во грчкиот Парламент ќе се одржи првото гласање за избор на Екатерини Сакеларопулу за претседател на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. За Сакеларопулу да биде избрана за шеф на државата уште при првото гласање потребно е да добие 200 гласови од вкупно 300 пратеници во Парламентот, што значи дека освен од 158-те пратениците од владејачката Нова демократија, ќе треба да добие поддршка и од пратеници од опозициските партии. Во текот на денешниот ден... Читать дальше...

Германската министерка за одбрана во ненајавена посета на Ирак

SlobodnaEvropa.mk 

Германската министерка за одбрана Анегрет Крамп- Каренбауер од доцна синоќа е во ненајавена посета на Ирак во чии рамки се среќава со ирачките воени лидери и покрај не докрај јасниот статус на странските војници во земјата. Нејзината посета доаѓа во период во кој Берлин се обидува да ја одржи мисијата за тренинг во Ирак. Војниците од Германија и други земји, кои се дел од мисијата предводена од САД која му помага на официјален Багдад во борбата против Исламска држава, беа преместени од Ирак по... Читать дальше...

Законот за јавно обвинителство - тест за патриотизам

SlobodnaEvropa.mk 

Еден месец фора има Собранието, пред да се распушти, да го донесе законот за јавно обвинителство, кој од ЕУ се посочува како приоритетен за добивање датум за преговори. Законот е заглавен во собраниските лавиринти, а за негово носење е потребно двотретинско мнозинство.

Ракометарите не клаваа голој, Медена земја ќе клава оскари

SlobodnaEvropa.mk 

Огромни очекувања и уште поголемо разочарување од настапот на ракометната репрезентација на Европското првенство во Австрија. Сите очи сега се вперени во филмот Медена земја, кој е номиниран за два оскари. Политиката, особено во предизборниот период, е неизбежен декор, и кога се зборува за спортот и за културата.

Еден загинат и еден повреден во пукање во суд во Сибир

SlobodnaEvropa.mk 

Еден маж загина, а една жена е повредена при пукање во судска канцеларија во сибирскиот град Новокузнетск, соопштија локалните власти од рускиот регион Кемерово. Антон Дужник, портпарол на медицинскиот центар, денеска рече дека посетител во судот пукал и го убил судскиот службеник, а повредил жена која што најверојатно е адвокат. Состојбата на жената, според лекарите е сериозна. Локалните власти наведоа и дека напаѓачот е 45 годишен маж, а засега неговиот идентитет е непознат. Не се јасни ниту пак мотивите за пукањето.

Владејачката партија го поддржа предлогот на Путин за премиер

SlobodnaEvropa.mk 

Владејачката партија во Русија ја даде поддршката за предлогот на рускиот претседател Владимир Путин да го номинира за премиер Михаил Мишустин. Во денешното соопштение на Единствена Русија се дава „едногласна поддршка“ за не многу познатиот Мишустин да го замени досегашниот премиер Дмитри Медведев кој вчера си поднесе оставка. Руската влада која ја предводеше Медведев поднесе оставка, само неколку часа откако претседателот Путин во своето годишно обраќање до нацијата во Федералното собрание побара... Читать дальше...

Рохани: збогатување ураниум е на повисоко ниво од пред 2015 година

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Иран Хасан Рохани рече дека Техеран сега збогатува повеќе ураниум отколку пред постигнувањето на нуклеарниот договор со светските сили во 2015 година. До ваквата ситуација дојде откако земјата почна постепено да се откажува од обврските кои требаше да ги исполни според договорот. Рохани денеска кажа дека притисокот врз Иран е зголемен, но дека тие продолжуваат со напредокот. Земјата ги тргна сите ограничувања за производство на збогатен ураниум како одговор на санкциите од Соединетите... Читать дальше...

Опозициските партии во Грција на консултации за предлогот за претседател

SlobodnaEvropa.mk 

Преку моето лице се изразува почит и кон правдата и кон современата Гркинка, вели Екатерини Сакеларопулу за грчката новинска агенција АНА-МПА по предлогот од премиерот и претседател на Нова демократија Кирјакос Мицотакис таа да биде изборот на владејачката партија за претседател на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Опозициските партии во Грција, во текот на денешниот ден ќе одржат состаноци за да ја одредат нивната позиција во однос на предлогот на грчкиот премиер Екатерини Сакеларопулу да биде новиот претседател. Читать дальше...

Рама го тужи косовскиот премиер во заминување Харадинај

SlobodnaEvropa.mk 

Албанскиот премиер Еди Рама до Основниот суд во Приштина поднел тужба за клевета против косовскиот колега во заминување Рамуш Харадинај. Тужбата се однесува на клевета дека Рама наводно се залагал за размена на територии меѓу Белград и Приштина. Харадинај оценува дека тужбата нема основ и дека е поднесена само за да се избегне политичката одговорност. Тој наведува дека во законски предвидениот рок ќе даде одговор на тужбата, која ја нарече неоснована и обид за избегнување на одговорноста. Рама... Читать дальше...

Нема вработување за старци

SlobodnaEvropa.mk 

Повозрасните луѓе кои се невработени потешко се снаоѓаат на пазарот на трудот, зашто вештините кои ги имаа веќе не се бараат. Потребни се проекти за да им се помогне на овие луѓе полесно да најдат работа.

Канадски истражители ќе го посетат местото на уривање на украинскиот авион

SlobodnaEvropa.mk 

Канада соопшти дека нивни истражители ќе го посетат местото каде што беше урнат украинскиот авион во близина на главниот град на Иран, Техеран. Во трагедијата што се случи месецов загинаа сите 176 патници во авионот, а 57 од нив беа канадски државјани. Министерот за транспорт на Канада Марк Гарно вчера рече дека на нивните истражители се уште не им е дозволен пристап до снимачите од кабината на украинскиот авион кој на 8 јануари беше урнат од иранска ракета веднаш по полетување од Техеран кон Киев. Читать дальше...

Западен Балкан, смогот и влезот во ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Големите градови во неколку балкански земји беа погодени од опасни нивоа на смог во последниве денови, предизвикувајќи гнев кај жителите и официјални предупредувања да останат во затворено и да избегнуваат физичка активност.

123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в режиме онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас.