Итен состанок на Советот за безбедност на ОН за инцидентите во Оманскиот залив
Советот за безбедност на Обединетите нации на барање на Соединетите Американски Држави, според дипломатски извори, денеска ќе одржи итен состанок зад затворени врати поради најновите напади на два танкера во Оманскиот залив. Двата танкера беа цел на напади за кои не е утврдено од каде доаѓаат. Во заливот веќе постојат тензии поради кризата меѓу САД и Иран. Пред четири месеци беа нападнати четири брода во близина на брегот на Обединетите Арапски Емирати. Иранската агенција ИРНА претходно јави дека во Оманскиот залив се евакуирани 44 морнари по пожарите на два танкера кои пловеле под знамињата на Панама и Маршалските острови, а дека едем морнар загинал.