Турско МНР: Набавката на системот С-400 оди според планот
Министерството за надворешни работи на Турција ги демантира извештаите во кои се тврди дека Анкара разгледува одложување на набавката на рускиот противвоздушен ракетен систем С-400, пренесува агенцијата Анадолија.
„Извештајот на одредени медиуми во последните денови, во кои се вели дека Турција разгледува одложување на набавката на С-400 на барање на Соединетите американски држави е неоснован. Нашиот процес за набавка на С-400 оди според планот“, рече Хами Аксој, портпарол на министерството за надворешни работи на Турција.