Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Июнь
2019

Новости за 04.06.2019

Јункер:Ќе сторам се да ги убедам членките Северна Македонија да почне преговори

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер денеска рече дека засега нема целосна согласност меѓу земјите членки на Европската унија да се одобри отворањето на пристапните преговори за Северна Македонија. Тој рече оти знае дека некои земји членки имаат одредена загриженост. “Ќе направам се што е можно за да ги убедам”, нагласи Јункер. Јункер, кој денеска во Брисел се сретна со премиерот Зоран Заев, подвлече и дека комисијата јасно проценила дека земјата ги исполнила сите можни услови... Читать дальше...

Трамп го пофали новиот трговски договор на САД со Обединетото Кралство

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп денеска на прес конференцијата во Лондон со британската премиерка Тереза Меј рече дека се радува на “феноменалниот” трговски договор со Обединетото Кралство. Според неговата процена во новиот договор има голем потенцијал, односно, како што рече, два до три пати поголем од оној кој им се пружал со сегашниот договор. Меј, која ја напушта позицијата премиерка на Британија в петок рече дека и тие остануваат посветени на трговскиот договор по Брегзит. Читать дальше...

Новиот украински претседател во посета на Брисел

SlobodnaEvropa.mk 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во Брисел ги почна состаноците со високите претставници на НАТО и на Европската унија. Ова е негова прва странска посета откако е избран за шеф на државата. Планирано е тој да се сретне со претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и да присуствува на комисијата НАТО-Украина. Таа е клучен формат за соработка меѓу Киев и воената алијанса. Актерот комичар... Читать дальше...



Ципрас ќе побара распуштање на парламентот следната недела

SlobodnaEvropa.mk 

Проценката на претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис е дека премиерот на Грција, Алексис Ципрас во периодот меѓу 10 и 13 јуни ќе ја посети претседателската палата и од Прокопис Павлопулос ќе побара да се распушти Парламентот и да се распишат предвремени парламентарни избори. "Парламентот ќе биде отворен додека не се закачи Претседателскиот декрет за распуштање, независно дали ќе постојат законодавни процеси", рекол Вуцис. По лошите резултати за СИРИЗА на европските избори пред десет дена... Читать дальше...

Град Скопје им додели чек од шест милиони денари на вардарци

SlobodnaEvropa.mk 

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов и претседателката на Советот Љубица Јанчева денеска се сретнаа со ракометарите на РК „Вардар“ и на престедателот на клубот и на играчите им го врачија чекот од шест милиони денари. "Град Скопје секогаш ќе стои зад европскиот шампион РК „Вардар“ затоа што нема подобар начин за промоција и афирмација на нашиот град. Им благодарам на ракометарите за подарената ракометарска топка со потписи и искажаната благодарност од нивна страна за помошта што Град Скопје ја даде за нивен достоинствен пречек"... Читать дальше...

ОН: Апсења и закани на одбележувањето од протестите на Тјенанмен во Кина

SlobodnaEvropa.mk 

Портпаролката на кабинетот за човекови права на ОН, Равина Шамдасани изјави денеска дека добиле извештаи во кои се наведува дека бројни кинески државјани биле притворени или биле цел на закани пред одбележување на 30 годишнината од протестите на плоштадот Тјенанмен. Таа посочи и дека била зголемена и цензурата во Кина при спомнувањето на одбележувањето на настанот. Шамдасани истакна и дека ги известиле кинеските власти за загриженоста на ОН и работат на верификување на информациите. Студенти и... Читать дальше...

Заев најави награда од 600.000 илјади евра за ракометарите на „Вардар“

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со ракометарите на ,,Вардар” и најави дека следната седница на Владата ќе предложи доделување на награда од 500.000 евра. Тој додаде и дека Агенцијата за млади и спорт ќе додели дополнителни 100.000 евра, покрај веќе донесената одлука за доделување на 100.000 евра од Советот на Град Скопје. Заев порача и дека е среќен што клубот „Вардар“ постои, повика на сплотеност и додаде дека државата ќе возврати со влог во спортот и преземање на сите потребни мерки за одржливост на клубот. Читать дальше...

Црвенковски: Ако летово не добиеме датум тоа ќе биде големо разочарување

SlobodnaEvropa.mk 

Доколку ова лето не добиеме датум за преговори за мене тоа ќе биде доказ за отсуство на лидерство и визија во рамките на ЕУ и не само визија за иднината на Западен Балкан, туку и визија за иднината на самата ЕУ и целиот европски континент, порача поранешниот претседател Бранко Црвенковски на денешната регионална конференција „Проширувањето на ЕУ на крстопат“ во Скопје. Според него, недобивањето датум за почеток на преговорите во јуни ќе предизвика големо разочарување, но и сериозно нарушување на... Читать дальше...



Граѓански организации со повик до Заев против урбанистичкото дивеење

SlobodnaEvropa.mk 

Граѓански организации упатија јавен повик до Владата и до премиерот Зоран Заев да покажат, како што наведуваат, суштинска волја за борба против урбанистичкото дивеење, владеењето на правото и распродавање на јавниот интерес, во врска со Деталните урбанистички планови во Скопје. „Еден од многуте, но последен драстичен пример е ДУП за градската четврт Ц 08Ново Маало 2 (паркингот спроти хотел Холидеј Ин), парцела за која Државната комисија за спречување корупција најави дека ќе истражува дали е незаконско... Читать дальше...

Поранешни лидери од регионот со декларација побараа храбри одлуки на ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Од суштинска важност е да се донесе одлука за определување датум за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија се наведува во Декларацијата потпишана во рамки на регионалната конференција „Проширувањето на ЕУ на крстопат“. Присутните членови од Подгоричкиот клуб во декларацијата ја нагласуваат важноста да се задржи позитивната динамика во процесот на проширување. „Да истакнеме дека натамошното одложување на донесувањето на овие одлуки во современото геополитичко и геоекономско... Читать дальше...

Русија негира дека го повлекува персоналот од Венецуела

SlobodnaEvropa.mk 

Кремљ ја негираше изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп и соопшти дека Русија официјално не го известила за активностите на војската во Венецуела, која ја продолжува соработката со социјалистичката влада на Николас Мадуро.Трамп за време на посетата на Лондон изјави дека од Москва добил информации оти Русија ги повлекла повеќето луѓе присутни во Венецуела. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изјави дека не бил во контакт со Трамп за прашањето. Според него, информациите на Трамп најверојатно потекнуваат од медиумите... Читать дальше...

Трамп се сретна сo Меј во фокусот на разговорите Кина

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со британската премиерка Тереза Меј на вториот ден од неговата посета на Британија. Според соопштението, во фокусот на средбата биле односите со Кина. Вашингтон лобира кај сојузниците да го исклучат кинескиот телекомуникациски гигант Хуавеи во поставувањето на новата 5G мрежа поради стравувањата дека таа ќе им овозможи на кинеската власти пристап до податоци или да спроведе шпионажа.

Пендаровски очекува ЕУ без одлагање да одреди датум за преговори

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот Стево Пендаровски денеска порача дека од ЕУ очекува лидерство и решителност и без одлагање да биде одреден датумот за преговорите за членство на земјата. Тој во обраќањето на регионалната конференција „Проширувањето на Европската унија на крстопат“ на Подгоричкиот клуб во Скопје истакна дека тоа е добитна комбинација за сите засегнати страни. Според него, ЕУ треба да остане доследна на високите очекувања што ги создала кај граѓаните. „Во однос на најтешките прашања ние го направивме нашиот дел... Читать дальше...

Двајца полицајци кои не биле на должност застрелале дете во Украина

SlobodnaEvropa.mk 

Украинскиот јавен обвинител Јуриј Луценко соопшти дека полицајците кои застрелаа пет годишно момче ќе бидат обвинети за убиство, иако првично властите соопштија дека се работи за несреќа. Двајца полицајци додека не биле на должност и во алкохолизирана состојба пукале во алуминиумски конзерви во двор, при што еден од залутаните куршуми го погодил детето, кое живеело во соседната куќа. Полицајците беа приведени и првично обвинети за хулиганизам и предизвикување телесни повредени, но детето подоцна почина. Читать дальше...

Авганистанскиот претседател во посета на Пакистан на 27 јуни

SlobodnaEvropa.mk 

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани ќе го посети Пакистан на 27 јуни во обид да ги подобри билатералните односи меѓу двете земји кои често се нарушени со меѓусебни обвинувања. Гани истакна дека посетата била договорена на средбата со пакистанскиот премиер Имран Кан на маргините на конференцијата на Организацијата за исламска соработка во Саудиска Арабија, минатата недела. Тој изрази надеж дека посетата ќе биде позитивна. Авганистан го обвинува Пакистан дека им дава засолниште на талибанците... Читать дальше...

Десетици советници за економија, а растот меѓу најниските на Балканот

SlobodnaEvropa.mk 

Околу 240 илјади евра годишно ја чинат државата платите на министрите и на советниците за економски прашања. Власта на половина од мандатот вели дека владините мерки го придвижиле економскиот раст и најавуваат дека токму оваа ќе биде една од најуспешните економски години. Економистите пак забележуваат дека секоја година треба да биде економска.

Ердоган не се откажува од договорот за рускиот ракетен систем

SlobodnaEvropa.mk 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека властите нема да се откажат од договорот со Русија за купување на ракетниот одбранбен систем С-400 и покрај притисокот од САД. „Ние имаме договор со Русија. Ние сме одлучни и нема ништо да не одврати од тоа“, порача Ердоган. Според него, понудата на САД за ракетниот систем „Патриот“ не била толку добра колку понудата на Русија. Договорот на Турција, која е членка на НАТО со Русија предизвика несогласување од страна на САД кои се заканија со санкции врз земјата.

Триесет години од протестите на плоштадот Тјенанмен во Кина

SlobodnaEvropa.mk 

Кинеските власти го зајакнаа обезбедувањето околу плоштадот Тјенанмен во центарот на Пекинг на 30 годишнината од продемократските протестите на кои се верува дека загинале стотици демонстранти. За настанот не се зборува отворено во јавноста и нема да биде официјално одбележан од кинеските власти. Пред метро станицата на плоштадот полицијата ги проверува документите за идентификација на туристите и патниците. На странските новинари им бил забранет пристап до плоштадот и се предупредени до полицијата да не фотографираат. Читать дальше...

Холограми место циркуски животни

SlobodnaEvropa.mk 

Германскиот циркус Ронкали е првиот циркус во светот кој вистинските животни во нивните циркуски точки ги замени со нивни реалистични холограми, објавија повеќе светски медиуми, повикувајќи се на „Сајанс рипортер“. Циркусот користи специјални рефлектори, проектори и друга модерна технологија и без вистински животни прави вистински спектакл за своите гледачи. Според магазинот, овој циркус, кој постои со децении, со овој потег се вклучил во глобалната борба за заштита на животните и нивните права... Читать дальше...


Музыкальные новости
Алсу

Алсу ире белән аерылышканмы?





Персональные новости
Владимир Путин

Тема дня: Путин назвал сохранение духовных ценностей условием укрепления суверенитета





ОН со осуда на нападот на војската на Судан врз демонстрантите

SlobodnaEvropa.mk 

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш силно го осуди справувањето на суданските власти со демонстрантите во текот на кое, според најновите информации, загинале најмалку 30 луѓе. Во соопштението се наведува дека „суданските безбедносни сили користеле прекумерна сила врз демонстрантите“. Војската која неодамна ја презеде власта во Судан вчера насилно го растури протестниот камп пред генералштабот во Картум.

Правни механизми за заштита на „последните слободни реки“

SlobodnaEvropa.mk 

Активисти изработија прирачник за употреба на правни механизми и алатки за запирање на инфраструктурни проекти кои се во конфликт со животната средина. Инспиративен пример е стопирањето на изградбата на хидроелектраните „Луково Поле“ и „Бошков Мост“ во Националниот парк Маврово.

Трамп: Москва го повлекува персоналот од Венецуела

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека од Москва добил информации оти Русија ги повлекла повеќето луѓе присутни во Венецуела за поддршка на претседателот на таа земја Николас Мадуро. Русија во март испрати околу 100 војници во Венецуела. Оваа земја се соочува со длабока политичка криза од почетокот на годинава кога лидерот на опозицијата Хуан Гваидо се прогласи за привремен претседател на државата. Него го признаа околу 50 земји, меѓу кои и САД.

Науката потценета, малите плати ги загрижуваат професорите

SlobodnaEvropa.mk 

Мали плати, многу државни факултети, премалку издвојувања за наука, универзитетските професори на УКУМ имаат заеднички проблеми и со очекувања гледаат кон Владата. Професори посочуваат дека во сите истражувања на Балканот во нашата земја тие имаат драматично најниски примања.

Премиерот Заев во Брисел на средба со Јункер

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев попладне заминува во дводневна посета на Брисел каде што ќе се сретне со претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, еврокомесарот Јоханес Хан и со шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, јавува МИА. Заев со Јункер ќе разговара за последниот извештај на Европската Комисија за Северна Македонија, во кој се препорачува отворање на преговорите за членство во Европската Унија. Тие ќе разговараат и за претстојната средба на министрите за надворешни работи на ЕУ... Читать дальше...

Италијанскиот премиер Конте подготвен да даде оставка

SlobodnaEvropa.mk 

Италијанскиот премиер Џузепе Конте изјави дека се подготвен да поднесе оставка доколку коалиционите партнери, партијата Лига и движењето Пет ѕвезди не ги прекинат полемиките. „Барам од двете партии да донесат одлука и да ми кажат дали сакаат да го почитуваат договорот за владата“, рече тој. На изборите за Европскиот парламент Лига освои 34 насто од гласовите, додека Пет ѕвезди околу 17 проценти. Лига која е предводена од Матео Салвини на тој начин ја зацврсти позицијата откако на парламентарните... Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

RU.TV превращает Русскую Музыкальную Премию в Мюзикл


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

Мирра Андреева замыкает год // 16-летняя российская теннисистка успешно стартовала на крупном турнире WTA в Мадриде


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Московскую компанию заподозрили в хищении 103 млн рублей при реализации нацпроекта в Орле





Путин в России и мире
Москва

Эксперт Президентской академии в Санкт-Петербурге о формировании взаимовыгодного международного сотрудничества


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Лукашенко убежден, что белорусы «никогда еще так хорошо не жили»




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Во Франции назвали бредом слова Зеленского про угрозу Путина Европе


Навальный в России и мире
Москва

В РПЦ отказались называть причины запрета в служении иерея Сафронова, отпевавшего Навального



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Елена Волкова

«Где ваши манеры?»: интервью со звездным экспертом по этикету Дианой Булатовой



Москва

Онколог-гинеколог Екатерина Тимофеева рассказала, чем опасны хронические заболевания для репродуктивного здоровья

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net