Спасовски и Заев на средба со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј
Премиерот Оливер Спасовски во придружба на претседателот на СДСМ Зоран Заев и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски денеска се сертнаа со Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј во седиштето на Цариградската Патријаршија во Истанбул. Средбата, како што соопшти владината прес-служба, се остварила како резултат на поканата што Вселенскиот Патријарх му ја упатил Заев додека беше премиер. Премиерот Спасовски го поканил Патријархот Вартоломеј да ја посети Северна Македонија и да се сретне со верниците од православна вероисповед, се наведува во соопштението.