123ru.net
World News in Macedonian
Июнь
2019

Новости за 02.06.2019

Вардар е европски првак

SlobodnaEvropa.mk 

Ракометарите на Вардар остварија голема победа над Веспрем и ја освоија втората европска титула во својата клупска историја. Со резултат од 27:24 црвено-црните ја победија екипата на унгарски Веспрем и на крајот стигнаа до слатката победа против уште еден фаворизиран противник. Екипата на Вардар имаше водство и во првото полувреме остварувајќи предност од пет гола (16:11). Рожерио со 6 и Чупиќ со 5 голови беа најефикасни во редовите на Вардар, додека на спротивната страна Мае реализираше 6 погодоци.

Бомба на минибус кој превезувал студенти во Кабул

SlobodnaEvropa.mk 

Три последователни експлозии се случиле во иста област на главниот град на Авганистан, Кабул, пришто најмалку едно лице загинало, а 17 биле повредени. Првата експлозија се случила откако експлодирала бомбата која била прицврстена на долниот дел од минибусот кој ги превезувал студентите и службениците на Универзитетот во Кабул за образование, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Насрат Рахими. Рахими изјави дека меѓу повредените биле авганистански новинари и пет членови на безбедносните сили. Читать дальше...

Крузер удри во туристички брод во Венеција, имал механички проблеми

SlobodnaEvropa.mk 

Меѓународната бродска компанија „МСЦ“ јави дека нивниот брод „Опера“ кој денеска удри во мал туристички брод, се здобил со механички проблеми кога се обидел да се засидри на патничкиот терминал во Венеција. Италијанските медиуми пренесоа дека најмалку пет лица се повредени во сударот. Две лица биле префрлени во болница, а на „Твитер“ пожарникарната служба јави дека ситуацијата сега е под контрола. Компанијата соопшти дека во моментов соработува со властите за да утврди што се случило. Видео снимките... Читать дальше...



Пет мртви при уривање на тунел во Кина

SlobodnaEvropa.mk 

Кинеските власти соопштија дека петорица работници починале за време на рушење на тунел на подземна железница која била во изградба во градот Чингдао на североистокот во Кина, јави „АП“. Се наведува дека вчера било пронајдено телото на последниот работник кој бил на листата на исчезнати, пет дена откако тунелот се срушил и ги затрупал работниците.

Помпео: Подготвени сме за разговори ако Иран се однесува нормално

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео за време на посетата во Швајцарија изјави дека САД се подготвени да се состанат со Иран без никакви предуслови, но додаде дека на Вашингтон му е потребно да види оти Иран се однесува како нормална нација, пренесе „Ројтерс“. Претходно, иранскиот претседател Хасан Рохани најави дека Иран може да биде подготвен за разговори за нуклеарната спогодба, доколку САД покажат почит и не вршат притисок врз нив.

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ наместо да работи, денеска прославува неуспеси

SlobodnaEvropa.mk 

„СДСМ денеска наместо да работи, прославува неуспеси, расипништвото и пропуштените шанси во изминативе две години. СДСМ наместо да ги тргнат розевите очила и да се соочат со реалноста, продолжуваат да ги лажат граѓаните“. Ова е наведено во денешната реакција на опозицијата по повод двегодишнина од владеењето на Владата предводена од премиерот Зоран Заев. ВМРО-ДПМНЕ реагира на лошите резултати во правосудството, здравството, образованието,а критики упати до економските политики на актуелната Влада. Читать дальше...

Вулин: Пендаровски нека молчи за Србија, како што молчи за „голема Албанија“

SlobodnaEvropa.mk 

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин му порача на македонскиот претседател Стево Пендаровски дека не треба да се занимава со тоа како Србија ќе го реши проблемот со Косово, односно да молчи за Србија онака како што молчи за „голема Албанија“. Коментарот на Вулин доаѓа по изјавата на Пендаровски дека идејата за корекција на границите помеѓу Белград и Приштина е незамислива и грозна, пренесе „РТС“. „Ако идејата за разграничување е „грозна и недостојна за 21 век“, тогаш Пендаровски би можел... Читать дальше...

Заев: Граѓаните чекаат Европа да ја исполни својата задача

SlobodnaEvropa.mk 

На двегодишнината од формирањето на Владата, премиерот Зоран Заев посочи на резултатите што се постигнати во изминатиот период посочувајќи дека суштинските промени се забележани и во Извештајот на ЕК за напредокот на Северна Македонија. Заев нагласи дека сега граѓаните и Владата сега чекаат јасен потег од Европската унија и датум за почеток на преговори. „Време е Европа да ја исполни својата задача пред своите европјани. Македонците, Албанците, Турците, Србите, Власите, Ромите, Бошњаците и сите... Читать дальше...



Ирак осуди на смрт двајца Французи, членови на Исламска Држава

SlobodnaEvropa.mk 

Судот во Ирак осуди на смрт двајца француски државјани откако ги прогласи за виновни за учество во милитантната организација "Исламска држава", пренесува Ројтерс. Според новите казни, бројот на француски државјани осудени на смрт во последните две недели се искачи на девет. Оние кои се осудени се наоѓаат во група од 12 француски државјани, кои беа заробени од сириските демократски сили во соседна Сирија и потоа предадени на Ирак . Франција соопшти дека ќе стори сé што е во нејзина моќ да ја спаси... Читать дальше...

Земјотресот во Корча оштети 184 објекти

SlobodnaEvropa.mk 

Министертвото за одбрана на Албанија претпладнево го соопшти билансот на последиците од серијата земјотреси што го погодија округот на Корча, јави дописничката на МИА од Тирана. „Евидентирани се 184 оштетени куќи, од нив 60 отсто ненаселени. Со полесни повреди се здобиле четири лица, кои по дадената здравствена услуга се пуштени дома. Поради големи оштетувања на нивните домови 230 лица, од нив 160 во Флоќ, 40 во Видово и 30 во Ќафзе, се сместени во колективни шатори подигнати од Штабот за цивилна заштита и армијата. Читать дальше...

Нашелс поднесе оставка по дебаклот на европските избори

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателката на германската социјалдемократска партија Андреа Нашелс, која е воедно и помлад член на владејачката коалиција на канцеларката Ангела Меркел, денеска ја објави својата оставка како резултат на дебаклот на партиите на изборите за Европскиот парламент. Постапката на Нашелс следува откако во јавноста се покренаа прашања за нејзината способност да ја предводи партијата. "Потребната поддршка за мене да ги извршувам моите должности не постои повеќе", изјави таа денеска. Нашелс рече... Читать дальше...

Најмалку десет мртви во две експлозии во Сирија

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 10 лица загинаа во експлозии во сирискиот град Рака, кога бомбаш самоубиец налета на возило на контролен пункт на силите поддржани од САД, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права. Според Опсерваторијата чие седиште е во Лондон, во нападот на плоштадот „Наим“ се убиени петмина борци и петмина цивили. Втората експлозија од бомба одекна покрај пат во центарот на градот, додава Опсерваторијата.

Обилни поплави во Босна и Херцеговина

SlobodnaEvropa.mk 

Силното невреме со дожд што ги зафати централните на делови на Босна и Херцеговина предизвика поплави во овој дел на земјата.Од невремето поплавени се куќи, урнати мостови и уништени патишта.Како што јавуваат локалните медиуми, голем број локални и регионални патишта биле блокирани поради излевање на водата, но и поради лизгање на земјиштето. Најлоша е состојбата на подрачјето на општината Маглајм, каде што се излеа реката Фојница и поплави неколку куќи. На подрачјето на Зеница поплавени се неколку населби... Читать дальше...

Столтенберг со Северноатлантскиот Совет во посета на Скопје

SlobodnaEvropa.mk 

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и Северноатлантскиот Совет денеска и утре се во официјална посета на нашата земја. Тие ќе имаат средби со државниот врв во врска со процесот на реформите и пристапување на земјата во Алијансата.

Втор круг локални избори во Грција

SlobodnaEvropa.mk 

Од 7 часот утрово започна гласањето во вториот круг од локалните избори во Грција во седум периферии и 229 општини, за избор на градоначалници и префекти онаму каде што минатата недела ниту еден од кандидатите не освои 50 отсто плус еден глас, јави дописничката на МИА од Атина. Повторно се гласа во 71 отсто од изборните единици, меѓу кои и во двата најголеми грчки градови, Атина и Солун. Во грчката престолнина, во првиот круг Костас Бакојанис од Нова демократија освои 42.65 проценти од гласовите... Читать дальше...

Николоски - Ништо од помирување, ако со тоа бараат амнестија за Заев

SlobodnaEvropa.mk 

Помирувањето го замислуваат на начин што сакаат да испреговараат со ВМРО-ДПМНЕ амнестија за Зоран Заев, неговото семејство и останатите во однос на гонење по криминалите што ги имаат правено во изминатиот период. Ако така го замислуваат помирувањето, помирување нема да има, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Времето денеска променливо облачно со дожд

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денeска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималните температури ќе се движат од 8 до 15, а максималните од 19 до 26 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 13 до 23 степени. Под влијание на циклонска активност од Медитеранот во следните денови ќе се задржи променливо и нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Од петок се очекува стабилно и значително потопло време.

Николоски - Преспанскиот договор не фати корени

SlobodnaEvropa.mk 

Преспанскиот договор е неодржлив. Овој договор корен не фаќа и не е прифатен кај народот и нема ни да биде прифатен, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Спорт в России и мире
Москва

"Спартак" сыграет с "Динамо" в 1/2 финала Пути Регионов Кубка России


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
ATP

Сафиуллин не смог выйти во второй круг турнира ATP в Барселоне


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Поможем природе вместе — творческий конкурс экоподелок «Турбозавров» и детского познавательного телеканала О!





Путин в России и мире
Москва

Рязанские дизайнеры представили свой бренд одежды на модном показе Estet Fashion Week


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

У помощника Лукашенко по общим вопросам нашли три квартиры в Минске




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Захарова: Западу неинтересны планы Киева по атаке на Крымский мост


Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Певец

Певец Сергей Трофимов осудил Лепса за конфликт с фанаткой на концерте в Костроме



Москва

«Диктант Победы» напишут в Лобне 26 апреля

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net