123ru.net
World News in Macedonian
Январь
2020

Новости за 07.01.2020

Земјотрес до 6,4 степени по Рихтер го погоди Порторико

SlobodnaEvropa.mk 

Земјотрес со магнитуда од 6,4 степени по Рихтер го погоди Порторико во серијата земјотреси кои се случија денеска. Според извештаите од светските новински агенции едно лице загинало откако ѕид се урнал во куќата, а неколкумина се повредени. Во делови од Порторико е прекинато снабдувањето со електрична енергија. Засега не се познати детали од предизвиканата штета и конечната бројка на евентуално загинати и повредени. Според локалните медиуми најголема штета е предизвикана во четири града во јужниот дел на земјата.

Фејсбук со чекор напред во борбата против лажните вести

SlobodnaEvropa.mk 

Социјалната мрежа Фејсбук најави дека ќе почне со забрана на таканаречените „deepfake “ видеа кои се создаде со помош на софистицирани софтверски алатки, што во основа е лажно видео кое личи на реално, јавува новинската агенција Асошијетед прес. Ова е чекор напред во борбата против манипулацијата на интернет, се вели во соопштението кое беше објавено на Фејсбук. Според него социјалната мрежа ќе ги награди правилата според кои ќе може да биде отстрането видео кое е едитирано на начин што не е видлив за просечниот човек. Читать дальше...

Европа ја предупредува Турција за интервенцијата во Либија

SlobodnaEvropa.mk 

Министрите за надворешни работи на Велика Британија, Франција, Германија и Италија, во заедничка изјава ја осудија вмешаноста на Турција во либиската криза откако Анкара испрати трупи во Триполи. По заедничкиот итен состанок во Брисел на шефовите на дипломатиите во заедничката изјава повикаа да се стави крај на „надворешното мешање во случувањата“. Министерот за надворешни работи Јозеф Борел ја критикуваше Турцијаи изрази загриженост за ситуацијата во Либија. На состанокот му претходеше објавата одТурција дека ќе праќа војници во Либија.



Курти: Тачи не спомна никаков рок на состанокот

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на движењето СамоопределувањеАлбин Курти тврди дека косовскиот претседател Хашим Тачи на вчерашнатакуса средба не спомнал никаков рок. Тој во изјава за РСЕ вели дека средбата траела 6 минути и дека од кратката консултативна средба не произлегуваат никакви правни ефекти. „Претседателот не спомна никакви рокови, ниту пак ја изговори фразата „48 часа“, која подоцна ја напиша на неговиот фејсбук статус. На состанокот кој траеше помалку од 6 минути бевме шестмина’“ изјави Курти. Претходно... Читать дальше...

Владика Петар се надева на напредок во прашањето за автокефалноста на МПЦ

SlobodnaEvropa.mk 

Владиката Петар денеска изрази надеж дека годинава може да се очекува одредено придвижување по прашањето за автокефалност на МПЦ. Тој додаде дека тоа ќе зависи од општата состојба во православните цркви, поради разделеноста што постои. „Се надевам дека може да дојде и тој дени ние како Православна црква, која по постоење сме помеѓу најстарите, но по признавање сме помеѓу последните, да бидеме рамноправни во признавањето. Но, никогаш не е доцна и ние да бидеме во Екумената на православните цркви... Читать дальше...

„Репортери без граници“ со осуда за приведувањето новинари во Иран

SlobodnaEvropa.mk 

Светската новинска организација „Репортери без граници“ ги осудуваат таканаречените „произволни“ апсења на четворица новинари во Иран минатиот месец, со кои бројот на приведените известувачи од антивладините протести изнесува 12. Во писменото соопштение е наведено дека условите како и начинот на кој се постапувало во притворот со две новинарки е „нечовечки и понижувачки“. Приведувањето и малтретирањето на новинарите е само пример од многуте мерки преземени од иранските власти за заплашување и вознемирување... Читать дальше...

Помпео: Солејмани не беше во Багдад во дипломатска мисија

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска на прес конференција во Вашингтон рече дека Соединетите Американски Држави знаеле дека не е точно оти иранскиот генерал Касем Солејмани патувал во Ирак во дипломатска мисија. „Секоја цел која беше разгледана од САД ќе биде во согласност со меѓународните закони за војување“ рече Помпео одговарајќи на новинарско прашање поврзано со изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД може да нападнат локации во Иран кои се и културно наследство. Читать дальше...

Расте бројот на жртви од стампедото на погребот на Солејмани во Иран

SlobodnaEvropa.mk 

Порасна бројот на загинати во човечкото стампедо на 50 и над 200 повредени кое настана за време на погребната поворка на иранскиот генерал Касем Солејмани. Иранската државна телевизија јавува дека стампедото се случило во родениот град на генералот Керман. Тој загинал нба 3 јануари при американски возудшен напад врз Багдад. Поради стампедото властите го одложија погребот на Солејмани без да прецизираат кога точно ќе се одржи како и кои се причините поради кое настана стампедото. Солејмани беше... Читать дальше...



Подгревање на тензиите меѓу САД и Иран, заканите продолжуваат

SlobodnaEvropa.mk 

Во Иран неколку дена се одржува погребната церемонија за генералот Касем Солејмани кој загина во американски воздушен напад. Во градот во кој живееше, Керман дојде и до стампедо при што загинаа најмалку 50 луѓе. Во меѓувреме не престануваат повиците за намалување на тензиите во регионот.

Путин во ненајавена посета на Сирија

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот претседател Владимир Путин денеска пристигна во ненајавена посета на главниот сириски град Дамаск каде што се среќава со неговиот сириски колега Башар Ал Асад и со руските воени претставници таму. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков на прес конференција во Москва изјави дека Путин патувал со возило по улиците на Дамаск од меѓународниот аеродром до седиштето на руските воени сили во градот. Тој додаде дека Асад го пречекал Путин во седиштето на руските воени сили во Дамаск и дека тие разговарале... Читать дальше...

Пакистан- двајца загинати при уривање на авион

SlobodnaEvropa.mk 

Пакистански авион се урна за време на вежба во источната провинција Пенџаб при што загинаа двајцата пилоти, соопшти војската. Авионот ФТ- 7 се урна на отворено подрачје и не предизвикал друга штета се вели во соопштението. Во него е наведено дека е отворена истрагата за да се утврди причината за несреќата што се случи во близина на областа Лахоре. Пакистанските власти ретко објавуваат детали од несреќи од воени вежби кои се релативно честа појава.

Санчес доби доверба да формира влада

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на шпанските социјалисти Педро Санчес денеска осигура доволен број парламентарни гласови за да формира влада. Санчес кој ја води централнолевичарска алијанса Унидос Подемос при гласањето во парламентот доби поддршка од 167 пратеници од вкупно 350. Против гласаа 165 пратеници, а 18 беа воздржани. Санчес со месеци не можеше да состави влада, а на изборите што се одржаа есента Социјалистичката партија која ја предводи доби најмногу гласови и освои 120 пратеници, но преговорите со другите партии одеа тешко.

Министри на четири земји членки на ЕУ на состанок за Блискиот исток

SlobodnaEvropa.mk 

Министрите за надворешни работи на четири земји членки на Европската унија ќе се сретнат денеска во Брисел на итни разговори за тензиите во Иран и Либија. На разговорите на шефовите на дипломатиите од Британија, Франција, Германија и Италија ќе присуствува и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Џозеф Борел. На денешниот состанок, според очекувањата, четворката треба да разговара за ситуацијата во Либија откако Турција објави дека ќе праќа војници во таа држава. На него... Читать дальше...

Курц положи заклетва за канцелар на Австрија

SlobodnaEvropa.mk 

Конзервативецот Себастијан Курц денеска положи заклетва на позицијата канцелар на Австрија со што се врати на истата функцијата по падот на владата која претходно ја предводеше. Сега Курц стана канцелар со сосема поинаква владина коалиција во која е Партијата на зелените. Триесет и три годишниот Курц на функцијата се враќа по седум месеци, а ќе ја предводи првата австриска влада во која жените се мнозинство и првата во која Партијата на зелените е дел од владиниот состав. Тој стана премиер на... Читать дальше...

Иран- поради стампедо одложен погребот на Солејмани

SlobodnaEvropa.mk 

Погребот на иранскиот генерал Касем Солејмани кој беше убиен во американски воздушен напад, е одложен откако повеќе од 30 луѓе загинаа во стампедо за време на погребната поворка во неговиот роден град Керман. Иранската државна телевизија повикувајќи се на итната медицинска помош јавува дека 32 лица загинале, а повредени се 190 во стампедото во Керман. Подоцна властите го одложија погребот на Солејмани без да прецизираат кога точно ќе се одржи. Засега не се јасни ниту причините за стампедото, а... Читать дальше...

Гутереш ги повика лидерите да ги намалат тензиите

SlobodnaEvropa.mk 

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш се придружи на политичките лидери ширум светот кои повикаа на намалување на брзо растечките тензии меѓу Вашингтон и Техеран откако САД во воздушен напад го убија иранскиот воен генерал Касем Солејмани. Новата година почна со метеж во нашиот свет рече Гутереш денеска во седиштето на ОН во Њујорк. „Живееме во опасни времиња. Геополитичките тензии се на највисоко ниво во овој век. И овие турбуленции ескалираат“, додаде Гутереш барајќи од светските... Читать дальше...

Германија ги преместува војниците од Ирак во Јордан и Кувајт

SlobodnaEvropa.mk 

Германските војници стационирани во Ирак ќе бидат делумно пренесени во Јордан и Кувајт поради тензиите кои следат по американското убиство на иранскиот генерал Касем Солејмани. Како што јавува германската агенција ДПА, во заедничкото писмо на министерката за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер и министерот за надворешни работи Хајко Мас испратено до парламентарците, се наведува дека во тек се разговорите со владата во Багдад за продолжување на германската мисија. Министрите пишуваат и дека во секој... Читать дальше...

Иранската револуционерна гарда се закани со одмазда кон САД

SlobodnaEvropa.mk 

Високиот командант на иранската Револуционерна гарда се закани дека ќе уништи локации поддржани од САД без да прецизира точно кои. Оваа закана следува по минатонеделниот американски воздушен напад во кој загина иранскиот генерал Касем Солејмани. Генерал мајор Хосеин Салами, пак, ова го кажа денеска пред илјадниците луѓе кои се собраа на главниот плоштад во иранскиот град Керман за да присуствуваат на погребот на генералот Солејмани. Насобраните во Керман, родниот град на загинатиот генерал, се... Читать дальше...

Зариф тврди дека САД одбиле да му дадат виза

SlobodnaEvropa.mk 

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф вели дека Соединетите Американски Држави одбиле да му издадат виза за да може да учествува на Советот за безбедност на Обединетите нации кој ќе се одржи на 9 јануари во Њујорк. Одбивањето за виза следува по зголемените тензии меѓу двете земји поради американскиот воздушен напад во Багдад во кој загина иранскиот генерал Касем Солејмани. Тие стравуваат дека некој ќе дојде во САД и ќе ја открие реалноста, рече Зариф и додаде дека светот не... Читать дальше...


Музыкальные новости
Александр Розенбаум

«Посмотрите на этих губастых»: Розенбаум разгромил любителей пластики





Персональные новости
Анастасия Ивлеева

Суд рассмотрит 25 апреля протокол на Ивлееву за дискредитацию ВС России





Хрватските војници се повлекуваат од Ирак

SlobodnaEvropa.mk 

Четиринаесет хрватски војници започнаа да се повлекуваат од Багдад по настаните предизвикани од американскиот атентат врз иранскиот генерал Касeм Солејмани. „Хрватите се привремено повлечени по одлуката на НАТО донесена во текот на викендот за суспендирање на мисијата на НАТО во Ирак, во која беше вклучена и Хрватска со ротирачки контингент од седум војници – четворица офицери и тројца подофицери“, објави дневниот весник „Вечерњи лист“. Новиот контингент со новите седуммина беше испратен во Ирак во саботата... Читать дальше...

Болтон ќе сведочи на судењето за импичмент на Трамп

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот советник на американскиот претседател Доналд Трамп за национална безбедност Џон Болтон изјави дека ќе сведочи на очекуваното судење за импичмент на претседателот. „Ако Сенатот ме покани јас сум подготвен да сведочам“, соопшти Болтон, чие сведочење може да даде нови докази за напорите на претседателот Трамп да ја убеди Украина да покрене истрага против неговиот политички ривал демократот Џо Бајден.

Столтенберг повика на воздржаност по убиството на Солејмани

SlobodnaEvropa.mk 

Генералниот секретар на НАТО Јен Столтенберг повика на воздржаност и на намалување на тензиите кои растат меѓу САД и Иран по убиството на иранскиот генерал Касем Солејмани. Столтенберг по вонредниот состанок на амбасадорите на НАТО во Брисел изјави дека членките на Алијансата ја истакнале загриженоста поради дестабилизирачките активности на Иран во регионот на Блискиот исток. Во врска со убиството на Солејмани, генералниот секретар на НАТО Столтенберг рече дека воздушниот напад бил „американска одлука“.

Русија и Кина против декларацијата на ОН за нападот врз амбасадата на САД во Ирак

SlobodnaEvropa.mk 

Претставниците на Русија и на Кина во Обединетите нации изјавија дека нивните земји силно се противат на неодамнешниот напад врз американската амбасада во Багдад, но оти го блокираа усвојувањето декларација на Советот за безбедност со која се осудува овој инцидент, бидејќи во него не се спомнува убиството на иранскиот генерал Касем Солејмани. Десетици припадници на ирачките паравоени формации и нивните приврзаници на 31 декември упаднаа во комплексот на американската амбасада во Багдад. Неколку денови... Читать дальше...

Божиќ во Црна Гора во напната атмосфера

SlobodnaEvropa.mk 

Православните христијани во Црна Гора го слават Божиќ во клима на поделба и напнатост по неодамнешното усвојување на контроверзниот закон за верска слобода. Овој закон ги влоши односите на црногорската држава со Српската православна црква која е доминантна во таа земја.

Мицотакис во Вашингтон на разговори со Трамп

SlobodnaEvropa.mk 

Шест месеци по доаѓањето на власт Киријакос Мицотакис денеска, како грчки премиер ќе пристигне во прва посета на Белата куќа и ќе разговара со претседателот Доналд Трамп за напнатоста меѓу Грција и Турција. Грчкото турските односи повторно се на проба по потпишувањето на спорниот поморски и воен договор меѓу Анкара и либијската меѓународно призната влада за разграничување на Средоземното море. Турција и Либија немаат меѓусебна граница па овој потег освен Грција го критикуваа и Кипар и Египет.

Спорт в России и мире
Москва

Олимпиада по финансовой грамотности МГУ проходит при поддержке СберСтрахования жизни


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

Елена Рыбакина стала чемпионкой турнира WTA-500 в Штутгарте


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Московскую компанию заподозрили в хищении 103 млн рублей при реализации нацпроекта в Орле





Путин в России и мире
Москва

Путин сказал Алиеву: "Пора!". Новый БАМ пройдет через Кавказ. Транспортным коридором "Север — Юг" Россия и Азербайджан перешли дорогу Западу


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Лукашенко убежден, что белорусы «никогда еще так хорошо не жили»




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Во Франции назвали бредом слова Зеленского про угрозу Путина Европе


Навальный в России и мире
Москва

Запрещено в служении проводившему панихиду по Навальному священнику



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Никита Пресняков

Никита Пресняков решил переплюнуть юбилей Пугачевой — пусть завидует



Москва

Психолог Наумова: субкультура фурри не опасна для детей, пока игра не перерастет

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net