Статуафест и Баскер-караван во Скопје од 20 до 22 јуни
Второто, проширено издание на Интернационалниот уличен уметнички фестивал за баскери и живи статуи Статуафест и Баскеркараван ќе се одржи од 20 до 22 јуни на плоштадот „Македонија“.
Ќе настапат улични уметници, баскери со свои баскер улични настапи од Шпанија, Бугарија, Венецуела, Германија. Истовремено, статуи и „walk by acts“, покрај од земјава, ќе дојдат и од Србија, Украина, Бугарија.
Целиот настан ќе биде придружен и со богата музичка програма, најавуваат организаторите.