Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Июнь
2019

Новости за 01.06.2019

Вардар во финале

SlobodnaEvropa.mk 

Втор пат во три години Вардар ќе игра во финалето на Ф4 во Келн во Лигата на шампионите, откако со 27:29 (16:9) ја победи големата Барселона, големиот фаворит, во второто полуфинале во јубилејното издание на елитната завршница. Првото полувреме заврши со негатива за Вардар од дури седум гола разлика, но во второто полувреме ситуацијата се подобри во корист на црвено-црните. Каталонскиот тим во последните 15 минути даде само два гола. Тимот на Парондо делуваше фокусирано во нападот и на крајот слави победа од 29:27.

Финалето од Лигата на шампионите ќе започне со минута молк

SlobodnaEvropa.mk 

Европската фудбалска унија соопшти дека финалето од Лигата на шампионите вечерва ќе започне со минута молк, во чест на трагично починатиот шпански фудбалер Хосе Антонио Рејес. Поранешниот фудбалер на Севиља, Арсенал, Реал, Атлетико, Бенфика, Еспањол и уште неколку клубови, утрово починал во сообраќајна несреќа на 35 годишна возраст.

Експлозии во фабрика за ТНТ во Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Три големи експлозии погодија фабрика за ТНТ во градот Дзержинск во Русија, пришто повредени се најмалку 19 лица. Локалните власти предупредуваат дека уште експлозии можат да се случат, а според очевидците некои прозорци во блиските згради биле разнесени од експлозиите.



Утре во Грција втор круг локални избори

SlobodnaEvropa.mk 

Во седум периферии и 227 општини, Грците утре ќе гласаат во вториот круг од локалните избори за да одберат градоначалници и префекти онаму каде што минатата недела ниту еден од кандидатите не освои 50 проценти плус еден глас, јави дописничката на МИА од Атина. Повторно ќе се гласа и во двата најголеми грчки градови, Атина и Солун. Во грчката престолнина, во првиот круг Костас Бакојанис од Нова демократија освои 42.65 отсто од гласовите, а неговиот против кандидат од СИРИЗА, Насос Илиопулос, 16.98... Читать дальше...

Трамп ќе ја објави кандидатурата за втор мандат на 18-ти јуни

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека на 18-ти јуни официјално ќе ја објави кандидатурата за втор мандат во Белата куќа. „Ќе објавам дека влегувам во претседателската трка за втор мандат, во присуство на првата дама Меланија, потпретседателот Мајк Пенс и втората дама Карен Пенс, на 18-ти јуни во Орландо, на Флорида, во „Амвеј центарот” кој има 20.000 места“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Твитер“ и ги повика поддржувачите да дојдат на, како што рече, историскиот митинг. Тој достави... Читать дальше...

Општина Чаир за градежната несреќа: Немало дозвола за вклучување во подземна инфраструктура

SlobodnaEvropa.mk 

Општина Чаир изрази сочувство до семејството на настраданите во денешната несреќа, во која загинаа двајца работници а еден е повреден. Информираат дека на местото на настанот веднаш излегле инспектори од oпштина Чаир за да ја потврдат фактичката состојба и за да констатираат дали се испочитувани сите предвидени законски норми за овој вид на работи од страна на изведувачот. „Според изготвениот записник од страна на инспекторите на терен, започнатите работи за вклучување во подземната инфраструктура... Читать дальше...

САД порачаа дека нема да го игнорираат однесувањето на Кина

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот секретар за одбрана, Патрик Шанахан изјави дека Соединетите Држави нема повеќе да го игнорираат однесувањето на Кина во Азија, бидејќи стабилноста на регионот бил загрозена, во однос на прашањата за Јужно кинеското море и Тајван. „Ние нема да го игнорираме однесувањето на Кина, Јас мислам дека луѓето во минатото премолчено го заобиколуваа ова прашање“ изјави Шанахан на конференција за безбедност во Сингапур. Тој рече дека е во интерес на Пекинг да има конструктивен однос со Вашингтон. Читать дальше...

Турско МНР: Набавката на системот С-400 оди според планот

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за надворешни работи на Турција ги демантира извештаите во кои се тврди дека Анкара разгледува одложување на набавката на рускиот противвоздушен ракетен систем С-400, пренесува агенцијата Анадолија. „Извештајот на одредени медиуми во последните денови, во кои се вели дека Турција разгледува одложување на набавката на С-400 на барање на Соединетите американски држави е неоснован. Нашиот процес за набавка на С-400 оди според планот“, рече Хами Аксој, портпарол на министерството за надворешни работи на Турција.



ЕУ ги осуди израелските планови за изградба во источен Ерусалим

SlobodnaEvropa.mk 

Европската унија денеска ги осуди плановите на Израел да изгради 805 станбени згради за домување во еврејските населби во источен Ерусалим, откако Министерството за градежништво пред неколку дена ги објави тендерите. Како што се наведува во соопштението, „ЕУ остро се противи на израелската политика за населување, вклучително и во источниот Ерусалим, што се смета за нелегално според меѓународното право и претставува пречка за мирот“. Портпаролкатана ЕУ Маја Кочијанчиќ, додаде дека "политиката... Читать дальше...

Две лица загинале, еден е повреден при одрон на земјиште во Чаир

SlobodnaEvropa.mk 

Двајца работници загинале, а еден е тешко повреден при излизгување на земјиште при отварање на канал во близина на основното училиште “Пенко”  во скопската општина Чаир. Несреќата се случи денеска околу 11:00 часот. Двајцата загинати биле браќа кои работеле во компанијата која е во сопственост на нивниот татко. Неофицијално, повреденото лице е нивниот зет. Според очевидци, за време на несреќата, таткото на двајцата работници бил присутeн и се обидел со багер да ги ослободи од натрупаното земјиште, но безуспешно. Читать дальше...

Трамп го поддржува Џонсон за премиер на Британија

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп, во пресрет на официјалната посета на Велика Британија во понеделник, порача дека поранешниот британски министер за надворешни работи Борис Џонсон e „извонреден“ избор за нов лидер на Конзервативната партија, осносно нов премиер, по оставката на Тереза Меј. „Мислам дека Борис ќе направи многу добра работа“, рече Трамп во интервју за лондонскиот весник „Сан. Трамп додава дека и другите кандидати барале негова поддршка и дека тој ќе помогне на кој било. Би-Би-Си... Читать дальше...

Османи: Нема вознемиреност во ДУИ за „бомбите“

SlobodnaEvropa.mk 

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој воедно е и портпарол на ДУИ, денеска изјави дека прашањето за објавените прислушувани телефонски разговори во кои наводно се слушаат гласови на високи членови на партијата, треба да го разгледуваат институциите кои треба да ја гарантираат приватната комуникација. Османи рече дека ДУИ нема да коментира приватни разговори. „Во ДУИ ова прашање воопшто не е разгледано, ниту во никаква форма анализирано, бидејќи сметаме дека не е прашање што треба партијата да го разгледа, ниту не засега. Читать дальше...

Се разбуди вулканот Етна

SlobodnaEvropa.mk 

Вулканот Етна во Италија се разбудил и почнал да исфрла вжештена лава која тече во должина од неколку стотина метри. Информацијата, како што пренесуваат агенциите, ја потврдииле вулканолозите во Италија. Две пукнатини се отвориле на дел од кратерот околу три часот по локално време. Директорот на националниот институт за геофизика и вулканизација, Еуренио Привитера изјави дека станува збор за нова фаза на експлозија на вулкан. „Ова наскоро би можело да биде готово, но би можело да потрае и неколку месеци. Читать дальше...

Анагностопулу: Амбасадите во Скопје и Атина се чекор за продлабочување на соработката

SlobodnaEvropa.mk 

Надградбата на нивото на дипломатските односи меѓу Грција и Северна Македонија претставува запечатување на нашите напори за иднина на напредок и солидарност на Балканот, вели алтернативната министерка за надворешни работи на Грција, Сиа Анагностопулу за грчката новинска агенција АНА-МПА, по разменетите ноти меѓу двете Министерства за подигнувањето на нивото на дипломатските претставништва во двете земји, јави дописничката на МИА од Атина. „Станува збор за суштински чекор што ќе придонесе за продлабочување... Читать дальше...

Серија земјотреси со епицентар во Корча, почувствувани во Охрид, Струга и Ресен

SlobodnaEvropa.mk 

Утринава е регистрирана серија земјотреси чии епицентри се наоѓаат на 180 километри југозападно од Скопје во соседна Албанија и потекнуваат од епицентралното подрачје Корча. Најсилниот земјотрес беше во 6 часот и 33 минути со Рихтерова магнитуда 5.0, а беше почувствуван и во југозападниот дел и тоа во Охрид, кој се наоѓа на 70 километри од епицентарот, во Струга и Ресен и околината, земјотресот беше почувствуван со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала. Во западниот... Читать дальше...

Груевски најави оставка од пратеничката функција

SlobodnaEvropa.mk 

Никола Груевски најави дека ќе се повлече од пратеничката функција и дека за таа своја одлука ќе го извести парламентот во следните денови. Преку статус на својот фејсбук профил тој им се заблагодари напратениците на ВМРО-ДПМНЕна како што пишува, тоа што издржале на принципиелните позиции кои се во склад со Уставот и меѓународното право и не потклекнале на притисоците. „Посебно благодарност до илјадниците граѓани кои на различни начини, преку лични контакти или преку социјалните мрежи во изминатите... Читать дальше...

Дваесет и девет повредени во пожар во центарот за мигранти во Велика Кладуша

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 29 лица се повредени во пожар што утрово во 6 часот и 30 минути избувна во привремениот прифатен центар за неколку стотици мигранти во Велика Кладуша, северозападна Босна и Херцеговина. Како што пренесуваат локалните медиуми, на местото има голем број пожарникари, а некои од повредените се пренесени во болницата во Велика Кладуша, додека некои се упатени во Кантоналната болница во Бихаќ. Според првичните информации, причината за пожарот, кој се локализира, е човечка невнимателност.

Ќе има ли уште „кнедли“ во преговорите со Грција?

SlobodnaEvropa.mk 

По поразот на европските избори, грчкиот премиер Алексис Ципрас најави предвремени парламентарни избори, на кои според анкетите води опозициската Нова демократија на Кирјакос Мицотакис, кој се противи на Преспанскиот договор. Дали тоа може да се одрази на македонските евроинтеграции и ќе треба да ли земјава да голтне дополнителни кнедли во име на интеграциите во ЕУ?

Најмалку 12 лица убиени од незадоволен работник во Вирџинија Бич

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 12 лица се убиени, а четворица ранети откако незадоволен работник во градската комунална служба пукал во зградата на општината во Вирџинија Бич. Полицијата го убила напаѓачот, јавија светските агенции. Полицијата соопшти дека напаѓачот бил наоружан со пиштол со пригушувач и дека неколку пати ја надополнувал муницијата за време на пукањето. Првата жртва е погодена во возило пред зградата, по што напаѓачот влегол во зградата и пукал кон сите. Во текот на интервенцијата еден полицаец е ранет, но панцирот му го спасил животот.

Времето претпладне сончево, попладне дожд

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Утринскта температура ќе се ддвижи од пет до 15 степени, а дневната температура од 16 до 29 степени. Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Утринската температура до 12, а дневната до 26 степени.

Спорт в России и мире
Москва

Команда подмосковного главка Росгвардии заняла призовое место на чемпионате Центрального округа по стрельбе из боевого ручного стрелкового оружия


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

Мирра Андреева замыкает год // 16-летняя российская теннисистка успешно стартовала на крупном турнире WTA в Мадриде


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

АО «Транснефть – Прикамье» провело свыше 3 тыс. экологических исследований в I квартале 2024 года





Путин в России и мире
Москва

Эксперт: корректировка порогов крупного и особо крупного ущерба по экономическим статьям оправдана и своевременна


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Минск не исключает попыток оппозиции оторвать часть территории Белоруссии в пользу НАТО




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире

Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Александр Розенбаум

Александр Розенбаум рассказал о дополнительном источнике дохода: "Не бомжовые заведения"



Москва

Путин скоро шокирует всю элиту, вытащив мощный козырь — Хазин

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net