123ru.net
World News in Macedonian
Июнь
2019

Новости за 07.06.2019

САД воведува санкции против иранската национална нафтена компанија

SlobodnaEvropa.mk 

Американското министерство за финансии објави дека воведува санкции против иранската национална нафтена компанија. Компанија контролира 40 проценти од иранското производство на нафта и половина од иранскиот извоз на нафта. Најновите санкции се дел од серијата потези за притисок кон Техеран за да преговара за нов договор за ограничување на својата нуклеарна програма. Санкциите се за Компанијата и за 39 нејзини подружници и странски агенти за продажба. Американските власти соопштуваат дека санкциите... Читать дальше...

Вучиќ – Датум од ЕУ за Албанија и Македонија ќе биде добра вест за регионот

SlobodnaEvropa.mk 

Српскиот претседател Александар Вучиќ смета дека ако Албанија и Македонија добијат датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, тоа ќе биде добра вест за двете земји, за нивните граѓани, но и за Србија. „Тоа би била добра вест за нив и за нивните граѓани. Барем би добиле одредена надеж, што е добро за нив. А она што е добро за нив, добро е и за нас, рече денеска Вучиќ на панелот „Западен Балкан: отстапување од ЕУ?” во Братислава, одговорајќи на прашањето на модераторката Валери Хопкинс, како... Читать дальше...

Полицијата уапсените полски навивичи ги одвезе со автобуси

SlobodnaEvropa.mk 

Полски навивачи се степаа меѓу себе во Градскиот парк во пресрет на фудбалскиот натпревар Македонија - Полска. Полицијата ги уапси и ги одвезе, но не со марици, туку со два градски автобуси. Натпреварот меѓу македонската и полската фудбалска репрезентација во третото коло на квалификациите за Еуро 2020 започнува во 20 и 45. Полските навивачи уште вчера предизвикуваат нереди во градот. Вчера во центарот на Скопје биле приведени четворица навивачи од Полска кои се тепале меѓусебно, потврди македонската полиција. Читать дальше...



САД ја прекинуваат обуката на турски воени пилоти поради руското оружје

SlobodnaEvropa.mk 

Воените власти во САД донесоа одлука да се запре обуката на турските воени пилоти за авиони Ф-35. Пилотите треба да ги напуштат САД до 31 јули. Одлуката е донесена по разговори на САД и Турција за прашањето за откажување на договорот на Анкара и Москва за испорака на руските противракетни системи С-400. Во американската база Лук во моментот на обука се четири турски пилоти и 20 техничари. Според американски медиуми, не е исклучено таа мерка да биде укината во случај Анкара да се откаже од купувањето руските системи.

Неделници - Спорт, економија и Ципрас

SlobodnaEvropa.mk 

Неделникот Фокус пишува за атмосферата при прославата на шампионската титула на Вардар. Капитал анализата за состојбата со македонската економија, а онлајн магазинот Глобус прашува - На што се должи поразот на Ципрас?

Вучиќ и Тачи со различни толкувања за косовското прашање

SlobodnaEvropa.mk 

Српскиот и косовскиот претседател Александар Вучиќ и Хашим Тачи денеска во Братислава, во рамки на меѓународната конференција „Глобсек“ говореа за дијалогот за нормализација на односите меѓу двете земји. Вучиќ изјави дека Приштина и Србија имаат различни толкувања за територијата на Косово и дека тој е песимист за постигнување на договор со Приштина. Но тоа, според него, не значи дека нема да стори сé за одржување на мирот и стабилноста во регионот и дека ќе се обиде да најде некое решение . Хашим Тачи... Читать дальше...

Поддршка од Словачка за отворање на преговори со ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Словачка силно го поддржува проширувањето на ЕУ и отворањето на преговорите за Северна Македонија, рече словачкиот министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак на средбата со министерката за одбрана Радмила Шекеринска во Братислава. Лајчак истакна дека Словачка ќе стори сè да ја прошири пораката дека отворањето на преговорите со нашата земја би бил стратешки исправен потег на ЕУ. Шекеринска и Лајчак имаа билатерална средба за време на одржувањето на GLOBSEC форумот во Братислава, на кој се дискутираше за иднината на ЕУ и НАТО.

Чамците на Арсовски - визуелна приказна за животот

SlobodnaEvropa.mk 

Дваесет и две фотографии од вкупно 25-те колку што содржи колекцијата „Моменти“ ја чинат изложбата на уметничка фотографија на Владимир Арсовски, што од 11 јуни се одржува во галеријата „Рудиќ“ во Скопје. Ова е прво нивно јавно претставување во земјава.



Македонските и бугарските историчари воделе исцрпувачка дискусија за Гоце Делчев

SlobodnaEvropa.mk 

Плоден состанок, конструктивна и исцрпувачка дискусија водена на високо академско ниво, вака ја оцени средбата на мешовитата македонско-бугарска експертска комисија, претседателот на македонската комисија, Драги Ѓоргиев. Тој по состанокот изјави дека е направен напредок во учебниците во делот на праисторијата и антиката и во поглед на Гоце Делчев. Станува збор за учебниците за петто одделение во Бугарија и за шесто во земјава. Следна средба е закажана за во септември во Софија, а до крајот на годината се планирани уште 2-3 состаноци. Читать дальше...

Власта се пофали со раст на БДП и пад на невработеноста

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска на прес- конференција ги претставија податоците за раст на БДП во првиот квартал од 4,1 отсто и за пад на невработеноста на 17,8 проценти. „Растот на бруто домашниот производ во првиот квартал изнесува 4,1 процент, што е највисокиот квартален износ во последните две години. Очекуваме разликата да се зголемува, зашто во вториот квартал стапката на раст на бруто-домашниот производ во 2017 година беше -1.8 процент. Со оваа... Читать дальше...

Србија го прати Лазански за амбасадор во Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Новинарот и пратеник од владејачката Српска напредна партија, Мирослав Лазански е именуван за нов амбасадор на Србија во Русија, објавено е во српскиот Службен весник. Со указ на претседателот Александар Вучиќ отповикан е досегашниот амбасадор во Москва Славенко Терзиќ.

Путин: Соработката меѓу Русија и Кина клучна за глобалната стабилност

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот претседател Владимир Путин на меѓународниот економски форум во Санкт Петерсбург изјави дека соработката меѓу Русија и Кина е од суштинско значење за глобалната стабилност. Говорејќи пред кинескиот претседател Кси Џинпинг, тој посочи и дека Москва е отворена да работи со сите земји, вклучително и САД. Според него, сите земји во светот ќе се соочат со големи проблеми доколку продолжи трговската војна меѓу Кина и САД и дека Русија ги поддржува демократските економски односи.

Заев: Изјавата на Меркел за датумот за преговори е стара

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека информацијата оти германската канцеларка Ангела Меркел не се согласува да и се даде датум за преговори на државата е стара и оти за ова прашање се уште се во тек разговори на највисоко ниво, но и со пратеници. Заев најави и средба со Меркел. „Мене ми е драго што е испратена порака за точен термин за состанок со канцеларката Меркел. Овој успех е и на канцеларката Меркел и на земјите членки на ЕУ, која беше лично тука за референдумот да охрабри и да даде политичка поддршка, но и економска. Читать дальше...

Рикер: Северна Македонија заслужи членство во НАТО и јасна европска перспектива

SlobodnaEvropa.mk 

Храбрите чекори на Северна Македонија заслужија да бидат наградени веднаш, истакнале помошник државниот секретар на САД, Филип Рикер и сенаторот Рон Џонсон на денешната средба со министерката за одбрана Радмила Шекеринска во Братислава. „Северна Македонија со своите решителни чекори и храбри решенија заслужи членство во НАТО и јасна европска перспектива“, истакнал Рикер и најавил дека САД се активни во разговорите со европските сојузници околу потребата за позитивна реакција и од ЕУ на покажаниот успех. Читать дальше...

Путин со обвинувања до САД на економскиот форум во Санкт Петерсбург

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот претседател Владимир Путин тврди дека САД се обидуваат да ја прошират својата јурисдикција низ светот. Тој го обвини Вашингтон дека ризикува ерупција на трговски војни и реални војни. Путин говорејќи на меѓународниот економски форум во Санкт Петерсбург ја искористи можноста да го подобри имиџот на Русија и да привлече инвестиции.

Шекеринска: НАТО го одржа зборот, сега на ред е ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска на ГЛОБСЕК Форумот во Братислава порача дека НАТО го одржал зборот кон Северна Македонија и сега е на ред Европската Унија. Според неа, на подготвеноста на државата да ги реши своите проблеми со соседите, НАТО одговорил со подготвеност да го придвижи процесот за членство. Таа посветеност на овој процес, како што наведе, може да се види и преку брзите ратификации на пристапниот протокол за членство. „Она што ние го имаме видено во... Читать дальше...

Оставката на Груевски доставена пред два дена во Собранието

SlobodnaEvropa.mk 

Најавената оставка од пратеничката функција на Никола Груевски е доставена во Собранието пред два дена. Се очекува оставката да биде разгледана в понеделник на координацијата на претседателот на Собранието, Талат Џафери со пратеничките групи и тие да донесат одлука дали ќе биде ставена на дневен ред на првата наредната седница закажана за вторник. Веќе се води постапка за одземање на неговиот мандат, а точката на дневен ред е ставена на истата седница.

Зеленски најави одговор за нападите врз украинските војници

SlobodnaEvropa.mk 

Украинските власти соопштија дека во судирите со проруските бунтовници во источниот дел на земјата загинале уште двајца војници, со што бројката на жртви во текот на оваа недела се искачи на шест. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија ја олабавила својата контрола врз бунтовниците кои ги нарече „платеници“. „Бесрамното прекршување на договорот од Минск и употребата на артилерија ја покажува барем делумната загуба на контролата врз платениците. Се надеваме дека руската страна ќе ја поврати контролата над овие единици"... Читать дальше...

Анѓушев очекува раст на БДП и пад на невработеноста

SlobodnaEvropa.mk 

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска изјави дека растот на БДП од 4,1 отсто во првиот квартал од годинава што денеска го објави Државниот завод за статистика се темели на реалните состојби во економската сфера. Тој порача дека очекува раст на БДП и натамошен пад на невработеноста. „Тоа го засновам врз основа на реалните бројки што ги гледам во економијата, а тоа е зголемување на извозот, раст на инвестициите, намалување на невработеноста“, изјави Анѓушев. Според него, само таквата е одржлива на долг рок.


Музыкальные новости
Тимати

Новый владелец «Блэк Стар Фудс» Совада подал иск против Тимати на 7 млн рублей





Персональные новости
Театр

Театр «У Моста» вернулся в Пермь после трехнедельных гастролей





Авион на Туркиш Ерлајнс со отворени врати слетал во Дубровник

SlobodnaEvropa.mk 

Авион на Туркиш Ерлајнс при слетување на аеродромот во Дубровник пријавил проблем со хидрауличниот систем на шасијата. Авионот Ербас А 320-232 полетал од Истанбул, а локални медиуми јавија декана аеродромот во хрватскиот град слетал со отворени врати. Според извештаите, авионот утрината слетал безбедно, без каква било интервенција.

Реконструкцијата ќе го почека датумот

SlobodnaEvropa.mk 

Темата владина реконструкција се чини паѓа во втор план во најавите за владината дипломатска офанзива за датумот за почеток на преговорите за ЕУ. Од него зависат идните чекори, а засега повеќе опции се на маса.

Конкретните чекори за најавената „метла“ во следните денови

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски, кој е и нов генерален секретар на СДСМ денеска изјави дека разговорите околу најавената „метла“ во Владата се уште траат и се очекува, следните неколку дена премиерот Зоран Заев да излезе со конкретен став околу датумот и чекорите што ќе бидат преземени. „Вчера вечер ние имавме координација и консултациите на премиерот Зоран Заев со сите останати политички субјекти траат. Во следните неколку дена сигурно ќе излезе со конкретен став околу датумот и конкретните чекори и одлуки што ќе бидат преземени.

Русија обвини дека американски крстосувач направил „опасен маневар“

SlobodnaEvropa.mk 

Русија обвини дека американски крстосувач направил „опсен маневар“ во Источното кинеско море. Според извештајот, американскиот крстосувач неочекувано го сменил курсот и преминал на патеката на руската анти подморница Адмирал Виноградов на 50 метри оддалеченост. Руската флота наведува и дека со цел да спречи судир екипажот на Адмирал Виноградов морал да изведе вонреден маневар. Се уште нема реакција на САД за тврдењата на руските власти.

Убиени четворица милитанти во индискиот регион Кашмир

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку четворица милитанти, меѓу кои и двајца поранешни полицајци биле убиени во индискиот регион Кашмир за време на операција на безбедносните сили. Инцидентот се случил во реонот Пулвама каде во февруари во самоубиствен бомбашки напад загинаа 40 паравоени полицајци. Милитантите се верува дека се припадници на Џаиш-а-Мухамед, пакистанска група која ја презема одговорноста за нападот. Пакистан негира дека ги поддржува милитантите во Кашмир, но соопшти и дека го поддржува самоопределувањето на... Читать дальше...

УНИЦЕФ: Околу 115 милиони момчиња се ожениле додека биле деца

SlobodnaEvropa.mk 

УНИЦЕФ соопшти дека околу 115 милиони момчиња низ светот се ожениле кога биле деца. Од нив, според студијата, едно од 5 деца или 23 милиони стапиле во брак пред да наполнат 15 години. Во студијата се користени податоци од 82 земји и во неа се открива дека таквата пракса е распространета низ бројни земји во Африка, Латинска Америка и Карибите, како и јужна и источна Азија и Пацификот. Централноафриканска Република има најголема стапка на оженети машки деца, околу 28 отсто, потоа следи Никарагва со 19 проценти и Мадагаскар со 13 отсто. Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

Прием заявок на участие в конкурсе на лучшее путешествие по Дальнему Востоку начнется в мае


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Елена Рыбакина

Рыбакина о смене гражданства: «Я никому ничего не доказываю. В меня поверил Казахстан, чему я очень рада»


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

"Самое опасное" начнётся в пятницу: Синоптик предупредил об аномальной погоде в России





Путин в России и мире
Москва

Эксперт Президентской академии в Санкт-Петербурге о развитии отечественного судостроения   


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Лукашенко сравнил Всебелорусское народное собрание с «пустотой»




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Захарова: Западу неинтересны планы Киева по атаке на Крымский мост


Навальный в России и мире
Москва

В Москве арестован на пять суток историк-публицист Сергеев за пост памяти Навального



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Михаил Плетнёв

Как добрый мим Михаил Плетнев открывает «Дверь в Тверь»



Москва

Акушер-гинеколог Диана Ибрагимова начала работу в МОЦОМД

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net