Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Июнь
2019

Новости за 13.06.2019

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ се нуди да работи со Владата на СДСМ за датумот за ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го понуди партискиот потенцијал да работи со владата на СДСМ за како што рече “надминување на сите пречки кои што стојат на патот за Република Македонија за барем во октомври да добие датум за почеток на преговорите со Европската Унија”. “Оставете ги тие ПР алатки. Ајде да работиме. Потребно е да се работи,. Овој потенцијал кој што го има Зоран Заев видовме до каде не донесе. Повторно ќе кажам потребна е работа и потребно е да работиме за да може да сработиме за иднината на државата”... Читать дальше...

Албанија- Мета не се обрати, прес држеа неговите советници

SlobodnaEvropa.mk 

Иако беше најавено обраќање на албанскиот претседател Илир Мета во 17 часот во неговата резиденција, во тој термин прес-конференција одржаа советникот за правни прашања Бесник Дервишај и шефот на кабинет Теди Блуши. Дервишај истакна дека дебатата која денеска се водеше во Парламентот преполна со обвинувања и навреди не е во прилог на решавање на кризата или социјалниот мир во земјата. Тој додаде дека одлуката на претседателот Илир Мета за одложување на изборите е целосно согласно Уставот и никој... Читать дальше...

„Охридски бисери“ - подиум за меѓународна промоција на младите музички уметници

SlobodnaEvropa.mk 

Со учество на осумдесетина таленти од Германија, Велика Британија, Русија, Полска, Литванија, Грција, Србија, Бугарија, Словенија, Хрватска, Црна Гора и од Македонија, од 15 до 19 јуни, во Охрид ќе се одржи 18 издание на Меѓународниот натпревар на млади музичари „Охридски бисери 2019“.



Итен состанок на Советот за безбедност на ОН за инцидентите во Оманскиот залив

SlobodnaEvropa.mk 

Советот за безбедност на Обединетите нации на барање на Соединетите Американски Држави, според дипломатски извори, денеска ќе одржи итен состанок зад затворени врати поради најновите напади на два танкера во Оманскиот залив. Двата танкера беа цел на напади за кои не е утврдено од каде доаѓаат. Во заливот веќе постојат тензии поради кризата меѓу САД и Иран. Пред четири месеци беа нападнати четири брода во близина на брегот на Обединетите Арапски Емирати. Иранската агенција ИРНА претходно јави дека... Читать дальше...

Пендаровски: сите земји членки на ЕУ ни велат сѐ направивте

SlobodnaEvropa.mk 

Важно е македонската јавност да знае дека ако не добиеме датум сега, во јуни или јули, ако го добиеме на есен, тоа нема да биде затоа што не сме подготвени за тоа, што го потврдуваат и во ЕУ, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за МИА. “Нема ниедна земја членка која вели дека Македонија треба да заврши други работи, организиран криминал, корупција, реформи во медиуми, администрација, дури ни законот за СЈО не го споменуваат како услов. Сите велат сѐ направивте. Би било поради внатрешната... Читать дальше...

Албанија- изгласана резолуција против одлуката на претседателот Мета

SlobodnaEvropa.mk 

Албанскиот парламент ја изгласа резолуцијата предложена од пратениците од владејачкото мнозинство против одлуката на претседателот Илир Мета за одложување на изборите, што претставува прв чекор кон негово разрешување, јави дописничката на МИА од Тирана. Од присутните пратеници во собраниската сала „за“ резолуцијата се изјаснија 100 пратеници, 7 беа против, двајца воздржани и еден пратеник не гласаше. Бројот на гласови што ја поддржаа резолуцијата, изненади многумина, кои беа сигурни дека пратениците од новата опозиција нема да гласаат... Читать дальше...

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија не доби датум зошто нема реформи

SlobodnaEvropa.mk 

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на изјават на премиерот Зоран Заев дадена по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Република Македонија за жал не доби датум за почеток на преговори овој јуни, наведуваат од опозициската партија, додавајќи дека “се додека Заев е на власт Република Македонија ќе трпи неуспеси”. “Република Македонија не добива датум затоа што нема реформи, а криминалот и корупцијата добиваат епидемиски размери. Зоран Заев ја срами државата секаде каде што оди. Читать дальше...

РСЕ дознава: нема отворање на преговори со ЕУ во јуни

SlobodnaEvropa.mk 

Советот на Европската унија во јуни нема да донесе одлука за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија, дознава Радио Слободна Европа од доверливи извори во европските институции. Според истите извори одлуката ќе биде донесена во октомври. Како што се дознава, дипломатските претставници на членките на Европската унија, конечно се согласиле за нацрт-текстот кој би требало да биде усвоен на претстојниот министерски состанок на 18 јуни. Според нацрт заклучоците во кои... Читать дальше...



Извештајот за работата на СЈО пред Советот на јавни обвинители

SlobodnaEvropa.mk 

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска пред Советот на јавните обвинители го презентираше шестмесечниот извештај за работата на СЈО. По седницата Јанева изјави дека членовите на Советот се задоволни од работата на СЈО и посочиле дека извештајот е исцрпен и со многу детали. "Поразговаравме за извештајот, за предизвиците на СЈО и за новиот закон за јавно обвинителство. Се договоривме за некои технички работи во врска со новиот извештај. Во суштина тие беа задоволни. Немаше некои посебни недоразбирања. Читать дальше...

Касами: Заев одма да распише предвремени избори

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Беса Биљаљ Касами денеска оцени дека по средбата на македонската делегацијата предводена од премиерот Зоран Заев со германската канцеларка Ангела Меркел одБерлин не стигнала посакуваната вест за почнување на преговори за членство во Европска Унија. “Бидејќи денес не успеа да се одржи ветувањето за отпочнување на преговорите овој месец, како и не се дадени гаранции дека датум може воопшто да се добие во текот на ова тековна година, затоа го охрабруваме премиерот да го одржи ветувањето... Читать дальше...

Јуратовиќ оптимист за отворање на преговори со ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Германскиот пратеник Јосип Јуратовиќ денеска изјави дека на крајот на септември или почетокот на октомври ќе се одржи седницата на Бундестагот на која на дневен ред би било прашањето за отпочнување преговори со Република Северна Македонија и оти е оптимист дека одлуката ќе биде позитивна. Јуратовиќ, заедно со своите колеги од групата за пријателство беше на средби во Собранието на Република Северна Македонија. “ЕК веќе даде зелено светло, сега треба и Советот на ЕУ, но помеѓу нив има еден технички процес... Читать дальше...

Путин на средби во Киргистан пред утрешниот самит за соработка

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во главниот град на Киргистан, Бишкек каде утре ќе присуствува на самитот на Шангајската организација за соработка. Пред самитот Путин ќе има одделни средби со киргистанскиот претседател Соронбаи Јиенбеков и со индискиот премиер Нарендра Моди. Тоа ќе биде прва средба на Путин и Mоди откако индискиот премиер го обезбеди вториот мандат на функцијата по победата на неговата партија на парламентарните избори минатиот месец. Кремљ соопшти дека Путин ќе присуствува... Читать дальше...

Заев: Меркел задоволна од испорачаното следи позитивна согласност од Бундестагот

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев по денешната средба со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин порача дека имале срдечна и пријателска средба. „Канцеларката Меркел информираше дека Бундестагот ќе донесе одлука во септември за одобрување на старт на преговорите на ЕУ со Северна Македонија, согласно утврдените процедури на СР Германија за прашањата за проширување на унијата“, се наведува во соопштението на владината прес- служба. Според соопштението, Меркел истакнала дека земјата го испорачала очекуваното... Читать дальше...

Хаменеи со порака до Јапонија дека Иран нема да преговара со САД

SlobodnaEvropa.mk 

Иранскиот Врховен лидер Ајатолахот Али Хаменеи му соопштил на јапонскиот премиер Шинзо Абе дека неговата земја нема да го повтори „горчливото искуство“ во преговорите со САД. Хаменеи на посетата со Абе во Техеран порачал и дека американскиот претседател Доналд Трамп не е „достоен за каква било размена на пораки и дека нема никаков одговор за него, ниту сега, ниту во иднина“. Тој изјави и дека ветувањето на Трамп оти нема да бара промена на режимот во Иран е лага и оти не верува во понудата на Вашингтон за искрени преговори со Иран.

Вучиќ: Ситуацијата ќе биде потешка ако нема состанок во Париз

SlobodnaEvropa.mk 

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека во случај да не дојде до состанокот во Париз за Косово на иницијатива на германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон целиот регион ќе се најде во тешка ситуација. „Ако биде Париз ќе бидеме во тешка ситуација, ако не го биде ќе бидеме во уште потешка состојба, ќе бидеме-народски кажано в кал, и ние и целиот регион. Имаме конструктивен пристап за дијалогот, но за танго и за дијалог секогаш се потребни двајца“, порача Вучиќ. Читать дальше...

Спасен екипажот од двата нафтени танкери кај Оманскиот Залив

SlobodnaEvropa.mk 

Десетици членови на екипажот беа спасени од два нафтени танкери кои наводно биле нападнати и ги зафатил пожар во Оманскиот Залив. Инцидентите се случија по еден месец откако беа нападнати четири танкери во близина на Обединетите Арапски Емирати со што се зголемија тензиите меѓу Техеран и Вашингтон и американските сојузници во Персискиот Залив. Според соопштението, 44 членови на екипажот биле безбедно евакуирани од страна на Иран.

Шилегов: Постапката за Дрисла иако контроверзна не можеше да се прекине

SlobodnaEvropa.mk 

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов изјави денеска дека постапката за депонијата „Дрисла“ не можела да биде прекината и покрај нејзината контроверзност и затоа е избран конзорциумот во кој се наоѓа и германската фирма „Шолц“. „Прекинувањето на постапката во оваа фаза ќе го направи Градот правно порозен, да бидат поднесени тужби од двајцата учесници и тоа можеше да го банкротира“ истакна Шилегов. Според Шилегов, непостоењето правна ситуација за прекинување на постапката се должи на несериозното работење на претходната администрација.

Рускиот заменик министер Риабков ќе ја посети Венецуела

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Риабков изјави дека планира да ја посети Венецуела во наредните недели. Русија ја снабдува Венецуела со оружје и кредити, а во март испрати и околу 100 војници за поддршка на претседателот Николас Мадуро. Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гваидо ја има поддршката од САД и други педесет земји и се прогласи себе си за привремен претседател во јануари, додека Мадуро е поддржан од Русија и Кина.

Марш против Брегзит на 20 јули во Лондон

SlobodnaEvropa.mk 

Проевропски организации денеска соопштија дека ќе одржат „марш за промени“ против Брегзит на 20 јули во Лондон. Владејачката конзервативна партија е во процес на избор на наследникот на премиерката Тереза Меј, а се очекува неговото име да биде познато при крајот на јули. Додека новиот премиер ќе се подготвува да ја преземе функцијата, организации ќе се соберат во центарот на Лондон на најголемиот проевропски протест во Обединетото Кралство виден досега“, соопштија организаторите.


Музыкальные новости
Шапка

Шапки женские вязаные на Wildberries, 2024 — новый цвет от 392 руб. (модель 466)





Персональные новости
Фанагория

“Фанагория” получила 7 наград дегустационного конкурса на юбилейном “Винорус” 2024





Русија со закана за мерки против испраќање на војници на САД во Полска

SlobodnaEvropa.mk 

Руски пратеници соопштија дека одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за испраќање на дополнителни 1.000 војници во Полска ќе ја принуди Москва да преземе одмазнички чекори. Трамп изјави дека таквата одлука е во рамките на проширувањето на безбедносниот и економски сојуз. „Во случај на некаков конфликт, не дај Боже, територијата на Полска ќе стане јасна цел за одмазднички напад, доколку одеднаш се случи напад врз нас", рече Владимир Џабаров, заменик-претседател на собраниската комисија за парламентарни прашања. Читать дальше...

Германија во септември ќе одобри датум за преговори со ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Бундестагот во септември ќе донесе одлука за одобрување на старт на преговорите на ЕУ со Северна Македонија, соопшти владината прес служба по средбата на премиерот Зоран Заев со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин на која присуствуваа и заменик претседателот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров. „Канцеларката Меркел информираше дека Бундестагот ќе донесе одлука во септември за одобрување на старт на преговорите на ЕУ со Северна Македонија... Читать дальше...

Итната помош бара лекари

SlobodnaEvropa.mk 

Од Здравствениот дом во Скопје велат дека во завршна фаза е реализацијата на конкурсите за персонал, кои беа пролонгирани поради изборите. За многу кратко време ќе ги имаме лекарите кои се потребни за да ги пополнат испразнетите места во итната медицинска помош, вели доктор Злате Мехмедовиќ.

Потпишана наредбата за екстрадиција на Асанж во САД

SlobodnaEvropa.mk 

Британскиот министер за внатрешни работи Саџид Џавид изјави дека ја потпишал наредбата за есктрадиција во САД на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж. Според него, крајната одлука за есктрадицијата на Асанж треба утре да ја донесе британскиот суд. Асанж во САД е обвинет за објавување на класифицирани документи и информации. Аснаж во моментов отслужува затворска казна од 50 недели.

Заврши средбата на Заев и Меркел во Берлин

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев претпладнево во Берлин имаше 40-минутна средба со германската канцеларка Ангела Меркел. Во фокусот на средбата требаше да биде датумот за старт на преговорите со ЕУ во пресрет на самитот на Европскиот совет што треба да се одржи на крајот од јуни во Брисел. По средбата немаше изјави за медиумите. Работната посета на премиерот Заев е на покана на Здружението за Источна Европа на германското стопанство.

Заев: ЕУ ни вети ако испорачаме ќе напредуваме кон ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев во интервју за германскиот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ изјави дека ЕУ и шефовите на европските држави дале ветување дека доколку се реши спорот со Грција, земјата ќе напредува на патот кон ЕУ. „ЕУ останува голем поттик за нас. Сакаме да се подобриме, како држава и како општество. Но исто така е точно дека ЕУ, канцеларката Меркел и многу други шефови на европски влади ни дадоа ветување во однос на решавањето на спорот со Грција и спроведувањето на внатрешните реформи. Ни беше речено... Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

Депутат Московской областной Думы провела осмотр ФОКа в Волоколамске


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

Вторая ракетка Казахстана опустилась в чемпионской гонке WTA


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Компания ICDMC стала победителем престижной премии в сфере ЗОЖ – Green Awards 2023/24





Путин в России и мире
Москва

Путин поручил сократить время пути поездов от Москвы до Черного моря до 16 часов


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Лукашенко: на территории Польши и Прибалтики готовят атаки на восток




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Захарова: встречи по продвижению "формулы Зеленского" дают Киеву чувство вседозволенности


Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Шапка

Шапки женские вязаные на Wildberries, 2024 — новый цвет от 392 руб. (модель 466)



Москва

Массового открытия мотосезона 2024 в Тольятти не будет

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net