123ru.net
World News in Macedonian
Июнь
2019

Новости за 18.06.2019

Амбасадорот Филипов назначен за координатор на експертската група за трговски марки

SlobodnaEvropa.mk 

Амбасадорот Ѓорѓи Филипов ќе биде координатор на Меѓународната група на експерти од Македонија за трговски марки, и имињата и другите облици на интелектуалната сопственост, кои со колегите од Грција ќе работат за постигнување на взаемно прифатливи решенија за овие прашања, согласно обврските од Договорот од Преспа, потпишан на 17 јуни 2018 година. Филипов е назначен за координатор на денешната 140-та редовна седница на Владата. Амбасадорот Ѓорѓи Филипов се пријави на огласот на СДСМ за избор на претседателски кандидат годинава... Читать дальше...

Заев за одлуката на ЕУ - Задоволни сме од денешниот заклучок, но тој ќе значи целосен успех во октомври

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев по објавувањето на заклучоците на Советот на министрите на ЕУ, на својот Фејсбук профил напиша дека одлученото во Луксембург е јасна потврда за реформите кои ги спроведувале исите резултати остварени на домашен план, но и пофалби за Договорите со Грција и Бугарија. Тој посочува дека со заклучоците на Советот е одредена точна временска точка во која ќе се донесе и потврди одлуката за почеток на преговорите за членство ЕУ, а тоа е не подоцна од октомври оваа година. „Ние во меѓувреме продолжуваме со работа и реформи. Читать дальше...

Хан ги одложи напорите за одблокирање на дијалогот меѓу Приштина и Белград за јули

SlobodnaEvropa.mk 

Европскиот комесар за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, денеска изјави дека напорите за одблокирање на дијалогот меѓу Приштина и Белград ги одложил за почетокот на јули, оценувајќи дека е тешко да се мотивираат лидерите на двете страни да се вратат на преговарачка маса. „Тоа не е лесна задача и потребна е голема политичка храброст да се работи на компромис. Треба да се знаат кои се позитивните последици, а позитивните последици можат да бидат европска перспектива“, рече Хан на прес-конференција во Луксембург. Читать дальше...



Месноста Бањиче - тетовски спас од жештините, но потребна е поголема општинска грижа

SlobodnaEvropa.mk 

Во текот на летните месеци, месноста Бањиче е местото за бегство на тетовци од горештините. Сепак, потребна е поголема општинска грижа, зашто на патот редовно паѓаат земја и камења, потпорните ѕидови на одредени места попуштија, а во коритото на Пена има ѓубре.

Преживеа романската Влада по гласањето во Парламентот

SlobodnaEvropa.mk 

На денешната седница на романскиот Парламент Владата преживеа гласање за недоверба откако неколку опозициски парти побараа да и се гласа недоверба на владата на премиерката Виорика Данчила. „За“ недоверба на владата гласаа 200 пратеници, а беа потребни 233. Седуммина народни избраници гласаа „против“ и тројца беа „воздржани“. „Гласањето за недоверба не ги собра потребните гласови, за да биде прифатено“, изјави претседателот на парламентот Марчел Чолаку од владејачката Социјалистичка партија.

Судскиот совет ќе утврдува дали Панчевски местел предмети

SlobodnaEvropa.mk 

Судскиот совет започнува постапка за да утврди дали судијата Владимир Панчевски, додека бил претседател на Кривичниот суд местел судски предмети. Постапката е тајна па затоа Советот не потврдува против кого се води и чија била иницијативата, но потврдуваат дека треба да се утврдува одговорноста на еден судија. Ако се утврди дека барањето да се утврдува одговорност на судијата е основано, ќе се формира комисија на известители. Според Извештајот на независната комисија на Министерството за правда... Читать дальше...

Албанскиот претседател загрижен од можното враќање на визите

SlobodnaEvropa.mk 

Албанскиот претседател Илир Мета е загриженен од можноста да се вратат визите со земјите од Шенген зоната за Албанија, соопштуваат од неговиот кабинет. Загриженоста на Мета доаѓа по поднесувањето на холандската апликација за враќање на визите до Европската комисија и вчерашното предупредувањето на Комесарот за миграции, внатрешни работи и државјанство, Димитрис Аврамопулос за преземање мерки против Албанија, заедно со Венецуела и Колумбија. Тоа е предупредување за сите, се наведува во соопштението од кабинетот на Мета. Читать дальше...

За Северна Македонија и Албанија ЕУ ќе мисли во октомври

SlobodnaEvropa.mk 

Поради ограниченото време и важноста Советот ќе се врати на прашањето со јасна и суштинска одлука што е можно поскоро, но не подоцна од октомври 2019 година, гласи заклучок на Советот за општи работи на ЕУ кој се одржа денеска во Луксембург.



Пентагон одвојува 250 милиони долари за военa поддршка на Украина

SlobodnaEvropa.mk 

Американските безбедносни власти соопштија дека ќе обезбедат 250 милиони долари за унапредување на воените капацитети на Украина, во време кога земјата се бори со сепаратистите поддржани од Русија во источниот дел од земјата. Со последниот дел од помошта треба да се зајакнат поморските и копнените сили на Украина преку дополнителна обука и обезбедување оружје, најавија од Пентагон во денешното соопштението. Со новата помош, воената поддршка за Украина од 2014 изнесува 1,5 милијарди долари.

Сијарто - Срамно е што ЕУ не донесе одлука за преговори

SlobodnaEvropa.mk 

Срамно е што ЕУ денеска нема да донесе одлука за преговори со Северна Македонија, рече унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, во интервју за МИА дадено за време на Советот за општи работи на ЕУ во Луксембург. „За жал нема да има одлука за отворање пристапни преговори. Одлуката е да се вратиме на ова прашање на есен. Што е срамно. Требаше да донесеме одлука денеска за старт на преговори веднаш. Сѐ ни беше на располагање, нема причина, нема никаква пречка на патот. Единствената пречка е недостатокот на политичка волја“... Читать дальше...

ЕУ за датумот за Северна Македонија ќе се наврати до октомври

SlobodnaEvropa.mk 

Министерката за надворешни работи на Хрватска, Марија Пејчиновиќ Буриќ, која учествува на Советот за општи работи на Европската унија кој се одржува во Луксембург, денеска рече дека од одредени причини имало држави кои не се согласиле Северна Македонија и Албанија да почнат преговори овој јуни како што, како што вели таа, било договорено на состаноците минатата година. „Ние се договоривме дека тоа прашање ќе се разгледува повторно овој јуни. За жал не се направи голем напредок, дури и бројот на... Читать дальше...

Лајчак - ЕУ да го исполни ветеното и да отвори ново поглавје со Северна Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за надворешни работи на Словачка и актуелен претседавач на ОБСЕ, Мирослав Лајчaк, изјави дека ЕУ мора да го исполни ветеното и оваа година да отвори ново поглавје во односите со Северна Македонија. Тој во интервју за МИА рече дека Северна Македонија стигнала подалеку отколку што можело да се претпостави пред неколку години и сега е време да се наградат напорите на државата. Дискусиите за датумот за преговори продолжуваат, а неколку месеци нема да направат голема разлика за граѓаните на Северна Македонија. Читать дальше...

Предупредување за цунами по земјотресот во Јапонија

SlobodnaEvropa.mk 

Силен земјотрес го погоди северозападниот дел на Јапонија, по што е издадено предупредување за цунами. Од Јапонската метеоролошка агенција соопштија дека земјотресот бил со јачина од 6,8 степени. Засега нема извештаи за жртви и предизвикани штети. Метеоролошката агенција издаде предупредување за можно цунами долж северниот брег на јапонскиот остров Хоншу.

Погребан експретседателот на Египет, ОН бараат истрага за смртта

SlobodnaEvropa.mk 

Соборениот поранешен египетски претседател Мохамед Морси е погребан денеска во Каиро откако вчера почина за време на судењето за обвиненијата против него за шпионажа. Високиот комесар за човекови права на ОН повика на брза, непристрасна, темелна и транспарентна истрага за да се разјасни причината за смртта на Морси. 67-годишниот Морси беше дел од сега забранетото исламистичко движење Муслиманско братство. Тој беше соборен од страна на египетската војска во 2013 година по масовните протести и оттогаш тој беше во притвор.

Приведен поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот шеф на УЕФА, Мишел Платини денеска е приведен од страна на француската полиција за доделувањето на Светското фудбалско првенство на Катар во 2022 година. Француското обвинителство од 2016 води истрага за случајот за корупција, заговор и влијание. УЕФА не даде коментар за притворањето на Платини. Неговиот адвокатски тим соопшти дека Платини е невин.  Одлуката во декември 2010 година за доделување на Светското првенство во Катар изненади многу, со оглед на недостатокот на потенцијална локална публика за игрите... Читать дальше...

Меркел: Санкции за Русија додека не се признае суверенитетот на Украина

SlobodnaEvropa.mk 

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека западните санкции против Русија нема да бидат укинати, доколку суверенитетот на Украина не биде вратен. Меркел по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека тие разговарале за мировниот договор во Минск. „Се додека нема напредок на овој фронт, санкциите не можат да се укинат и санкциите поврзани со Крим можат да се укинат само ако Крим се врати во Украина“, изјави Меркел.

Руските пратеници го подржаа суспендирањето на учеството во договорот ИНФ

SlobodnaEvropa.mk 

Руските пратеници гласаа за поддршка на декретот на претседателот Владимир Путин за суспендирање на учеството на земјата во договорот за нуклеарните сили на среден дострел (ИНФ) од 1987 година. Руската Дума со големо мнозинство од 417 пратеници го поддржа декретот, а само еден беше воздржан. Во февруари САД го суспендираа своето учество во договорот откако Вашингтон и неговите сојузници ја обвинија Русија дека распоредила ракетен систем кој го нарушува договорот. Русија ги негираше обвинувањата.

Сведок во „Таргет-Тврдина“: Прислушуваа Мијалков и Грујевски

SlobodnaEvropa.mk 

Во Кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“ на СЈО со сослушување на сведокот Сашо Трајковски, вработен во УБК. Трајковски истакна дека во УБК се прислушувало незаконски и дека само еднаш видел судски налог. Според него и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски имале компјутери кои биле поврзани со еден од системите за прислушување Најс. „Постоеше група на корисници која се викаше „ВАЖНО“ каде имаше тројца корисници. Читать дальше...

Фејсбук најави нова крипто- валута „Либра“

SlobodnaEvropa.mk 

Фејсбук денеска најави воспоставување на крипто- валута наречена Либра со цел да ја прошири својата дејност надвор од социјалната мрежа. Фејсбук планира да ја лансира новата валута во првата половина на наредната година. Социјалната мрежа исто така создала подружница наречена Калибра која ќе понуди и дигитални паричници за зачувување, праќање и трошење на Либри. Калибра ќе биде поврзана и со платформите на Фејсбук за испраќање на пораки.


Музыкальные новости
Фрэнк Синатра

Мартин Скорсезе вернулся к идее 15-летней давности. Он снимет Леонардо ДиКаприо в роли Фрэнка Синатры





Персональные новости
Алексей Сёмин

Как правильно заказывать суши: советы и лайфхаки





Русија побара од САД да не распоредуваат војници на Блискиот Исток

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Риабков им порача на САД да ги отфрлат плановите за распоредување на дополнителни војници на Блискиот Исток и да престанат со активностите за провоцирање на Иран. САД претходно соопштија дека планираат да испратат околу 1000 војници во Блискиот Исток од одбранбени причини. Риабков истакна дека Вашингтон и неговите сојузници несовесно ги зголемуваат тензиите во експлозивниот регион. Според него, доколку Вашингтон не сака војна, тоа треба и да го покаже.

Кражбите на шумското богатство се во подем

SlobodnaEvropa.mk 

Илегалното сечење на шумите ги загрижува стручњаците кои велат дека крадењето дрва станува организирана појава. Тие предупредуваат дека не само што се загрозуваат белите дробови на земјата, туку дека во иднина ќе има проблеми и со ерозија на земјиштето.

Претседавачот на ОБСЕ во посета на Скопје на средби со државниот врв

SlobodnaEvropa.mk 

Претседавачот на ОБСЕ и министер за надворешни работи и европски прашања на Словачка, Мирослав Лајчак денеска и утре е во посета на Скопје. Тој ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, заменик-премиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров. Предвидено е Лајчак да се сретне и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Лајчак и Димитров, како што соопшти МНР, ќе разговараат за актуелните предизвици во регионот на ОБСЕ... Читать дальше...

Ќе се обврзе ли ЕУ со датум за преговори?

SlobodnaEvropa.mk 

Септември, октомври или без точен термин за одлучување за датумот за почеток на преговорите со ЕУ, се трите опции кои кружат како можни во европските кругови во пресрет на денешниот состанок во Луксембург.

Уапсени речиси 4000 учесници на протестите во Казахстан

SlobodnaEvropa.mk 

Казахстанскиот министер за внатрешни работи Ерлан Тургимбаерв изјави дека бројката на демонстранти уапсени за време на петдневните протести против резултатите од претседателските избори се искачила на речиси 4000 лица. Според него, протестите се нелегални, при што поголемиот дел од уапсените демонстранти се пуштени на слобода, а 667 лица се осудени на 15 дена затвор, а на 350 им е изречена парична казна. Илјадници граѓани излегоа на улиците во главниот град Нур Султан, како и Алмати и други градови... Читать дальше...

Приказната со мигрантите не е завршена

SlobodnaEvropa.mk 

Бројот на мигрантите кои минуваат низ земјава е намален. Според активистите, околу стотина бегалци, најчесто од Авганистан и Пакистан, пеш ја поминуваат македонската територија. Полицијата само минатата недела откри нелегален превоз на околу стотина мигранти.

Спорт в России и мире
Москва

На окружном полуфинале конкурса «Это у нас семейное» Калмыкию представляют четыре семьи


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Новак Джокович

Что чаще всего едят на завтрак дети Елены и Новака Джокович?


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Московские краснокнижные зайцы обзавелись потомством





Путин в России и мире
Москва

Путин 22 апреля проведет в Москве переговоры с президентом Азербайджана Алиевым


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Лукашенко сравнил Всебелорусское народное собрание с «пустотой»




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире

Навальный в России и мире
Москва

В Москве арестован на пять суток историк-публицист Сергеев за пост памяти Навального



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Виктор Тепляков

Депутат ЗСК Виктор Тепляков принял участие в заседании регионального совета проекта «Чистая страна»



Москва

Теперь любого предпенсионреа можно уволить. Минтруд расставил точки над i

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net