123ru.net
World News in Macedonian
Июнь
2019

Новости за 15.06.2019

Средба Заев-Хан: Повторена заложбата Македонија годинава да добие датум за преговори

SlobodnaEvropa.mk 

Потврда за заложбата Република Северна Македонија годинава да добие датум за почеток на преговорите со Европската унија беше изразена на денешната средба на премиерот Зоран Заев со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, која се одржа во австриската област Вахау. Премиерот Заев на средбата, која како што соопшти владината прес-служба, минала во исклучително позитивна атмосфера, истакна дека добивањето датум за преговори е особено важно за земјава, бидејќи ќе биде дополнителна мотивација да продолжи... Читать дальше...

Груевски му одговара на Заев дека не побегнал во багажник

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот премиер, Никола Груевски кој избега во Унгарија и таму доби азил, на својот Фејсбук профил реагира на изјавата на премиерот Зоран Заев за неговото бегство. Заев во интервју за германски весник Франкфуртер алгемајне цајтунг рече дека Груевски побегнал криејќи се во багажник на автомобил. Груевски пишува дека на памет не му паднало да влегува во багажник за какви било цели. „Вистината ја знае и Заев. Заминав бидејќи во Македонија се водеа политички мотивирани процеси против мене во... Читать дальше...

Во Канада од декември ќе се продаваат прехранбени производи врз база на канабис

SlobodnaEvropa.mk 

Прехранбени производи врз база на канабис ќе почнат да се продаваат во декември во Канада, соопшти владата, додавајќи дека нема да има канабис во производите кои им се омилени на децата, како што се бонбони и лижалки. Новите прописи, кои стапуваат на сила една година по легализацијата на канабисот во рекреативни цели од октомври 2018 година, ќе се однесуваат и на екстрактот од канабис и на дерматолошките производи. Ќе бидат воведени и строги правила за тие производи да им бидат што помалку привлечни на младите луѓе... Читать дальше...



Рама му замерува на Пендаровски за изјавата за одвојувањето на патот кон ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Албанскиот премиер Еди Рама попладнево преку Фејсбук реагираше на изјавата на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски во која тој вели дека раздвојувањето на Северна Македонија од пакетот со Албанија, не е добро, но е единствен можен начин за добивање зелено светло за почеток на преговорите со ЕУ. Рама овој став на претседателот Пендаровски го смета за зачудувачки, при тоа потсетувајќи на „клучниот придонес на Албанија и Албанците во демократските процеси кај соседната земја“. Читать дальше...

Извештај на ОН - Македонија со најголем раст на инвестиции во Западен Балкан

SlobodnaEvropa.mk 

Северна Македонија забележа најголем раст на инвестициите на Западниот Балкан, нотира „Извештајот за инвестициите во светот за 2019 година“ на Конференцијата на ОН за трговија и развој (UNCTAD’s World Investment Report 2019). Во извештајот се вели дека приливот на странски директни инвестиции во земјава е зголемен за 260 проценти, односно од 205 милиони долари во 2017 година, инвестициите годинава се зголемени за три пати и изнесуваат рекордни 737 милиони долари. Директорот на дирекцијата за технолошко индустриските зони ТИРЗ... Читать дальше...

Протестите во Хонгконг продолжуваат и покрај владиното повлекување од контроверзниот закон

SlobodnaEvropa.mk 

Продемократската коалиција, која е неофицијален организатор на големите протести во Хонгконг соопшти дека утре ќе продолжи со протестите, и покрај тоа што владата ја суспендираше процедурата за донесување на законот со кој се дозволува екстрадиција во Кина. Граѓанскиот фронт за човекови права денеска соопшти дека протестот ќе се одржи утре за да се осуди употребата на прекумерна сила против демонстрантите од страна на полицијата, која на 12 јуни употреби солзавец и гумени куршуми против демонстрантите, при што беа повредени 81 луѓе. Читать дальше...

Пожар на вториот крак на Халкидики

SlobodnaEvropa.mk 

Голем пожар го зафати вториот крак на Халкидики – Ситонија, објавија грчките медиуми. Тие пренесуваат дека гори шума и сува трева во реонот на Каламици,а пожарот брзо се шири. Пожарот го гаснат 14 противпожарни екипи и 24 пожарникари. Подготвен е и специјален авион за гаснење. Корисниците на социјалните мрежи пишуваат дека видливоста на патот од Солун кон Неа Мудања е многу слаба, а автомобилите се паркираат странично бидејќи не можат да го продолжат патувањето.

Рохани – Прекинуваме со дел од обврските од нуклеарниот договор

SlobodnaEvropa.mk 

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека неговата земја донела одлука да го прекине спроведувањето на некои обврски од нуклеарниот договор од 2015 година со светските сили. Тој ова го кажа денеска во Душанбе, на Самитот на Конференцијата за соработка и мерки за градење доверба во Азија. Тој рече дека одлуката е донесена поради повлекувањето на САД од договорот и воведувањето „нелегални и неосновани санкции поддржани и од други странки“. На Самитот присуствуваат рускиот претседател Владимир Путин... Читать дальше...



УХМР - Следните денови ќе има пороен дожд, грмежи и ветер

SlobodnaEvropa.mk 

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека во следните денови во попладневните часови ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.  Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. Максималните температури до средината на наредната седмица ќе бидат во благо опаѓање. Минималните температури во понеделник и вторник ќе се движат од 12 до 19 степени, а максималните од 26 до 34 степени. Времето утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Читать дальше...

Тимоние: Претстојните месеци да се искористат за спроведување на реформите

SlobodnaEvropa.mk 

Месеците кои претстојат треба да се искористат на најдобар начин за да може реформската агенда целосно да се спроведе, особено тука мислам на законот за Специјалното јавно обвинителство, рече францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, одговарајќи на новинарско прашање. Тој рече дека претстои вистинска, суштинска работа за да се подготви земјата да ги води преговорите. Тимоние посочи дека одредени реформи се веќе спроведени, но остануваат и други што треба да се спроведат. „На почетокот на летово ќе има важни средби што ќе се одржат... Читать дальше...

„Фич“ го зголеми кредитниот рејтинг на земјава од ББ на ББ+

SlobodnaEvropa.mk 

Кредитната агенција „Фич“ го зголеми кредитниот рејтинг на земјава од ББ на ББ+ што е прво зголемување по 13 години. Тоа, според министерот за финансии Драган Тевдовски, е најдобра потврда за исправноста на политиките што ги презема Владата и оти економијата се движи во вистинска насока. „Кредитниот рејтинг на една земја е еден од најважните индикатори за потенцијалните инвеститори кога ги носат своите одлуки за инвестирање“, рече Тевдовски. Тој рече дека последен пат во земјава кредитниот рејтинг е зголемен во 2006 година. Читать дальше...

Седум земји од јужна Европа повторно ја предупредија Турција против експлоатацијата на гас кај Кипар

SlobodnaEvropa.mk 

Седум земји од јужна Европа, на Самитот во Малта, повторно ја предупредија Турција да престане со „нелегалните активности“, алудирајќи на намерите на Анкара за експлоатација на гас во водите на таканаречената Кипарска економска ексклузивна зона. „Длабоко жалиме што Турција не одговори на повторените повици на ЕУ, која ги осудува незаконските активности на Турција во таа зона“, се наведува во заедничката декларација на крајот од Самитот одржан синоќа во главниот град на Малта, Валета. Лидерите додадоа дека... Читать дальше...

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се препукуваат за пописот

SlobodnaEvropa.mk 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска реагира дека власта, без консултации со опозицијата, насилно турка попис на матични броеви, спротивно на препораките на Еуростат, кој, според нив, нема да ја прикаже реалната бројка на население кое живее во нашата држава. Според нив, премиерот Зоран Заев продолжува „со целосно редефинирање на Македонија. „Откако ја избриша македонската историја, се откажа од македонското име и јазик, сега исплаќа нови концесии кон своите доверители“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Читать дальше...

Од почетокот на епидемијата вакцинирани скоро 30 илјади деца против морбили

SlobodnaEvropa.mk 

Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во Македонија изнесува 29.857. Од нив, 15.250 деца се вакцинирани на територија на градот Скопје, додека пак, во останатиот дел од државата вакцинирани се 14.607 деца, информира денеска Министерството за здравство. „Родители ја препознаа важноста за навремено вакцинирање на децата. Не постои друга поефективна медицинска технологија што го заштитила и го унапредила човековото здравје како вакцинацијата. Читать дальше...

Прва миса во париската катедрала Нотр Дам два месеци по пожарот

SlobodnaEvropa.mk 

Парискиот надбискуп Мишел Опети денеска ќе ја предводи првата миса во катедралата Нотр Дам, два месеци по големиот пожар кој делумно го уништи импозантното средновековно здание. „Од очигледни безбедносни причини ниеден верник нема да може да присуствува на мисата која ќе биде пренесувана во живо на католичката телевизија КТО, за верниците да може да учествуваат“, соопшти париската бискупија. На мисата, која ќе почне во 18 часот, ќе присуствуваат околу 30 луѓе, претежно свештеници, а ќе биде одржана во делот од катедралата кој е најбезбеден.

Помпео му се заблагодарил на ирачкиот премиер за борбата против милициите поддржани од Иран

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот Стејт департмент соопшти дека државниот секретар на САД Мајк Помпео телефонски разговарал со ирачкиот премиер Адил Абдул-Махди, при што ја нагласил заедничката желба за силен, слободен и суверен Ирак. Портпаролката на Стејт департментот, Морган Ортагус, изјави дека Помпео му се заблагодарил на премиерот на Ирак за нивните континуирани напори против заканите за ирачкиот суверенитет од милициите поддржани од Иран. Помпео ја потврдил поддршката на САД за слободна пловидба во регионот по... Читать дальше...

Времето многу топло со висок УВ индекс

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. УВ индексот ќе биде 9, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Дневната температура ќе се движи од 28 до 36 степени. Во Скопје и околината дневната температура ќе достигне 36 степени.

Спорт в России и мире
Москва

Праздник космических масштабов: ММА для каждого


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
ATP

Циципас вышел на 12-е место в ATP по призовым за карьеру. Он заработал $30 млн


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

«ЗЭТО»: Трансформатор тока серии ТОГФ — 110 кВ с азотной изоляцией





Путин в России и мире
Москва

Эксперт: Путин запустит массовую чистку элиты только в одном случае


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Лукашенко подписал указ по реализации до 2028 года нового с РФ проекта в сфере космоса




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Зеленского выпороли ультиматумом: США жестко ответили на наглость и поучения Киева


Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Тимати

Мама Тимати поделилась милым видео с внучкой Алисой: одна деталь встревожила фанатов



Москва

На Ставрополье осудили группу игиловцев* за подготовку теракта в ТЦ

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net