123ru.net
World News in Macedonian
Июнь
2019

Новости за 17.06.2019

Македонија го подобри рејтингот на Глобалниот индекс за мир

SlobodnaEvropa.mk 

Северна Македонија се искачи за 23 места погоре на листата на Глобалниот индекс на мирот во споредба со минатата година и заедно со Грција го дели 65-тото место. Меѓу првите 25 земји на листата дури 17 се од Европа, а единаесетта година по ред Исланд е најбезбедна земја во светот, додека на последното место како и лани е Авганистан. Австралискиот институт за економија и мир, според истражувањето за годинaшниот глобален индекс на мирот, врз чија основа се рангирани земјите од „најбезбедна“ до „најнебезбедна“... Читать дальше...

Могерини: ЕУ ќе претрпи штета ако не започне преговори со Северна Македонија и Албанија

SlobodnaEvropa.mk 

Довербата во процесот за проширување на ЕУ ќе претрпи голема штета ако веднаш не почнат преговорите за пристапување на Северна Македонија и Албанија, ијави на прес-конференција високата претставничка на Унијата за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини. Таа истакна дека двете земји се подготвени и оти во интерес на ЕУ е Западен Балкан да стане дел од заедницата. Според Могерини Унијата не треба да се откажува од „најефикасниот инструмент за постингнување мир: „Се надевам дека земјите... Читать дальше...

Поранешниот египетски претседател Морси почина во судница

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот египетски претседател Мухамед Морси почина откако паднал во несвест во судница, се вели во извештаите. Морси колабирал додека присуствувал на судска расправа за обвинувања за шпионажа и починал кратко потоа, објави државната телевизија. Неговото тело било однесено во болница. 67-годишниот Морси беше беше поранешна висока личност во сега забранетото исламистичко движење Муслиманско братство. Тој беше соборен од страна на египетската војска во 2013 година по масовните протести една година... Читать дальше...



САД побараа меѓународен одговор за „нуклеарните уцени“ на Иран

SlobodnaEvropa.mk 

Соединетите Држави соопштија дека планот на Иран за прекршување на ограничувањето на неговите залихи на збогатен ураниум, претставува „нуклеарна уцена“ и оти мора да се соочи со „зголемен меѓународен притисок.“ Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Гарет Маркиз, денеска ги даде ваквите коментари, откако Иран се закани со понатамошно намалување на неговата согласност со нуклеарниот договор од 2015 година со светските сили. Францускиот претседател Емануел Макрон во Париз... Читать дальше...

Има ли спас од дивата депонија крај обиколницата во Битола?

SlobodnaEvropa.mk 

Жителите на дивото битолско Картон маало бараат контејнери за да не го фрлаат ѓубрето крај магистралниот пат Ресен-Прилеп. Сметот расфрлан покрај патот, освен што е грда слика, опасен е и за возачите и за луѓето кои живеат во негова близина.

Активисти блокираа археолошки истражувања за рудникот Иловица

SlobodnaEvropa.mk 

Активисти од граѓански организации заедно со жители од Иловица и Штука со жив ѕид и моторни возила денеска го блокираа патот до рудникот „Иловица-Штука“ на планината Огражден. Граѓанското здружение „Здрава Котлина“ на социјалните мрежи соопшти дека со овој потег „започнува нова фаза“ на нивната борба против актвностите на концесионерот за рудникот „Еуромакс Рисорсис“, кој како што наведуваат, веќе три години оперира со истечена концесија. Во објавата се вели дека денеска активистите со употреба... Читать дальше...

Поплавени куќи и свлечиште од невреме во Куманово

SlobodnaEvropa.mk 

Проблеми во повеќе населби во Куманово се предизвикани од невремето кое попладнево го зафати градот: од поројниот дожд поплавени се куќи во населбата „Перо Чичо“ и во селото Добрешане, како и подруми, гаражи и дворови во околината на гимназијата и дел од булеварите, се вели во првичните информации на Регионалниот центар за управување со кризи. Од РЦУК Куманово велат дека се појавило и странично свлечиште на улицата „Титова Митровачка“ за што биле информирани надлежните институции. Екипите на Водовод... Читать дальше...

Започна издавањето на новите регистрации со ознаката NMK

SlobodnaEvropa.mk 

Од денеска започна издавањето на регистарските таблички со ознака NMK, соопшти МВР наведувајќи дека регистерска табличка со таква ознака ќе добиваат возилата што подлежат на прва регистрација во државата и оние граѓани што ќе пријават оштетена регистарска табличка. Во сопштението на МВР се вели дека останатите граѓани промената ќе треба да ја направат до 2024 година, а до тогаш ќе можат да ги користат постоечките таблички и при влегување во државата ќе добиваат бесплатна налепница NMK. Оваа мерка... Читать дальше...



Советот на Европа „силно осуди“ извршување смртна казна во Белорусија

SlobodnaEvropa.mk 

Парламентарното собрание на Советот на Европа „остро го осуди“ пријавеното тајно извршување на смртна казна во Белорусија, додека случијот на егзекутираното лице се уште се разгледува во Комитетот за човекови права на Обединетите нации (УНХЦР). Генералниот известувач на Советот на Европа за укинување на смртната казна Титус Корлатеан, денеска изјави дека со егзекутирањето на Александар Жилника во претходните денови „Белорусија уште еднаш покажа дека не ги почитува целосно основните човекови права... Читать дальше...

Нетанјаху повика на санкции за Иран, Британија загрижена

SlobodnaEvropa.mk 

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кој беше противник на потпишувањето на нуклеарниот договор на Иран и светските сили повика на повторно воведување на меѓународни санкции доколку Техеран ги оствари своите закани. Тој порача дека во секој случај Израел нема да дозволи Иран да има нуклеарно оружје. Портпаролот на британската премиерка Тереза Меј соопшти дека нејзината Влада била јасна оти е загрижена за иранските планови за намалување на усогласеноста со нуклеарниот договор. "Ако Иран престане да ги исполнува своите нуклеарни обврски... Читать дальше...

Кинескиот претседател ќе ја посети Северна Кореја во наредните денови

SlobodnaEvropa.mk 

Кинескиот претседател Кси Џинпинг од четврток ќе биде во дводневна посета на Северна Кореја. Соседна Кина е единствениот поголем сојузник на Северна Кореја. Посетата на Кси доаѓа во услови на обновени тензии меѓу САД и Северна Кореја и напорите да се убеди Пјонгјанг да се откаже од нуклеарното оружје.Кинески медиуми јавија дека двете страни ќе разменат гледишта за ситуацијата на Корејскиот полуостров.

Пендаровски: САД ќе го ратификуваат Протоколот за НАТО во август

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот Стево Пендаровски на Денот за високи гости на вежбата „Одлучен удар“ на Криволак порача дека очекува САД да го ратификуваат Протоколот за членство во НАТО во август. „Ветувањето од таа страна е дека најверојатно пред да се распушти Конгресот во август, ќе имаме целосна ратификација, што значи дека одиме со одлично темпо кон самитот закажан за 4 декември во Лондон кадешто со право очекуваме да станеме полноправна членка и да ги користеме сите напори кои ги правеше нашата држава не само во сферата на одбраната и во безбедноста... Читать дальше...

Заев утре во посета на Обединетото Кралство на форум на Фајненшал Тајмс

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев заедно со вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, утре ќе престојува во еднодневна работна посета на Обединетото Кралство каде на покана на Фајненшал Тајмс ќе учествува на Форум што британскиот весник го организира за земјите од Западен Балкан насловен „Инвестициски можности во брзорастечкиот регион“. Заев, според соопштението на владината прес-служба, во рамки на престојот ќе се сретне со заменик премиерот на Обединетото Кралство, Дејвид Лидингтон на работен појадок... Читать дальше...

Рохани: Ситуацијата е критична, потписниците да го спасат нуклеарниот договор

SlobodnaEvropa.mk 

Иранскиот претседател Хасан Рохани по средбата со новиот француски амбасадор во Техеран денеска повика на итно спасување на нуклеарниот договор, кој беше на работ на колапс по повлекувањето на САД минатата година. „Моменталната ситуација е многу критична и Франција и другите потписници се уште имаат многу ограничена можност да одиграат историска улога за спасување на договорот“, изјави Рохани. Според него, колапсот на договорот нема да биде во корист на Иран, на Франција, како и регионот и светот. Читать дальше...

Заев: Вредеше Договорот од Преспа со оглед на придобивките

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев по повод една година од Преспанскиот договор изјави дека вредело неговото потпишување, имајќи ги предвид придобивките. „Денеска, 17 јуни, една година од Преспа, прво добивме нов пријател. Не дека со Грција имавме некои сериозни непријателства, но навистина беше чувството лошо, горко, кога бевме застанати во нашите интегративни процеси. Еве после една година првите придобивки ги гледаме како импликации на оваа вежба, во нашата подготовка, заради после неколкумесечното целосно членство во НАТО. Читать дальше...

Иран ако го блокира Ормускиот Теснец тоа ќе го направи јавно

SlobodnaEvropa.mk 

Началникот на Генералштабот на Иран, генерал мајор Мохамед Бакери изјави денеска дека неговата земја не стои зад нападите на нафтените танкери во Оманскиот Залив во минатата недела. Според него, доколку Иран сака да го блокира Ормускиот Теснец, кој е од витално значење за нафтената индустрија во заливот, тоа ќе го направи јавно. Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека САД не сакаат војна со Иран, но оти ќе обезбедат премин на бродови низ Ормускиот Теснец низ кој се транспортира третина од светската нафта.

Ваши коментари – Бркање датум и бегање во гепек

SlobodnaEvropa.mk 

Препукувањата за датум за преговори и изјавата на премиерот Зоран Заев дека неговиот претходник Никола Груевски избегал во гепек, се најкоментирани теми од нашите читатели на социјалните мрежи.

Дескоска очекува поддршка од сите партии за законот за обвинителство

SlobodnaEvropa.mk 

Министерката за правда Рената Дескоска денеска изјави дека законот за јавното обвинителство е пофален од меѓународната заедница и дека очекува сите политички партии во парламентот да ги стават како приоритетни интересите на државата, пред личните интереси. „Нашата обврска од аспект на подготовка на квалитетен закон е завршена. Очекувам сите политички партии, кои што се во парламентот и сите пратенички групи да ги стават како приоритетни интересите на нашата држава за евроинтеграција, пред личните... Читать дальше...


Музыкальные новости
Концерт

Концерт в честь Сергея Рахманинова прошел в Воскресенске





Персональные новости
Россия

В России на треть вырос спрос на туристическое жилье в летний период





Убиен популарен пакистански блогер и активист

SlobodnaEvropa.mk 

Пакистанската полиција соопшти дека популарен блогер и активист на социјалните мрежи Мухамед Билал Кан бил убиен при напад со нож. Според полицијата, нападот врз 22 годишниот Кан се случил во центарот на Исламабад. Кан има околу 16 илјади следбеници на Твитер, 48 илјади на неговиот Јутјуб канал, како и повеќе од 22 илјади следбеници на Фејсбук. Тој често пишуваше за исламот, застапувајќи се за соживот меѓу сунитите и шиитите. Кан неодамна започна и кампања на социјалните мрежи за исчезнување на Пакистанци... Читать дальше...

Државата ќе бара екстрадиција на Груевски за настаните од „27 април“

SlobodnaEvropa.mk 

Министерката за правда Рената Дескоска денеска изјави дека повторно ќе се бара екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски за настаните од Собранието на 27 април во 2017 година. Таа додаде дека досието е комплетирано и дека деновиве ќе биде испратено во Унгарија. Груевски е обвинет дека бил организатор на настаните од 27 април, а осуден е и на две години затвор за набавката на „луксузниот мерцедес“.

Брод со мигранти потона кај Бодрум, девет исчезнати

SlobodnaEvropa.mk 

Брод со мигранти потонал во Егејско Море во близина на турскиот град Бодрум при што девет лица се водат како исчезнати. Турската крајбрежна стража соопшти дека биле спасени 31 мигрант. Спасувачката операција за пронаоѓање на мигрантите е во тек.

Иран ќе ја надмине границата на резерви на ураниум

SlobodnaEvropa.mk 

Портпаролот на Иранската атомска агенција, Бехруз Камалванди изјави денеска дека земјата во наредните 10 денови ќе ја надмине границата за нејзините резерви на ураниум кои се утврдени со нуклеарниот договор. Говорејќи на прес-конференција емитувана в живо, тој додаде дека Техеран ќе го зголеми нивоата на збогатување ураниум врз основа на потребите на земјата. Иранскиот претседател Хасан Рохани претходно најави дека земјата ќе продолжи да се држи до договорот доколку останатите негови потписници покажат позитивни сигнали.

Украинскиот претседател Зеленски во посета на Франција и Германија

SlobodnaEvropa.mk 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски за прв пат по стапувањето на функцијата ќе ги посети Франција и Германија, при што денеска во Париз треба да има средба со неговиот француски колега Емануел Макрон. Посетата на Зеленски доаѓа во услови кога тој бара напредок во реформите во Украина и прави напори за справување со конфликтот во источна Украина. Кабинетот на Макрон соопшти дека средбата ќе биде шанса за адресирање на поддршката од Франција за реформите, а ќе се разговара и за начините за решавање на конфликтот во источна Украина.

Чекајќи датум: Нагазни мини за Македонија и Балканот

SlobodnaEvropa.mk 

Без датум за преговори за членство во ЕУ, може да активираат 5 политички нагазни мини на Балканот, а со тоа и во Македонија, покажуваат политичките анализи, меѓу кои и онаа на „Фајненшал тајмс“, според која, тоа ќе ги активира и авторитарните режими и недемократските странски влијанија на Балканот.

Спорт в России и мире
Москва

Фитнес-эксперт Каневский назвал далеко не новым трендом копирование детьми поведения животных


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Елена Рыбакина

Елена Рыбакина рассказала о проблемах со здоровьем


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Группа «ЭкоЛайн» и Сбер заключили соглашение о сотрудничестве





Путин в России и мире
Москва

Гарантные манеры: Алиев оценил роль Москвы в поддержании мира на Кавказе


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Стало известно, что Лукашенко предложил губернатору Архангельской области на встрече в Минске




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Зеленскому предложили не ограничиваться Бандерой и захоронить на капище под Киевом молекулы Гитлера


Навальный в России и мире
Москва

Мосгорсуд оставил в СИЗО журналистку Фаворскую, обвиняемую в экстремизме за репортажи о Навальном



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Джиган

Оксана Самойлова и Джиган попались на детекторе лжи: Семейные ссоры, страх развода, крики на детей и другие неприятные тайны



Москва

В Косино-Ухтомском построят новый ФОК

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net