123ru.net
World News in Macedonian
Июнь
2019

Новости за 16.06.2019

Мицкоски – Нема датум зашто владата не ја бива

SlobodnaEvropa.mk 

Две работи се сигурни – СДСМ паѓа, а ВМРО-ДПМНЕ со народот победува, порача денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прославата на 29-годишнината од основањето на партијата во Македонската филхармонија во Скопје. Мицкоски рече дека тие не сакаат да го копираат СДСМ и за предизвикаат криза со демонстрации, блокади непослушност и шарање објекти, зашто во овој момент е најважно да не се испушти шансата Македонија да добие датум за преговори за членство во ЕУ. Граѓаните не треба да бидат заложници на неспособната влада, рече тој. Читать дальше...

Заев најави реконструкција на Владата, нема предвремени избори

SlobodnaEvropa.mk 

Реконструкција на Владата, а не одлука за предвремени парламентарни избори и продолжување на политиката на евроатлантската интеграција е заклучокот од дебатата во рамки на деветтата седницата на Централниот одбор на СДСМ што вечерва се одржува во Охрид. Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев во изјавата за медиумите рече дека е важно одлуката за почеток на преговори да биде донесена, па нека биде и во октомври. „Два или три месеци не се толку важни. Драго ми е што и Бундестагот преку пратениците тоа го потврди. Читать дальше...

Харадинај - Да не очекува некој градење на мир и стабилност на Балканот на штета на Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека граѓаните на Косово не се двоумат во своето чекорење кон мирот, но порача да не очекува некој мирот и стабилноста на Балканот да се градат на сметка на косовската слобода, јави дописникот на МИА од Приштина. Харадинај на свеченоста во Пеќ, каде што беа откриени споменикот на националниот херој Шкелзен Харадинај и обелискот на 183 паднати борци на Ослободителната војска на Косово (ОВК) од пеќката општина, рече дека Косово е заинтересирано за постигнување договор со Србија... Читать дальше...



Во Индија 49 луѓе починаа од екстремните жештини во изминатите 24 часа

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 49 луѓе умреа во изминатите 24 часа во индиската сојузна држава Бихар на северот на земјата, каде веќе две недели владеат екстремни горештини, соопштија денеска локалните власти. Во болниците има уште околу 40 луѓе. Жртвите претежно се од подрачјето Магад, погодено од суша и температура која со денови е околу 45 целзиусови степени. Голем дел од северот на Индија две недели е погоден од екстремно високи температури. Во Раџастан се измерени над 50 степени целзиусови. Во топлотниот бран... Читать дальше...

Заев најави пријатни изненадувања „типични за левичарски партии“

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев, денеска од Преспа најави пријатни изненадувања на состанокот на Централниот одбор на партијата што попладне треба да се одржи во Охрид. „Централниот одбор денеска треба да го избере Извршниот одбор на партијата, секретарите. Имавме консултации пред состанокот со заменик-претседателот и генералниот секретар, но мислам дека ќе има пријатни изненадувања кои се типични за левичарските партии и верувам дека тоа ќе биде убава кадровска импликација за да можеме... Читать дальше...

Аргентина и Уругвај без струја поради дефект на електричната мрежа

SlobodnaEvropa.mk 

Аргентина и Уругвај денеска останаа без струја поради голем дефект на електричната мрежа, наведоа на Твитер енергетските компании од двете земји. „Во големиот дефект на енергетскиот систем, електрична енергија нема скоро на целото подрачје на Аргентина и Уругвај“, наведе аргентинската компанија Едесур. Уругвајското претпријатие УТЕ соопшти дека утринава во 7:06 по локално време, дефект ја погодил аргентинската мрежа и другите поврзани системи, но и неколку подрачја во Уругвај. Други детали не се соопштени.

Нишани - Состојбата во Албанија e на критична точка, можни се опасни судири

SlobodnaEvropa.mk 

Деградацијата на рамнотежата помеѓу функциите на институциите кои дејствуваат во Албанија, ја доведоа албанската држава до голема институционална, политичка и економска криза, каква што никогаш досега немало и секое потценување на одговорноста може да доведе до опасни ситуации, изјави поранешниот албански претседател Бујар Нишани, оценувајќи ја актуелната ситуација во земјата и недоразбирањата меѓу шефот на државата Илир Мета и премиерот Еди Рама во врска со локалните избори. Нишани додава дека... Читать дальше...

Индија воведува возвратни тарифи на 28 американски производи

SlobodnaEvropa.mk 

Индија воведува повисоки тарифи за 28 американски производи како мерка против чекорот на Вашингтон да ги укине клучните трговски привилегии за Њу Делхи. Според владиното соопштение, повисоките тарифи почнуваат од денеска и меѓу другото ќе се однесуваат на бадеми, јаболка и ореви. Американскиот претседател Донлад Трамп зазема цврст став околу трговските прашања и воведе или се закани дека ќе воведе тарифи против неколку држави или организации, меѓу кои Кина, Мексико, Канада и ЕУ. Некои бизнис лидери... Читать дальше...



Дрес на американската бејзбол легенда Бејб Рут продаден за рекордни 5,64 милиони долари

SlobodnaEvropa.mk 

Дресот кој го носела американската бејзбол легенда Бејб Рут на аукција беше продаден за 5,64 милиони долари, со што стана најскап спортски сувенир некогаш продаден. Рут го носел дресот на Њујорк Јенкис продаден вчера во периодот 1928-1930 година. „Наследството и значењето на Бејб Рут за бејзболот и за американската популарна култура е неспоредливо со која било друга фигура во историјата на оваа земја“, рече претседателот на аукциската куќа Хант, Дејвид Хант. Не се открива идентитетот на купувачот. Читать дальше...

Ердоган - Руските системи С-400 ќе стигнат во Турција во јули

SlobodnaEvropa.mk 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска соопшти дека Русија во текот на следниот месец на Турција ќе ѝ ги достави нарачаните противракетни системи С-400. „Со рускиот претседател Владимир Путин имавме можност да разговараме за темата со С-400, но таа и онака е затворена. Не станува збор за ништо лошо. Мислам дека во текот на првата половина на јули ќе почне доставувањето“, изјави Ердоган пред новинарите, за време на летот кон Анкара од таџикистанскиот главен град Душанбе, каде учествуваше... Читать дальше...

Десетици илјади луѓе повторно протестираат во Хонгконг

SlobodnaEvropa.mk 

Десетици илјади луѓе денеска повторно излегоа на улиците на Хонгконг, ден откако владата ја суспендира процедурата за усвојување на спорниот закон за екстрадиција на граѓани на кинеските власти, пренесува новинската агенција Асошиејтед прес. Демонстрантите, од кои многумина облечени во црно, извикуваа „Повлекување“ и „Оставка“. Тие носат постери на кои се бара заминување од власт на шефицата на хонкохшката влада Кери Лам и целосно повлекување на нацрт-законот. Лам вчера изјави дека ќе биде суспендирана... Читать дальше...

Саудиска Арабија го обвини Иран за нападите врз танкерите

SlobodnaEvropa.mk 

Саудиските власти денеска го обвинија својот голем регионален ривал Иран дека е одговорен за неодамнешниот напад врз два танкери во Оманското Море. Претходно и САД и Велика Британија го обвинија Иран, но Техеран негира. Цел на нападите беа јапонски брод кој превезуваше метанол и кипарски нафтен танкер. Нападот се случи за време на неодамнешната посета на јапонскиот премиер Шинзо Абе на Иран, кој се обидува да ги намали тензиите меѓу Иран и САД. „Иранскиот режим не го почитуваше присуството... Читать дальше...

Протест „1 од 5 милиони“ во Белград: Во Србија е опасно да се мисли поинаку и слободно

SlobodnaEvropa.mk 

Во Белград синоќа се одржаа 28-от по ред граѓански протести „1 од 5 милиони“ против власта на српскиот претседател Александар Вучиќ, од кој беше порачано дека „во Србија е опасно да се мисли поинаку и слободно, а единствениот начин граѓаните да се борат против тоа е солидарноста“. Протестот на повеќе илјади граѓани започна пред Теразиската чешма, по што продолжи со протесна прошетка низ централните белградски улици и заврши пред Ректоратот на Универзитетот во Белград. Дваесет и осмиот протест... Читать дальше...

Европските министри ќе разговараат за почетокот на преговори во вторник

SlobodnaEvropa.mk 

Во вторник министрите за надворешни и европски работи на земјите членки на ЕУ ќе заседаваат во Луксембург, а на дневен ред се извештаите за напредокот на земјите од Западниот Балкан и проширувањето. Македонија и Албанија ќе бидат главна тема на преговорите во овој дел. Министрите треба да одлучат дали и кога овие две земји ќе ги започнат преговорите за членство во ЕУ, како што препорача Европската комисија на 29 мај во своите извештаи. Досега не е постигнат консензус помеѓу земјите членки за заклучоците на овој состанок... Читать дальше...

ВМРО-ДПМНЕ ќе одбележи 29 години од основањето

SlobodnaEvropa.mk 

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одбележи 29 години од формирањето на партијата. Централната прослава е вечерва во 19 часот, во Македонска филхармонија, најавија од партијата. На настанот обраќање ќе има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

СДСМ денеска избира ново партиско раководство

SlobodnaEvropa.mk 

Изборот на новото партиско раководство, како и заокружување на внатрепартиските промени се очекуваат денеска на седницата на Централниот одбор на владејачката СДСМ. Централниот одбор ќе заседава во Охрид, а деветтата седница, како што најави партијата ќе почне во 16:00 часот. На дневен ред се и суштинските промени во партијата, новиот систем на дејствување и работа на партијата и напредокот на државата. Метлата, која лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев, ја најави по завршувањето на претседателските избори почна токму во неговата партија.

Почнува издавањето на новите регистрации со ознаката NMK

SlobodnaEvropa.mk 

Од понеделник се очекува да започне издавањето на новите регистарски таблички за возилата со ознаката NMK. Замената на старите регистарски таблички со новите ќе се врши постепено при регистрација на возилата. Обврската за замена на табличките на кои е досегашната ознака МК со новата NMK произлегува од Договорот од Преспа со кој се реши спорот за името со Грција. Од стапувањето во сила на Преспанскиот договор, досега се даваа бесплатни налепници со ознаката NMK на граничните премини при влез или излез на возилата од земјава.

Претпладне топло, попладне дожд и грмежи

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на одредени места ќе има невреме. УВ индексот ќе биде 9. Температурите ќе се движат од 26 степени во Маврово до 36 степени целзиусови во Гевгелија. Во Скопје се очекува температурата да достигне 35 целзиусови степени.

Маринов – Апсурдно е да се разговара за Средниот век низ призмата на модерните нации

SlobodnaEvropa.mk 

Скоро истите прашања сè уште се дебатираат на едно високо, дури и политичко ниво. За мене тоа е навистина, на некаков начин, апсурдно, но ќе видиме по 30 години дали некој ќе се смее на сето тоа, вели бугарскиот историчар Чавдар Маринов во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Маринов – Прашањето чиј е Гоце Делчев секогаш ќе биде предмет на дебата

SlobodnaEvropa.mk 

Јас мислам дека на некој начин Гоце Делчев е и на Бугарија и на Македонија, но секако тоа се прашања коишто би требало на некаков објективен начин и без националистички каузи да се дискутира, да се дебатира меѓу историчарите, вели бугарскиот историчар Чавдар Маринов.

Спорт в России и мире
Москва

Cуперфинал Кубка России планируют провести в «Лужниках», сообщил источник


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Елена Рыбакина

Елена Рыбакина рассказала о проблемах со здоровьем


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Группа «ЭкоЛайн» и Сбер заключили соглашение о сотрудничестве





Путин в России и мире
Москва

Алиев: доволен развитием отношений Азербайджана и России


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Лукашенко ограничил выплату дивидендов гражданам недружественных стран




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Байден заверил Зеленского в скорых поставках новых пакетов помощи


Навальный в России и мире
Москва

Мосгорсуд оставил в СИЗО журналистку Фаворскую, обвиняемую в экстремизме за репортажи о Навальном



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Елена Маркелова

Продолжается реализации проекта - победителя 1 конкурса 2024 года Фонда президентских грантов «Интеграция в общество детей и подростков с ментальными особенностями методами адаптивной гимнастики»



Москва

Рабочие приступили к капремонту кровли техникума в Наро-Фоминске

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net