Преговорите за примирје во Либија без договор
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека разговорите за постигнување на прекин на огнот во Либија не биле успешни и покрај добриот напредок кој бил остварен. Според него, некои страни во конфликтот го потпишале договорот за примирје, но Халифа Хафтар, командантот на либиската Национална армија, која се обидува да го освои главниот град Триполи побарал повеќе време за да го разгледа прашањето.
Турскиот премиер Мевљут Чавушоглу изјави дека Хафтар побарал рок до четврток по што ќе се изјасни за договорот. Либиските завојувани лидери одржаа индиректни преговори во Москва со Русија и Турција повикувајќи ги ривалите да потпишат обврзувачко примирје со цел да се стави крај на деветмесечната војна и да се отвори патот кон постигнување на договор со кој ќе се стабилизира земјата.