123ru.net
World News in Macedonian

Новости за 17.01.2020

Украинскиот претседател не ја прифати оставката на премиерот

SlobodnaEvropa.mk 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја одби оставката која денеска ја поднесе премиерот Олексиј Хончарук. „Одлучив вам и на вашата влада да ви дадам уште една шанса“, рече Зеленски на средбата со премиерот. Хончарук поднесе оставка откако беше објавена снимка како го критикува претседателот на Украина дека не знае ништо од економија. Зеленски не ја спомена снимката, туку од премиерот побара подобра соработка со Парламентот и „оптимизација“ на заработките на високите владини претставници. Читать дальше...

Забрана за играње меѓународни фудбалски натпревари во Иран

SlobodnaEvropa.mk 

На иранските тимови им се забранува да играат меѓународни натпревари на иранска територија, соопшти денеска Фудбалската федерација на Иран. Одлуката била донесена од Азиската фудбалска конфедерација(АФЦ). Иранските фудбалски власти не соопштија дали одлуката е поврзана со случајното соборување на украински патнички авион минатата недела, во кој загинаа сите 176 патници и членови на екипажот. Иранската фудбалска федерација соопшти дека ќе се сретне со претставници на АФЦ за да се спротивстави на одлуката. Читать дальше...

Рама го нарече Хараднај лицемерен патриот

SlobodnaEvropa.mk 

Албанскиот премиер, Еди Рама, за првпат реагираше по тужбата што ја поднесе пред Основниот суд во Приштина, против косовскиот колега Рамуш Харадинај. Одговарајќи на Фејсбук, на прашањето зошто не бил на Косово да го одбележи масакрот „Рачак“, Рама изрази жалење за оние што го проколнуваат, повторно напаѓајќи го косовскиот премиер во заминување, нарекувајќи го лицемерен патриот. „Жалење и срам за тебе и на секој друг како тебе, кој бесрамно ме навредува и проколнува од Косово за имагинарно предавство и понижување... Читать дальше...




Измамници фалсификувале документи за да наследуваат имот од покојници во Бугарија

SlobodnaEvropa.mk 

Во Бугарија била откриена група измамници кои со помош на лажни венчаници доаѓале до недвижности и друг имот од починати луѓе. Полицијата уапсила шест лица кои за пет години дошле до 15 недвижнини во вредност од 500 илјади евра. Меѓу уапсените има еден полицаец, кој ги наоѓал податоците, и еден градски функционер во Софија. Улогата на полицаецот била да најде стари или неодамна починати лица со вредни недвижности и пари, а градскиот функционер од регистарот ги бришел потенцијалните наследници и издавал фалсификувани венчаници... Читать дальше...

Герберих - Има добри изгледи за почеток на преговори пред самитот во Загреб

SlobodnaEvropa.mk 

Германскиот амбасадор Томас Герберих оценува дека се реални шансите нашата земја да добие датум за почеток на преговори пред мајскиот самит на ЕУ во Загреб. „Ставот во целина е позитивен. Во моментов според мене, има добри изгледи пред самитот во Загреб да се започне со пристапни преговори со Северна Македонија. Ја даваме нашата поддршка и остануваме партнери во рамките на ЕУ во оваа насока“, вели амбасадорот Герберих во интервју за емисијата Трилинг на ТВ 24. Амбасадорот додава и дека, според него... Читать дальше...

Медиумски фокус - Нација сме на крајности

SlobodnaEvropa.mk 

„Медена земја“, Македонија и ЕУ и – задолжително – предизборните препукувања помеѓу двете најголеми партии во земјава – овие теми го формираат минатонеделниот медиумски фокус

Снежана Стојчевска - Стиховите имаат исцелителна моќ

SlobodnaEvropa.mk 

Пред скоро две години го загубив татко ми и веднаш почнав да ја пишувам книгата бидејќи ми беше начин на справување со емоциите. Тогаш сфатив дека Танатос е многу силна инспирација. Дури посилна од Ерос, вели поетесата Снежана Стојчевска, за петтата стихозбирка „Ќе се завијам во песни“.

Расте бројот на мигранти кои од Турција влегуваат во Европа

SlobodnaEvropa.mk 

Бројот на мигранти од Турција што влегуваат во Европа значително се зголеми минатата година, кога луѓето што бегаа од конфликтот во Сирија и Авганистан ја преплавија земјата, а потоа се упатија кон Грција, изјави денеска извршниот директор на Европската агенција за гранична контрола и крајбрежна стража Фронтекс, Фабрис Ледери. Повеќе од 82 илјади мигранти се обиделе да влезат во Европа без овластување во 2019 година, што е за 46 отсто повеќе од претходната година, рече Ледери во Брисел. „Ова главно се должи на ситуацијата во Сирија... Читать дальше...






Бесплатен градски превоз за мајките на мали деца во Истанбул

SlobodnaEvropa.mk 

Мајките на мали деца во Истанбул ќе имаат право да добијат бесплатни билети за користење на градскиот транспорт, соопшти денеска градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу. Вкупно 1 милион и 160 илјади мајки на деца до 4-годишна возраст ќе имаат право на бесплатни билети за патување со јавниот транспорт на Истанбул, објави Имамоглу на Твитер. Тој додаде дека одлуката била прифатена едногласно од Општинскиот совет на градот.

Полицијата го уaпси Емил Јакимовски, кој им се закануваше на новинарки

SlobodnaEvropa.mk 

Полицијата попладнево потврди дека Емил Јакимовски е приведен во полициска станица по претходна пријава за семејно насилство, објави МИА. Тој ќе биде задржан за натамошна постапка во координација со ОЈО Скопје, соопшти МВР. За Јакимовски претходно имаше пријави до полицијата од новинарките Мери Јордановска од А1он и Искра Коровешовска од ТВ Алфа за навреди и закани преку социјалните мрежи. Емил Јакимовски беше вработен како помошник раководител на сектор во Централниот регистар во време на владата на Никола Груевски... Читать дальше...

ХРТ сама ќе си произведува струја од плин

SlobodnaEvropa.mk 

До 2021 година, во кругот на зградата на Хрватската радио и телевизија(ХРТ) треба да се изгради мини гасна централа за снабдување на медиумот со електрична енергија, греење и ладење, јавија хрватски медиуми. Станува збор за инвестиција од 17,5 милиони евра во постројка од трета генерација што треба да се изгради и со неа да управува компанија избрана на јавен конкурс. ХРТ очекува дека со користењето и набавката на електрична енергија, топлина и ладење од објектот ќе заштеди околу десет проценти од годишната потрошувачка на енергија. Читать дальше...

Поранешниот шеф на ерменската безбедносна служба пронајден мртов

SlobodnaEvropa.mk 

Георги Кутојан, поранешен шеф на ерменската национална безбедносна служба е пронајден мртов во неговиот стан во Ереван, соопштија денеска властите. Истражителите соопштија дека неговото тело е пронајдено со рана од куршум во резиденцијалната област во градот. Надлежните кои излегле на местото на несреќата засега не даваат дополнителни детали. Триесет и осумгодишниот Кутојан беше директор на националната безбедносна служба од 2016 до 2018 година.

Заев за законот за ЈО, се надева на поддршка од осумтемина од ВМРО-ДПМНЕ

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев е оптимист дека пред распуштање на Парламентот кое би требало да се случи во првата половина на февруари ќе се донесе законот за јавното обвинителство. Тој денеска, пред средбата со бизнис заедницата во Стопанската комора на Македонија, го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да најдат заедничко решение. Донесувањето на законот, истакна Заев, е обврска на сите, пред се кон граѓаните, а најмногу надеж има, како што рече, во пратеничката група на осумте независни пратеници. Читать дальше...

Спасовски му честита на Мишустин за изборот за премиер на Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Оливер Спасовски денеска на средбата во Владата со амбасадорот на Руската Федерација Сергеј Баздникин му предал писмо со честитки до новоизбраниот руски премиер Михаил Мишустин. Спасовски, како што се наведува во владиното соопштение, изразил уверување дека двете влади ќе продолжат да соработуваат на натамошно унапредување на односите и продлабочување на соработката меѓу Северна Македонија и Русија, во сите области од заемен интерес. На средбата Спасовски го запознал Баздникин со приоритетите... Читать дальше...

Стејт департментот ја поздрави одлуката на Тирана да протера ирански дипломати

SlobodnaEvropa.mk 

Портпаролката на американскиот Стејт департмент, Морган Ортагус, ја поздрави и ја пофали одлуката на албанската Влада да протера двајца ирански дипломати од земјата. „Иранскиот режим продолжува да ги користи своите дипломатски објекти во Европа како покритие за заговор на терористички напади, како и да им се заканува и да ги шпионира Иранците кои живеат во странство„, наведе Ортагус. Во средата, албанската Влада ја потврди веста за протерување на двајцата ирански дипломати, Мохамад Али Арз Пеиманемати,трет... Читать дальше...

Вучиќ: изборите во Србија ќе се одржат кон крајот на април

SlobodnaEvropa.mk 

Парламентарните и локалните избори во Србија ќе се одржат на 19 или на 26 април, изјави претседателот Александар Вучиќ. Тој, на крајот од гостувањето во утринската програма на ТВ Прва, кажа дека изборите ќе бидат на крајот на април, прецизирајќи дека ќе бидат на 19 или на 26 април. Со ова, како што јави дописникот на МИА од Белград, Вучиќ дефинитивно ја отфрли идејата, за која се залагаше еден дел опозицијата и меѓународната заедница, изборите да бидат во првата недела од мај, односно на 3 мај... Читать дальше...

Градоначалникот на Шуто Оризари Дудуш призна вина и доби опомена

SlobodnaEvropa.mk 

Градоначалникот на скопската општина Шуто Оризари, Курто Дудуш денеска на судењето за нападот врз Демир Исмаил призна вина и рече дека жали за стореното. Откако ја призна вината, судијата му изрече казна “судска опомена”. Демир Исмаил, кој е претседател на Европската ромска дијаспора „Асва“, тврди дека Дудуш го нападнал на ромскиот бал. По судењето тој рече дека ќе барал и оштета која ќе ја донира во хуманитарни цели. Инаку минатата година се појави аудио снимка за која се тврдеше декасе слуша... Читать дальше...

Армија на Северна Македонија - „спорно“ во законот за одбрана

SlobodnaEvropa.mk 

Со блокирањето на законот за одбрана ВМРО-ДПМНЕ покажува дека се уште се труди државава да ни ја замрзне во сива зона во која ќе бидат ставени под знак на прашање и безбедноста и сигурноста и членството во НАТО, вели министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Грција го советува Хафтар да биде конструктивен во Берлин

SlobodnaEvropa.mk 

Грција го охрабрила либискиот генерал Калифа Хафтар да биде конструктивен на престојната конференција во Берлин на која треба да се направи обид за завршувањето на војната во Либија, рече грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас. Хафтар во Атина пристигна вчера, а покрај со Дендиас денеска се среќава со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Дендиас рече и дека Атина требала да учествува на конференција за Либија што ќе се одржи во Берлин во недела. На неа ќе присуствуваат лидерите од Турција... Читать дальше...

Украина побара од шест држави да го истражуваат падот на авионот во Иран

SlobodnaEvropa.mk 

Украина побара од Канада, Франција, Шведска, Германија, Велика Британија и Иран да назначат експерти кои ќе помогнат во истрагата за падот на украинскиот патнички авион на 8 јануари при што загинаа сите 176 луѓе кои беа во него. Канцеларијата на украинскиот државен обвинител вчера доцна попладне соопшти дека барањето било пратено по договорот постигнат во Лондон претходно меѓу министрите за надворешни работи на земјите чии државјани загинаа во несреќата. Соопштението следува и откако канадскиот... Читать дальше...

Хаменеи повика на единство во Иран

SlobodnaEvropa.mk 

Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хаменеи денеска повика на единство во земјата во која се случуваат жестоки протести поради уривањето на украинскиот патнички авион по грешка од страна на иранските воздухопловни сили. Осумдесет годишниот Хаменеи, кој ја водеше петочната молитва во Техеран првпат по осум години, рече и дека западните земји се преслаби за да ги стават Иранците на колена. Тој го нарече уривањето на украинскиот авион „горчлива несреќа“ и ги обвини иранските непријатели дека ја... Читать дальше...

Пендаровски: по изборите очекувам брзо формирање влада

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот Стево Пендаровски на вчерашниот прием за странските амбасадори акредитирани во С. Македонија рече дека очекува веднаш по завршувањето на изборите, брзо да се формира владата и дека доследно ќе ги почитува уставните одредби при доделувањето на мандатот. Тој додаде и дека независно од резултатот на изборите очекува и ќе настојува Северна Македонија да продолжи по патот на добрососедството. „Со Преспанскиот договор со Грција и Договорот со Бугарија отворивме простор за да затвориме тешки... Читать дальше...

Украинскиот премиер Хончарук си поднесе оставка

SlobodnaEvropa.mk 

Украинскиот премиер Олексиј Хончарук си поднесе оставка поради скандалот со аудио снимката во која тој наводно ги потценува неговите и на претседателот Володимир Зеленски економски знаења и способности. Во денешната објава на социјалната мрежа Фејсбук Хончарук напиша дека во последните денови сите биле сведоци на случувањата поврзани со аудио снимките кои биле монтирани од делови од снимки од владини состаноци. Канцеларијата на Зеленски потврди дека го добила писмото со оставка од Хончарук, но... Читать дальше...

Меркел и Пленковиќ се надеваат на напредок во ЕУ за Скопје и Тирана

SlobodnaEvropa.mk 

Германската канцеларка Ангела Меркел на вчерашната средба во Берлин со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ истакнаа дека се надеваат дека ќе има напредок во отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија со Европска Унија на Самитот во мај во Загреб. „Самитот за Западен Балкан, што ќе се одржи во Загреб е многу важна работа поради проблемите со почетокот на преговорите со Северна Македонија и Хрватска. Се надеваме дека на Самитот на ЕУ и земјите од Западен Балкан ќе се постигне напредок на тоа поле“... Читать дальше...

Во договорот со „САРХЕМС“ ги нема клучните прашања за парите

SlobodnaEvropa.mk 

Владата и САРХЕМС се договорија за обврските ама за парите и условите под кои ќе функционира во пракса партнерството, се уште не се ставени на хартија. Според документот што го доби РСЕ, Владата е таа која што ќе треба да и овозможи на фирмата начин на исплата на надоместокот за дадените услуги.

123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в режиме онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас.