Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Июнь
2019

Новости за 09.06.2019

Џонсон: Му спуштив слушалка на Трамп, мислев дека некој се шегува со мене

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот британски министер за надворешни работи и сегашен кандидат за премиер на таа земја Борис Џонсон изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп, при неодамнешната посета на Лондон, се обидел со него да разговара телефонски, но тој помислил дека е шега и ја прекинал врската. За „Сандеј тајмс“ Џонсон вели дека примил повик од некој кој тврдел дека повикува од централата на Даунинг стрит. „Таа личност имаше благ ирски акцент и рече дека повикува од централата број 10 и оти сака да ме спои со американскиот претседател... Читать дальше...

Власта најавува европски попис, ВМРО-ДПМНЕ најавува бојкот

SlobodnaEvropa.mk 

Сега целокупната подготовка за организирање на пописот е професионална и транспарента, по сите меѓународни стандарди и во неа цело време е вклучен Евростат, соопшти СДСм. Пописот беше најавен уште минатата година, а 2020 година е годината кога би требало да се реализира согласно меѓународните препораки, велат од партијата на власт. ВМРО ДПМНЕ може да не учествува во спроведувањето на пописот на населението. Тврдат дека на шверцерски начин е изготвен законот кој утре ќе се најде на дневен ред на собраниската комисија за европски прашања. Читать дальше...

Нереди и масовни апсења на изборите во Казахстан

SlobodnaEvropa.mk 

Неколку стотици демонстранти се приведени од полицијата во Казахстан, каде се одржжуваат претседателски избори , по долги години без кандидатура на Нурсултан Назарбаев. Низ целата земја се одржуваат масовни протести , а полицијата ги апси насилните демонстранти од градовите Нурсултан и Алмати. Речиси десет милиони имаат денеска право на глас , откако ненадејно во март поднесе оставка историскиот автократ Нурсултан Назарбаев.



Јеремиќ: Вучиќ мора да се вразуми

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Народната партија и еден од лидерите на Сојузот за Србија (СзС), Вук Јеремиќ, изјави денеска дека меѓународниот состанок за Косово во Париз нема да биде значително различен од претходниот во Берлин, бидејќи сè уште нема доволен интерес кај клучните меѓународни актери ниту барем делумно совпаѓање на нивните интереси, неопходни на конференцијата да биде постигнат значителен напредок. „Српскиот режим споменува некаква „Париска операција”, која во реалноста не постои. Тоа е само продолжение... Читать дальше...

Мајкрософт избришал 10 милиони фотографии од системот за препознавање лица

SlobodnaEvropa.mk 

Компанијата Мајкрософт избриша огромна база на податоци која содржи 10 милиони фотографии кои се користат за “обучување” на системот за препознавање лица, објави Фајненшал тајмс. Според весникот, базата на податоци постои од 2016 година и е изработена од онлајн фотографии на 100.000 добро познати луѓе. Се верува дека се користи за “обучување” на системи за идентификување лица, користени од полицијата и армијата. Ова следува откако компанијата ги повика американските политичари подобро да ги регулираат системите за препознавање лица.

Статуафест и Баскер-караван во Скопје од 20 до 22 јуни

SlobodnaEvropa.mk 

Второто, проширено издание на Интернационалниот уличен уметнички фестивал за баскери и живи статуи Статуафест и Баскеркараван ќе се одржи од 20 до 22 јуни на плоштадот „Македонија“. Ќе настапат улични уметници, баскери со свои баскер улични настапи од Шпанија, Бугарија, Венецуела, Германија. Истовремено, статуи и „walk by acts“, покрај од земјава, ќе дојдат и од Србија, Украина, Бугарија. Целиот настан ќе биде придружен и со богата музичка програма, најавуваат организаторите.

18 дојави за подметнати бомби во Москва

SlobodnaEvropa.mk 

Анонимни закани за поставени 16 бомби доби полицијата во Москва денеска меѓу кои е и катедралата Христос Спасител и телевизиската кула Останкино. „Полицијата почна со итна проверка“, изјави портпарол на полицијата во Москва. Според него, веќе се проверуваат сите места за кои е добиен сигнал за поставена бомба.

Партијата на Каменос нема да учествува на изборите на 7 јули

SlobodnaEvropa.mk 

Националниот совет на Независни Грци на денешниот состанок едногласно реши партијата да не учествува на изборите на 7 јули, јави дописничката на МИА од Атина. Одлуката доаѓа откако поранешниот коалиционен партнер во грчката влада, на европските избори пред две седмици освои само 0.8 отсто. „Независни Грци и јас, денеска, решивме да ја соопштиме нашата одлука да не учествуваме на парламентарните избори што ќе се одржат следниот месец. Го слушнавме гласот на грчкиот народ. Моја должност е да продолжам да му служам на грчкиот народ. Читать дальше...



Рама: Избори ќе има на 30 јуни

SlobodnaEvropa.mk 

По одлуката на претседателот Илир Мета да ги одложи локалните избори, албанскиот премиер и лидер на владејачката Социјалистичка партија, Еди Рама, изјави дека избори ќе има на 30 јуни, бидејќи, како што рече, изборите не се ниту на претседателот, ниту пак на партиите. „Протестите се очаен обид на губитници. Изборите ќе се одржат на 30 јуни, а Мета повторно направи грешка. На 30 јуни ќе има избори, тие не се ниту на опозицијата, ниту на претседателот. Нивна цел е да ги уништат изборите“ рече Рама на изборен митинг во градот Берат.

Молдавскиот суд го разреши претседателот на државата

SlobodnaEvropa.mk 

Молдавски суд го разреши денес претседателот на државата Игор Додон и го постави поранешниот премиер Павел Филип за привремен претседател, објави Ројтерс. Демократската партија на Молдавија на Павел Филип вети вчера дека ќе го оспори легитимитетот на новата влада која ја формираа Социјалистичката партија поддржана од Русија и проевропскиот блок АКУМ. Додон е поранешен лидер на Социјалистичката партија и го поддржува формирањето на новата влада. Социјалистичката партија и блокот АКУМ се согласија... Читать дальше...

Прв состанок на Заедничката меѓувладина комисија на Македонија и Бугарија

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, утре во Софија, ќе ја предводи владината делегација која ќе учествува на првиот состанок на Заедничката меѓувладина комисија меѓу Македонија и Бугарија, чии ко-претседавачи се министерот Димитров и министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева, соопшти МНР. Заседавањето на Комисијата се одржува согласно обврските кои произлегуваат од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, потпишан меѓу двете земји во август 2017 година. Читать дальше...

Црна Гора ќе бара нафта на дното на Јадранско море

SlobodnaEvropa.mk 

Во февруари следната година планирано е да се започне со дупчење на две локации на црногорското подморје, кои ги истражуваат копаниите „Ени“, „Новатек“ и „Енерган“, објави директорот на Црногорската администрација за јаглеводороди, Владан Дубљевиќ. Според него, со една од дупките ќе се бара нафта на длабочина од 6,5 километри, а со друга гас на 1,5 километри, пренесува „Танјуг“. „Дали имаме нафта и гас ќе знаеме кон средината на следната година. Управата очекува резултатите од снимањето да ја одредат локацијата за дупчење... Читать дальше...

Зариф: ЕУ не е во позиција да го критикува Иран

SlobodnaEvropa.mk 

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, изјави дека Европа не е во позиција да го критикува Техеран за воените капацитети и ги повика европските лидери да ги нормализираат економските врски со Исламската Република Иран, без оглед на санкциите на САД, објавија светските новински агенции. „Европејците и другите потписнички на нуклеарниот договор треба да ги нормализираат економските врски со Иран. Ние ќе ги прекинеме нашите обврски или ќе преземеме мерки во согласност со нивните“, рече Зариф.

Борис Џонсон нема да плати 39 милијарди фунти ако ЕУ не понуди подобар договор за Брегзит

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот шеф на британската дипломатија и кадидат за иден британски премиер, Борис Џонсон, изјавил дека ќе одбие да плати „сметка за разводот“ (Брегзит) од 39 милијарди фунти ако ЕУ не понуди подобри услови. „Велика Британија ќе плати сметка“ вредна 39 милијарди само ако постои поголема јаснотија во постигнувањето на договорот. Отсекогаш сум сметал дека е многу необично да се согласиме да потпишеме чек пред постигнување конечен договор“, изјавил Џонсон во интевју за „Сандеј тајмс“.

444.hu: Груевски на тајна средба со унгарскиот заменик-министер за надворешни работи

SlobodnaEvropa.mk 

Откако во петокот новинарот на унгарскиот портал 444.ху го сними поранешниот македонски премиер во бегство Никола Груевски, објави информација дека Груевски тој ден бил на тајна средба со унгарскиот заменик-министер за надворешни работи Иштван Јо. Според порталот, средбата била во истата зграда во која е и редакцијата на 444.ху. Порталот објави дека отако со прашања безуспешно го следеле Груевски до неговиот авомобил пред зградата, се вратиле назад и го сретнале унгарскиот заменик-министер за надворешни работи. Читать дальше...

„Катимерини“: Скопје не делува загрижено што Ципрас може да падне од власт

SlobodnaEvropa.mk 

Официјално Скопје не делува загрижено што „Киријакос Мицотакис од Нова Демократија наскоро доаѓа на власт во Грција и со тоа го губи пријателот Алексис Ципрас“, пишува грчкиот весник „Катимерини“, во денешното издание. Весникот тврди дека верувањата на македонските политичари се дека и покрај несогласувањата со Преспанскиот договор, Мицотакис ќе остане верен на принципот на почитување на меѓународното право и меѓународните договори потпишани од земјата. Шефот за надворешна политика на Нова Демократија... Читать дальше...

Казахстан денеска избира претседател

SlobodnaEvropa.mk 

Гласачите во Казахстан денеска го избираат наследникот на Нурсултан Назарбаев, кој ја водеше државата од добивањето независност, објавија светските новински агенции. Предвремените претседателски избори беа закажани откако Назарбаев неочекувано поднесе оставка во март. Се очекува дека в.д. претседателот Касим-Жомарт Токаев да победи на изборите на кои учествуваат уште шестмина кандидати, објавуваат новинските агенции и локалните медиуми.

Ноќеска регистрирани два земјотреса во Охридско-струшкиот регион

SlobodnaEvropa.mk 

Два земјотреса ноќеска биле регистрирани во Охридско - струшкиот регион, соопшти скопската опсерваторија на Телеметриската сеизмолошка мрежа на РСМ. Епицентарот на двата земјотреса бил во Охридското Езеро. Првиот земјотрес е почувствуван во 2.10 часот, на 4 километри од Охрид, а вториот земјотрес на 9 километри од струшкото село Мислешево. Првиот земјотресот бил со магнитуда од 2,5 степени, а вториот земјотрес со јачина од 2 степени.

Времето денеска - Сончево со можен попладневен пороен дожд

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура во државата ќе биде меѓу 11 и 19, а максималната од 26 до 34 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 15 до 31 степен.

Џафери - Не може да сонуваме за Европа, а да работиме македонски

SlobodnaEvropa.mk 

Државата нема доволно капацитети за спроведување на законите, препораките и конвенциите кои ги има потпишано за заштита на животна средина. Кога ќе започнат преговорите со ЕУ, тогаш условот ќе биде јасен дека мора да се направат овие работи и дека мора да се почитуваат и конвенциите. Не може да сонуваме за Европа, а да работиме македонски. Тоа е голема забелешка од страна на ЕУ, вели Аријанит Џафери од Еко-герила во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Џафери: Власта не ги спроведува законите за животна средина

SlobodnaEvropa.mk 

Тетово е еден од најзагадените грдови во Европа, но со затворањето на фабриката Југохром и дислоцирањето на дивата депонија на влезот на градот, загагадувањето на воздухот во градот се намали за значителни 60 проценти, вели Аријанит Џафери од граѓанската организација „Еко-герила“ од Тетово.

Спорт в России и мире
Москва

Команда подмосковного главка Росгвардии заняла призовое место на чемпионате Центрального округа по стрельбе из боевого ручного стрелкового оружия


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Арина Соболенко

Арина Соболенко призналась в том, что не любит женский теннис


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

При каких обстоятельствах может затопить Петербург и Москву? Отвечает гидролог





Путин в России и мире
Москва

Строители мостов и дорог удостоены государственных наград


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Лукашенко рассказал о планах расширения НАТО




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Захарова: встречи по продвижению "формулы Зеленского" дают Киеву чувство вседозволенности


Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Татьяна Рязапова

Предложения АИРР поддержала комиссия Госсовета



Москва

Шойгу: НАТО угрожает военной безопасности России, приближаясь к границам

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net