123ru.net
World News in Macedonian
Январь
2020

Новости за 11.01.2020

Меркел - Путин: Нуклеарниот договор со Иран мора да се сочува

SlobodnaEvropa.mk 

Германската канцеларка, Ангела Меркел, и рускиот претседател, Владимир Путин, на денешната средба се согласија дека нуклеарниот договор со Иран мора да се зачува по секоја цена зашто е од неверојатно значење, пренесе Ројтерс. Ова е прва посета на Меркел на Кремљ од мај 2018 година, на која главна тема беше ескалација на кризата на Блискиот Исток. „Мора да се стори сѐ за да се одржи нуклеарниот договор од 2015 година и за тоа треба да се искористат сите можни дипломатски алатки“, кажа Меркел. ... Читать дальше...

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Заев и Филипче за „Рекет 3“

SlobodnaEvropa.mk 

ВМРО ДПМНЕ ги обвинија екс-премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филиче, дека молчат и го прикриваат т.н. случај „Рекет 3“, односно како што велат, за неуспешната изградба на штипската болница. Според нив, Министретсвото за здавство е синоним за милионски афери, и го повикаа јавното обвинителство сериозно да ја истражи оваа афера. „Од тука од пред министерството за милионски афери и тендери, бараме одговори. Зошто молчи власта за „Рекет 3“? Зошто во Штип се уште нема болница? Зошто беше запрена градбата на болницата? Читать дальше...

Дополнителната министерка Петровска ќе го тужи дополнителниот министер Чулев

SlobodnaEvropa.mk 

Поради, како што вели, несовесно и нестручно работење, дополнителната заменик министерка во МВР, Славјанка Петровска, ќе поднесе кривични пријави до надлежното обвинителство против техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев. Кривичните пријави, како што вели Петровска, ќе ги поднесе бидејќи Чулев со неговото работење го нарушил работењето на полицијата и ја загрозил безбедноста на граѓаните. „Техничкиот министер Чулев вчера (10.01.2020) потпишал телеграма која е доставена до сите организациски единици во МВР... Читать дальше...



Чавушоглу: Франција ѝ дава оружје на Либија

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу денеска ја обвини Франција дека и испорачува оружје на Либија, пренесе Тасс. „Има некои земји кои се обидуваат да го спречат повикот на претседателите на Турција и Русија за прекин на огнот во Либија. Франција се обидува да ја саботира секоја иницијатива во која не учествува. Франција, преку испораките на оружје во Либија, го овозможува продолжувањето на хаосот“, рече турскиот министер за надворешни работи на прес конференција во Анкара, пренесе БТА.

Откриени мигранти во товарни возови во Гевгелија

SlobodnaEvropa.mk 

Шеесет и двајца мигранти се откриени во два одвоени случаи во товарни возови кои во државава пристигнале од Грција. Според информациите на МВР, вчера во 15:55 часот од страна на полициски службеници од Македонија, Чешка и Австрија, при контрола на товарен воз кој на Железничката станица Гевгелија пристигнал од Грција во 15:25 часот, откриени биле 42 илегални мигранти од кои 38 од Мароко, двајца од Сирија и двајца од Алжир. Истиот ден во 19 часот, пак, во друг товарен воз кој пристигнал од Грција... Читать дальше...

Централен регистар: Заканите до новинарката не се единствените од Јакимовски

SlobodnaEvropa.mk 

Директорката на Централниот регистар на Македонија, Марија Бошковска- Јанковски, денеска преку соопштение ги осуди заканите на вработениот Емил Јакимовски преку Интернет врз новинарката и заменик-уредникот на А1он, Мери Јордановска. „Сакаме да истакнеме дека поради нарушување на работниот ред и дисциплина, како и закани кон вработени во Централниот регистар на Република Северна Македонија против Емил Јакимовски веќе е отворена дисциплинска постапка. Комисијата се уште нема одлука, бидејќи вработениот... Читать дальше...

Викенд прогноза: Дожд и снег

SlobodnaEvropa.mk 

За време на викендот ќе има зголемена облачност и ќе дува умерен северен ветер, соопшти УХМР. Утре на пониските места ќе има повремен локален дожд, а на планините снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса во ноќните часови кон недела и во недела претпладне врнежите на места ќе преминуваат во снег и ќе бидат со послаб интензитет. Потоа ќе се задржи стабилно време со услови за појава на магла по одделни котлини, соопшти УХМР.

Граѓани во Мексико жив запалиле осомничен за педофилија и убиство

SlobodnaEvropa.mk 

Маж обвинет дека силувал и убил шестгодишно девојче бил жив запален во местото Какахоатан во јужниот дел на Мексико, соопштија властите во сојузната држава Чиапас, пренесе АП. Група граѓани го фатиле Алфред Роблеро и го обвиниле за силување и убиство на дете, чие исчезнување е пријавено вчера од страна на семејството. Обвинителството соопшти дека Роблеро е претепан, врзан за дрвена конструкција. полиен со бензин и потоа запален. Полицијата не успеала да му го спаси животот.



Во Прилеп убиени мајка и ќерка, синот ранет

SlobodnaEvropa.mk 

Утрово во семејна куќа биле убиени мајка и нејзината ќерка, а тешко е повреден и синот на убиената. Во нив пукал 50-годишниот поранешен сопруг и зет на починатите, соопшти Јавното обвинителство. „Јавен обвинител во координација соекипи на крим-техника од Минситерството за внатрешни работи, изврши увид во куќа на ул. Александар Македонски во Прилеп каде утринава во 8 часот беа пронајдени две безживотни тела. Безживотните тела на А.П. родена 1979 година и нејзината мајка Т.К. родена 1956 година имале прострелни рани. Читать дальше...

Денеска Скопје во ТОП 10 најзагадени градови во светот

SlobodnaEvropa.mk 

Скопје денеска се наоѓа на деветото место на листата 10 најзагадени радови во светот, објавена од светската страница која го мери квалитетот на воздухот - „Ервижуал“. Скопје е на листата заедно со најзагадените градови во Индија, Авганистан, Бангладеш, Русија, Австралија и земјите од регионот. На првото место утрово е главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево.

ССНМ: Да се истражат заканите кон новинарката Мери Јордановска

SlobodnaEvropa.mk 

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ги повикува полицијата и Обвинителството да ги испитаат наводите на новинарката и заменик-уредничка на „А1он“, Мери Јордановска, дека преку интернет ѝ се заканувал државен службеник вработен во Централниот регистар. „Ако се потврдат наводите на Јордановска бараме промптно и соодветно да се санкционира службеникот и го повикуваме менаџментот на Централниот регистар да поведе дисциплинска мерка против својот вработен. Само на овој начин... Читать дальше...

45 компании аплицирале за 2,7 милиони евра грантови од ФИТР

SlobodnaEvropa.mk 

Четириесет и пет домашни компании ја искористија можноста да аплицираат преку новововедената скратена „Fast track“ постапка на Јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој на ФИТР, соопшти Фондот за иновации и технолошки развој. Компаниите од Фондот побаруваат 2 милиони и 750 илјади евра, што е речиси 92% од вкупниот буџет наменет за овој повик во рамките на скратената постапка кој изнесува 3 милиони евра. Вкупниот обем на инвестиции е 8.8 милиони евра од кои над 6 милиони се инвестиции на самите компании... Читать дальше...

ОН: Нема гласање без платени придонеси

SlobodnaEvropa.mk 

Обединетите нации соопштија дека седум земји премногу доцнат со плаќањето придонеси, па затоа ја губат можноста за гласање во Генералното собрание со 193 членки. Портпаролот на ОН, Стефан Дизарик изјави дека станува збор за Венецуела, Либан, Централноафриканската Република, Гамбија, Лесото, Тонга и Јемен. Тој истакна дека уште три држави – Комори, Сао Томе и Принсипе и Сомалија, исто така доцнат, но е одлучено да можат да го задржат својот глас до септември.

Иран призна дека го соборил авионот, Украина бара отштета

SlobodnaEvropa.mk 

Украина очекува целосна истрага и признавање на вината, како и отштета од Иран, поради соборување на украинскиот патнички авион, порача денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Иран се изјасни дека е виновен за соборувањето на украинскиот авион, но ние инсистираме на целосно признавање на вината“, рече Зеленски во соопштение, откако иранската војска објави дека ненамерно го соборила леталото. Тој истакна дека Украина очекува од Иран да се обврзе дека е подготвен да спроведе целосна и отворена истрага... Читать дальше...

Времето денеска облачно и со можен ветер

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХМР. На пониските места ќе има услови за локален слаб дожд, а на повисокте места и на планините со слаб локален снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степена. Во Скопје променливо облачно со повремен слаб дожд. Максималната температура ќе достигне 8 степени.

Спорт в России и мире
Москва

Сотрудники Росгвардии приняли участие в чемпионате Центрального округа по боксу.


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Андрей Рублёв

Теннисист Рублев разбил ракетку после поражения на турнире в Барселоне


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Прием заявок на участие в конкурсе на лучшее путешествие по Дальнему Востоку начнется в мае





Путин в России и мире
Москва

Кремль: в Москве 22 апреля состоится встреча Путина с Алиевым


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Очередные кадровые назначения объявлены в Минске




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Владимир Зеленский подтвердил ракетный удар по аэродрому в Джанкое


Навальный в России и мире
Москва

В Москве арестован на пять суток историк-публицист Сергеев за пост памяти Навального



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Шапка

Шапки женские вязаные на Wildberries, 2024 — новый цвет от 392 руб. (модель 466)



Москва

Ненормативные дороги: жители Тамбовской области массово просят о помощи

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net