Словачка- осомничен за убиството на новинарот Куцијак призна вина
Еден од осомничените за убиството на словачкиот истражувачки новинар Јан Куцијак во 2018 година, денеска на судењето се изјасни за виновен. Поранешниот професионален војник, 37 годишниот Мирослав Марчек рече дека бил еден од двајцата кои ги убиле Куцијак и неговата свршеница Мартина Куснирова во нивниот дом во близина на главниот град Братислава.
Марчек рече дека го убил новинарот застрелувајќи го во градите во моментот кога тој ја отворил вратата од неговиот дом, но додаде дека имало уште едно лице кое истрчало во кујната и таму ја застрелало неговата вереница Куснирова. Но, главниот осомничен, словачкиот бизнисмен Мариан Коцнер рече дека е невин. Тој е обвинет за нарачување на убиството на новинарот кој ги истражуваше неговите бизнис активности.
Инаку убиството на истражувачкиот новинар ги поттикна најголемите улични протести во Словачка по падот на комунизмот во 1989 година и политичката криза што доведе до колапс на владата на поранешниот премиер Роберт Фико.